-6.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026
Дома Blog Страница 39

Набилдани двоцифрени квоти за по две варијанти од пет меча

Десетката денешни Бет билдери носи предлози со квоти од 13.0 до 30.0, а во понудата се по две билдерски опции за пет натпревари од топ лигите во Европа.

Има игри по вкус на тие што веруваат во Наполи, Манчестер јунајтед и Ливерпул, но и опции во кои се бараат по четири услови без да има потреба да се погоди победник, туку се вклучени голови и други статистички елементи како број на картони, корнери и шутеви кон гол.


Ова не се испушта, супер квотите по вкус на играчите, речиси сите се сигурици

Супер типот на Sport Life за денеска е мошне привлечен, бидејќи и зголемени, квотите за победи на речиси сите фаворити се под 2.00, а претежно се фаворизираат домаќините.

Исклучоци се квотата од 2.01 за победа на Брест против Оксер и двојката на Порто против Санта Клара која треба да биде „зицер“ и гарантирано добитен џокер со кој би си ја подобрите потенцијалната добивка.

Има одлични квоти и на Манчестер сити, Реал Мадрид, Севилја, Фиорентина, Њукасл, ако овие тимови се ваши денешни фаворити, може да искористите некоја од петте опции за фудбалските мечеви.

Тикет со седум парови по вкус на прогнозерите носи супер вкупна квота

И во 14-тото коло на Спортска прогноза нема да има ниту една 13-ка, но има 12 петки после шесте вчерашни натпревари и тие остануваат во игра за 12-ка што би им донело ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари ако ги погодат сите седум денешни мечеви кои останаа.

Нема ниеден перфектен прогнозер затоа што беа изненадени од победите на Лион над Монако и Атланта против Рома, но има и такви што се „сопнаа“ на победата на Вулверхемптон над Вест Хем.

За денеска останува да се одиграат уште седум дуели, а возбудувањата ќе започнат од 12.30 часот кога ќе играат Лацио и Наполи. За овој меч, 63,07 отсто од играчите чекаат да победи гостинскиот тим.

Според тоа како типувале 55 или повеќе проценти од прогнозерите за секој денешен меч од основната понуда, замислениот денешен тикет по вкусот на мнозинството прогнозери изгледа вака:

3623 Лацио – Наполи 2

1005 Лидс – Манчестер ј. 2

1006 Евертон – Брентфорд 1

1706 Ле Авр – Анже 1

3627 Верона – Торино Х

1112 Манчестер с. – Челзи 1

1308 Мајорка – Жирона 1

Квотите на денот со атрактивни мечеви од топ лигите

Вкупен коефициент од 39.77 се нуди во денешните пет квоти на денот во Sport Life.

Наполи да води на полувреме или да победи на крај против Лацио, е игра за која во Sport Life квотата е точно 2.00.

Квота од 2.20 за играта да има 2-4 гола во второто полувреме, можеби ќе се привлече ако се мислите што да одиграте на Лидс – Манчестер јунајтед.

Доколку верувате дека второто полувреме ќе биде поефикасно од првото на Манчестер сити – Челзи, поточно да има 0-2 гола во прво и 2+ во второ, искористете ја квотата од 2.10.

За варијантата Интер да постигне гол во прво полувреме и два или повеќе на целиот меч со Болоња, се нуди квота од 2.05.

И кај последниот пар од квотите на денот, квотата е над 2.00. За да биде добитна таа квота од 2.10, потребно на Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид во второто полувреме да паднат повеќе голови отколку во првото.

Столе Димитриевски дочека, ќе брани на следните мечеви на Валенсија

Во финишот на дуелот помеѓу Селта и Валенсија кој тимот од Виго го доби со 4-1, се повреди голманот на Лилјаците, Хулен Агирезабала, а бидејќи веќе беа направени пет измени, Столе Димитриевски не влезе, туку на голот застана Пепелу.

Додека Пепелу стоеше меѓу стативите, капитенот на Селта, Јаго Аспас, имаше ферплеј потег и бараше од своите соиграчи да не напаѓаат, а судијата досуди крај на средбата на која победникот веќе беше одлучен.

Тренерот Карлос Корберан рече дека Агирезабала има повреда на тетивата и делува сериозна, а прегледите деновиве ќе покажат точно колку е тешка и колку време првиот голман на Валенсија нема да може да брани. Додека тој е во аут, ќе брани Столр Димитриевски кој конечно дочека шанса да брани на мечеви од Ла Лига.

Сега за Валенсија претстојат средби со Елче, Хетафе, Еспањол, Бетис, Реал Мадрид… Дуелот со Реал на „Месталја“ е на 8-ми февруари, па ако Агирезабала паузира подолго од еден месец, македонскиот чувар на мрежата ќе настапи и против најтрофејниот клуб.

Флик: Благодарност до Гарсија, задоволен сум од резултатот, но не го заслуживме

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по победата на гости над Еспањол од 2-0 со два гола во финишот, рече дека неговиот тим не го заслужил овој исход. 

„Задоволен сум со трите бода. Апсолутно. Има работи што треба да се променат, но јас сум задоволен од овие три бода. Еспањол одигра фантастичен натпревар. Беше дерби со одлична атмосфера. Не го заслуживме резултатот денес, но квалитетот што го покажавме по замените беше важен. Среќен сум за Жоан Гарсија, тој е еден од најдобрите голмани во светот. Морам да му се заблагодарам, а и на резервите“, изјави Флик.

