Дома Blog Страница 40

Модриќ поставил три услови за да го продолжи договорот со Милан

Лука Модриќ во септември ќе наполни 41 година, но очигледно е дека Хрватот не размислува да се повлече од големата сцена. Еден од најдобрите играч во последниве две-три децениил, пред почетокот на оваа сезона пристигна во Милан и тоа како слободен играч од Реал Мадрид. Модриќ постигна договор на 1+1 сезона, а со игрите во изминативе неколку месеци покажува дека уште е меѓу најдобрите.

Сите чекаат Хрватот да го продолжи договорот, но тој има три услови пред да стави потпис за останување меѓу Росонерите. Како прв услов на Модриќ е тимот да се квалификува за настап во Лигата на шампионите. Милан е третопласираната екипа и е на добар пат да го оствари тој прв услов.

Вториот услов е Масимилијано Алегри да остане тренер. Модриќ има одличен однос со искусниот тренер и верува дека тој е вистинската личност за продолжување на проектот.

Третиот и најважен услов се засилувањата. Модриќ верува дека Милан мора да ги задржи своите најдобри играчи, дека Рафаел Леао треба да остане, а дека клубот треба да инвестира во засилувања. Пораката на Модриќ е јасна – Милан не треба само да биде учесник во натпреварувања, туку да биде конкурентен во секое од нив, што е став што недостасуваше на Сан Сиро во последните години.

Започнува НБА плејофот: Домаќините се фаворити, Хјустон ја брани честа на гостите (Фото)

Кошаркарскиот НБА маратон започнува во 19 часот по македонско време и ќе трае се до рано изутрина, а на програмата се четири меча од плејофот на кои се очекуваат три домашни и една гостинска победа.

Според квотите во Sport Life, најголем фаворит е Кливленд со квота за победа од 1.35. Следува Денвер со квота од 1.49, а тука некаде е и квотата за Њујорк – 1/52.

Единствената екипа која е фаворит на гости е Хјустон, со квота од 1.53 за триумф кај ЛА Лејкерс.

Во Sport Life може да се најде и специјална, проширена понуда за кошаркарите и најпопуларната игра „плус-минус“, која може да се одигра на поени, скокови, асистенции и вкупно тројки, но и збор од поени, скокови и асистенции. Комплетната може да ја најдете ТУКА.

Чуамени се закани: Ако тоа се повторно се случи, ќе го напуштиме теренот

Реал Мадрид сезонава многу веројатно е дека ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Откако беше елиминиран од сите натпреварувања, Кралскиот клуб останува само да се бори за трофејот во првенството, но и таму не е во поволна ситуација затоа што заостанува девет бодови зад Барселона.

До крајот на првенството има уште седум кола, а освен тоа да се фокусираат на натпреварите, играчите на Реал најавија борба и на друг план. Играчот за врска на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени јавно порача дека тој и соиграчите ќе се повлечат од теренот, доколку на некој фудбалски меч повторно слушнат навреда на расна основа за Винисиус јуниор.

Винисиус веќе подолго време е мета на расна навреда, а Чуамени вели дека посебно се вознемирува кога ќе слушне расистички скандирања од трибините. Кулминацијата сезонава беше на мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лига на шампиони кога играчот на португалскиот тим, Џанлука Престијани наводно го навредил Винисиус, но тоа не може да се потврди, затоа што играчот на Бенфика ја имаше покриено устата со рака и не може да се открие дали нешто зборел.

„Вини на тој меч беше наречен мајмун. Наш следен чекор кога повторно ќе се случи такво нешто е да престанеме да играме. Нема да дозволиме тие сцени да се повторат“, рече Чуамени.

Следниот меч на Реал Мадрид ќе биде против Алавес на „Сантијаго Бернабеу“ на 21 април, во рамките од 32 коло на шпанското првенство.

Ташовски со тројка во последната секунда донесе победа на ТФТ против МЗТ Скопје Аеродром

ТФТ Скопје продолжува до одличните игри и во домашното првенство, откако во драматичен меч го совлада МЗТ Скопје Аеродром со 93:91, во меч од второто коло во Суперлигата. Ова беше вистинско дерби. Двете екипи се менуваа во водство, имаше пресврти, а на крајот побединикот беше решен буквално во последната секунда, а се радуваа домаќините. Со овој триумф ТФТ се зацврсти на првото место на табелата, додека МЗТ останува втор.

На почетокот на средбата двете екипи се менуваа во водство, а откако ТФТ имаше 11:10, следуваше серија од 11:0 на гостите и МЗТ поведе со 21:11. Во втората четвртина домаќините се вратија во игра. Прво израмнија на 33:33, а до крајот на полувремето стигнаа и до водство од 43:41.