Џејлен Браун им се придружи на Тејтум и Лери Бирд во историјата на Бостон

Џејлен Браун од Бостон селтикс е ѕвездата на вечерта во НБА лигата, откако со 50 поени го предводеше својот тим до победа над ЛА Клиперс од 146-115.

Браун по вторпат во кариерата дава 50 поени, и им се приклучи на Лери Бирд и Џејсон Тејтум како единствени во историјата на Бостон кои тоа го направиле повеќе од еднаш. Браун кој сезонава има просек од 30,1 поени по меч, погоди 18 од 26-те шута од поле (6/10 за тројка), против Клиперс имаше и пет асистенции. Селтикс има седум победи на последните осум меча.

Филаделфија победи во Њујорк во меч на кој Џоел Ембид за првпат сезонава заби топка во кошот, Стеф Кари со 31 поен од кои 20 во третата четвртина беше творец на пресвртот на Голден стејт против Јута, а Ентони Дејвис со 26 поени, 12 скока и пет блокади го предводеше Далас до победа над Хјустон, кај кој Кевин Дурант уфрли 34 поени, додека Алперен Шенѓун се повреди после само една минута игра.

Тронто со личен сезонски рекорд на РЏ Берет од 29 поени, ја победи Атланта, а овие два тима и вечерва ќе играат еден против друг. Единствен тим кој не успеа да постигне 100 или повеќе поени беше Чикаго булс, кој загуби од Шарлот. Изненадување приреди Портланд со триумфот во Сан Антонио.

Нови проблеми за Чаби Алонсо пред дуелот со Бетис

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, го пропушти последниот тренинг на тимот и неговото учество на неделниот меч против Бетис е под големо прашање. Овој натпревар ќе го означи враќањето на Ла Лига по божиќната пауза.

Отсуството на шпанскиот централен дефанзивец е изненадувачко, бидејќи тој учествуваше на првите тренинзи по празниците. Иако Хаусен имаше одредени физички проблеми во последните недели, тој беше стартер и одигра цели 90 минути во последните два натпревари на Кралевите.

Доколку Хаусен не успее да се врати навреме за дуелот со Андалузијците, се очекува тренерот да ја формира одбраната со Раул Асенсио и Антонио Рудигер во централната зона.

Отсуството на младиот стопер ќе претставува неочекуван проблем за Чаби Алонсо, кој се надеваше на комплетен состав за рестартот на првенството. Секако, нема да може да смета на Килијан Мбапе кој ќе паузира околу три седмици.

Мали направи големо чудо, го елиминира Тунис после пенали и се пласира во четвртфиналето на АКН

Фудбалерите на Мали се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако сензационално го елиминираа Тунис во Казабланка.

Регуларните 120 минути завршија 1-1, но Мали успеа да слави во пенал-серијата со 3-2 и сега ќе се соочи со Сенегал, кој претходно го победи Судан со 3-1.

Мали одигра речиси цел меч со играч помалку, откако Војо Кулибали доби директен црвен картон во 26-тата минута. И покрај тоа, тимот успеа да издржи и да направи вистинско чудо на теренот.

Највозбудливите моменти од натпреварот се случија во самиот финиш. Во 88-та минута, Тунис поведе со гол на Фирас Шауат, кој со удар со глава искористи убав центаршут од Елиас Сад, за 0-1.

Меѓутоа, Мали не се предаде. Само осум минути подоцна, во 96-тата минута, тимот обезбеди пенал по играње со рака на дефанзивецот на Тунис, Мерија.


Ласина Синајоко рутински реализираше за 1-1 и го однесе мечот во продолженија.

Во дополнителните 30 минути немаше промена на резултатот, па се пристапи кон драматичната пенал-серија, во која Мали со храброст и решителност го обезбеди историското место во четвртфиналето.

Жоан Гарсија ја спасуваше Барселона, а Дани Олмо и Левандовски донесоа победа во градското дерби (Видео)

Барселона славеше победа со 0-2 против Еспањол во градското дерби од 18-тото коло на шпанската Ла Лига, но конечниот резултат беше поставен дури во самиот финиш од натпреварот.

Иако Барселона имаше поголем посед на топката во првиот дел, поопасниот тим беше Еспањол, кој неколкупати сериозно се закани кон голот на Барса. Голманот Жоан Гарсија мораше да интервенира во три наврати и беше еден од најзаслужните што мрежата остана мирна.

Во продолжението двата тима тргнаа поофанзивно, со неколку изгледни можности на двете страни. Сепак, голманите продолжија да доминираат и да ги запираат сите обиди за погодок.

Отпорот на Еспањол беше скршен во 86-тата минута, кога Дани Олмо по додавање од Фермин Лопез од работ на шеснаесетникот мајсторски погоди и го совлада Дмитровиќ.

Само неколку минути подоцна, Барселона ја потврди победата. Повторно Фермин Лопез беше асистент, овојпат по десната страна за Роберт Левандовски, кој од непосредна близина без проблеми ја смести топката во мрежата за конечни 0-2.