ТФТ одлично ја почна третата четвртина кога стигна и до предност од 48:41, гостите брзо возвратија, па го преземаа водството со 55:53. Домаќините водеа со 58:57, а МЗТ слично како во првата четвртина, со серија од 11:0 стигна до двоцифрено водство од 68:58, за да на почетокот на последните 10 минути аеродромци водеа со највисоки 16 разлика (77:61).

Тоа како да беше знак играчите на ТФТ да се „разбудат“ и со неверојатна низа од 22:2, поведоа со 83:79 на четири минути до крајот. Во финишот беше вистинска драма. ТФТ водеше со 90:87, кога Марин Петков погоди тројка за израмнуваше на осум секунди до крајот.

Сепак, тоа не беше крајот. ТФТ го имаше последниот напад, а договорноста ја презема репрезентативецот Виктор Ташевски кој погоди тројка во последната секунд за 93:90. До крајот, гостите дадоа само уште едно слободно фрлање по техничката грешка на клупата на ТФТ по радоста за тројката која им донесе победа.

Вардар повторно е лидер во Прва лига, Шкупи веќе има примено 101 гол сезонава

Вардар без никакви проблеми го победи Шкупи како гостин со 7:0, во меч од 28. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со овој триумф Вардар се врати на лидерската позиција на табелата со 68 бодови, еден повеќе од второпласираната Шкендија. До крајот на првенството, овие два тима ќе видат голема борба за освојување на титулата. Шкупи го претрпе 27-миот пораз и остана на само еден бод, а чаирчани сега имаат примено точно 100 голови сезонава.

Серијата погодоци на отвори Закариќ кога погоди за 1:0. Шкупи имаше голема шанса да израмни, но Ферати кој излезе сам пред голманот на Вардар Ќосевски не успеа да погоди во 40 минута. Во финишот на првиот дел Вардар даде два гола. Најпрво Давид Бабунски зголеми на 2:0, а во 45 минута Рустеми си постигна автогол за 3:0 за Вардар на полувремето.

Во вториот дел вардарци продолжија во исто темпо и постигнаа уште четири погодоци. Тодоровски со погодок во 56 минута зголеми на 4:0, а потоа голови постигнуваа и Цветковиќ во 73 минута и Спахиу во 81 минута. Во последната минута точна на мечот стави Омерагиќ за 7:0.

Нејмар предложи револуционерна промена во фудбалот

Нејмар уште се бори да влезе во форма која ќе го убеди селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, дека е доволно добар да биде повикан во националниот тим за настап на Светското првенство кое ќе се игра за помалку од два месеци. Бразилската ѕвезда во дресот на Сантос, освен ој што е фокусиран да ја темпира формата, има и свои идеи за тоа што би требало да се промени за фудбалот во глобални рамки да биде поинтересен.

Една од најкоментираните теми е офсајдот, а легендарниот тренер Арсен Венгер даде конкретно решение за тоа како може да се промени ова правило.

Сега и Нејмар се јави со своја идеја околу промената на офсајд правилот. Бразилецот ја објасни својата идеја.

„Би го променил правилото за офсајд. Сметам дека офсајд треба да се суди само за подавања со високи топки. Која е ниско подавањето по земја, односно под градите, офсајд не треба да се суди“, вели Нејмар.

Некогашната ѕвезда на Барселона и ПСЖ, сезонава даде четири гола, а има и три асистенции во осумте меча што ги одигра во дресот на Сантос.

Барела даде гол и го посвети на Џенаро Гатузо

Интер незадржливо граби кон освојување на титулата во Серија А откако убедливо со 3:0 го победи Калјари и направи да има двоцифрена предност во однос на најсерозните кандидати во трката за Скудетото. Меѓу стрелците за Интер се запиша и италијанскиот репрезентативец Николо Барела, кој веднаш по мечот испрати емотивна порака кон сега веќе поранешниот селектор на Италија, Џенаро Гатузо.

Гатузо доби отказ откако Италија не успеа да се пласира на Светското првенство.

„Овој гол му го посветувам на Гатузо. Тој е една од најдобрите личности што сум ги запознал во фудбалот. Не ја заслужи оваа ситуација и разочарувањето што ни се случи. Среќен сум што го имав за тренер во мојата кариера“, рече Барела.

По елиминацијата од БиХ, Гатузо воопшто не се вратил во Италија туку заминал во Шпанија, каде што моментно престојува, а неговото враќање на Апенините засега е неизвесно.

На помалку од два месеци до стартот на Мундијалот, селекторот доби отказ

Селекторот на Саудиска Арабија Ерв Ренар доби отказ и тоа на помалку од два месеци до стартот на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Францускиот стратег сам објави дека е сменет од позицијата.

„Таков е фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше на Светското првенство вкупно седум пати, а два пати тоа го направи со мене“, рече Ренар, кој очигледно беше разочаран од одлуката на челниците на Федерацијата.

Ренар ја предводеше репрезентацијата на Саудиска Арабија во периодот од 2019 до 2023 година, а потоа се врати повторно да биде предводник во 2024 година, кога Роберто Манчини доби отказ.

Францускиот стратег може да се пофали дека тој е последниот стратег кој водел една репрезентација што успеала да ја победи Аргентина со Лионел Меси на СП. Тоа се случи пред четири години во Катар кога Саудиска Арабија во првото коло победи со 2:1. Сепак, на крајот на тој Мундијал, Аргентина стигна до светската титула.

Ренар имаше договор со Саудиска Арабија до крајот на СП 2026, но сега си заминува, а останува малку време да се најде неговиот наследник.

Алармот во Италија е активиран: само еден стадион е подготвен за ЕП 2032

По неуспехот да се пласира на Светското првенство 2026, фудбалска Италија се соочува со нов предизвик. Една од најфудбалските земји е под притисок да покаже дека добро работи во подготовките за домаќинство на Европското првенство кое во 2032 година треба да се одржи во оваа земја.

Директорот на УЕФА за Европското првенство во 2032 година, Микеле Ува, е уверен дека Италија нема да го изгуби статусот на еден од домаќините на континенталното натпреварување. Сепак, тој упати строго предупредување до Милано и Неапол, наведувајќи ја лошата инфраструктура, објавува „Фудбал Италија“.

Пред само неколку недели, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се закани дека ќе ја лиши Италија од домаќинството на турнирот поради лоша инфраструктура.

„Се надевам дека инфраструктурата е подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија“, изјави Чеферин за „Газета дело спорт“ на почетокот на овој месец.

„Тој е во право и испрати јасна порака. Работиме интензивно и сум убеден дека Италија ќе биде домаќин на Европското првенство со пет стадиони“, рече Ува, смирувајќи ја јавноста. „Не доцниме и сме совршено усогласени со планираната динамика. Нема причина за тревога“, рече Ува потенцирајќи дека заедничката работа на сите вклучени страни е клучна.

„Само треба да продолжиме да работиме заедно. По силното забрзување во последните шест месеци, осум локации имаат рокови што им дозволуваат да аплицираат. До средината на септември, Италијанската фудбалска асоцијација ќе избере пет градови што ќе ги претстави на УЕФА, а во првата недела од октомври ќе бидат потврдени градовите домаќини“, објасни тој.

Според неодамнешните извештаи на италијанските медиуми, во моментов само стадионот „Алијанц“ на Јувентус во Торино ги исполнува условите за домаќинство на европски натпревари без дополнителни градежни работи.

Кога играат Челзи и Манчестер пеналите се како редовна појава, Бруно Фернандеш често е меѓу стрелците, а 1:1 е најчест резултат

Очајна е формата на двата тима. Челзи претрпе пет порази во последните шест меча што го одигра, а го победи само ттретолигашот Порт вејл во ФА Купот. Од друга страна, Манчестер јунајтед победи само еднаш во последните четири натпревари што ги играше.

За Челзи ова ќе биде една од последните шанси да се приклучи кон екипите кои се во Топ 5 и да брка излез во Лига на шампиони за следната сезона. Манечстер сака да го задржи третото место на кое е во моментов.

Челзи дома сезонава има само шест победи во 16 средби, што е само уште еден показател за несигурноста во играта на лондончани. Манчестер сезонава на гости загуби само четири пати во 16 пресметки.

Кога играат овие два тима, традицијата вели дека ремито е најреален резултат. Нерешено било дури шест пати во последните 11 дерби пресметки. Од последните девет дуели на овие ривали, четири пати резултатот бил 1:1.

Во последните шест пресметки имало дури четири пенали, а Бруно Фернандеш има постигнато четири погодоци, од кои два пати бил стрелец на првиот гол. Во специјаланта понуда може да се одигра за прв стрелец на гол, потоа стрелец во тек на меч, како и комбинација за тоа кој играч ќе даде гол и кој тим ќе победи.

Тука се и статистичките игри за бројот на шутеви во рамките на голот, бројот на изведени корнери, добиени жолти картони, направени фаули, „уловени“ офсајд позиции…