-3.2 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026
Дома Blog Страница 50

Американци сакаат да ја купат Севиља, но сега на сцена стапи и Серхио Рамос

Раководството на Севиља веќе неколку години мака мачи со финансиски проблеми, а како еден од начините за излез од кризата се гледаше на продажбата на дел од акциите и влез на инвеститор.

Блиску до такво нешто беше американски конзорциум, кој понуди по 3.400 евра за една акција, но по деталната анализа, се чини дека Американците се оладија и ја спуштија цената на 2.700.

И кога се чинеше дека нема да има ништо од продажбата, финансиските извештаи ги побара и Серхио Рамос, легендата на Реал Мадрид, кој потекнува токму од клубот од провинцијата Андалузија.

Дали Серхио Рамос планира да купи акции или има потенцијален инвеститор кој стои зад него, останува да се види, но поранешниот шпански репрезентативец веќе има искуство со инвестиции во фудбалски клубови бидејќи веќе е еден од сопствениците на Сан Фернандо.

Хуманитарен тикет под новогодишната елка со квота од 92

Новата година пристигна, а петочниот предизвик останува ист, да се направи хуманитарен тикет кој треба да биде добитен за да може потоа средствата да бидат донирани таму каде што е најпотребно. Во последниот Хуманитарен тикет за 2025 година гостуваше Дедо Мраз, а само за еден меч тикетот не беше добитен за 50.000 денари.

Првиот Хуманитарен тикет во 2026 година ќе биде комбинација на натпревари кои ги одбраа новинарите од редакцијата на СпортМанија. Нашата тактика е да одиграме на „сигурно“ и на победи на фаворити.

Речиси 100 коефициент прават осумте меча кои ги одбравме, а ќе се играат вечерва, утре и задутре.

За многумина 2 јануари е посебен ден затоа што владее верување дека каков ден ќе ти биде денешниот, така ќе тера цела година. Ние искрено се надеваме дека денешниот Хуманитарен тикет ќе биде добитен, па во оваа 2026 година да доделиме многу добивки на оние на коишто им е најпотребна помошта.

Тимот на СпортМанија ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници, а ова е нашиот Хуманитарен тикет за овој викенд.

Салах може да се врати во тимот во којшто играше пред да потпише за Ливерпул

Мохамед Салах беше еден од најзаслужните играчи што Ливерпул минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата. Сепак, во тековната сезона голгетерот го загуби стандардното место во стартниот тим, па со тоа порасна и незадоволството кај египетскиот репрезентативец.

Самиот Салах дури и јавно зборуваше дека е незадоволен и дека е можно веќе никогаш да не заигра во дресот на Ливерпул. Моментално Салах има репрезентативни обврски и со Египет настапува на Африканскиот куп на нациите, додека Ливерпул синоќа се мачеше и не можеше да му даде гол на Лидс, па средбата на „Енфилд роуд“ заврши без голови. Ливерпул има 12 бода помалку од лидерот Арсенал.

Италијанскиот „Туто Меркато“ ги подгреа шпекулациите дека Салах може да си замине од Ливерпул во зимскиот преоден рок и да дојде во Рома. Италијанскиот клуб е добро познато место за Салах затоа што тој настапуваше за гигантот од „Олимпико“ пред да направи трансфер во Ливерпул во 2017 година.

Размислувањата се Салах да дојде во Рома како позајмен играч до крајот на сезоната, но проблем е платата што ја добива голгетерот во Ливерпул, а тоа е 24 милиони евра годишно без даноци.

Салах сезонава одигра 20 меча за Ливерпул, а во дел од нив влезе како резерва. Има биланс од пет гола и четири асистенции.

Милан ќе има тежок предизвик, чудото кое е лидер во Франција ќе одигра меч со малку голови

3003 Каљари – Милан (20:45 ч.)

Милан е единствениот тим сезонава во Серија А што нема ниту еден пораз на гости (четири победи и три ремија). Росонерите доминираат во дуелите со овој ривал и имаат 11 победи и четири ремија во последните 15 дуели против Каљари.

На последните пет меѓусебни дуели имало дури 23 гола, што е речиси пет погодоци на меч и тоа треба да е потврда дека треба да има многу возбудувања.

Предлог тип: 2&2-4 (2.45)

 

1701 Тулуз – Ленс (20:45 ч.)

Ленс е најпријатното изненадување во Топ 5 лигите затоа што тоа е екипата која како првопласирана во Франција ја дочека Новата година. Сега Ленс ќе гостува кај Тулуз. Седум победи по ред има Ленс, односно 10 триумфи во последните 11 средби.

Кога играат овие два клуба, традицијата вели дека на 18 од 21 средба завршиле со 0-2 гола, а само трипати имало три погодоци.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.60)

 

1301 Рајо Валјекано – Хетафе (21 ч.)

Две екипи кои имаат слична филозофија на играта, а тоа е дека многу повеќе се бранат и затоа постигнуваат малку голови. И Рајо и Хетафе досега постигнаа само по 13 гола во 17 средби, а само Овиедо има дадено помалку погодоци.

На осум од последните девет средби на овие ривали на крајот било НГ, односно барем еден од двата тима да не постигне гол. Четири од последните седум меча завршиле со резултат 0:0, што значи дека и само еден потег може да биде решавачки на оваа средба.

Предлог тип: 0-1 (2.23)

 

1536 Жил Висенте – Спортинг Лисабон (19:45 ч.)

Гостите се фаворити за победа. Спортинг е втор на табелата, но Жил Висенте сезонава игра одлично и моментално е на четвртото место на табелата, само со три порази во 16 дуели.

Спортинг го има најдобриот напад и во просек постигнува речиси три гола на меч. Традицијата вели дека Спортинг има 12 победи и две ремија во последните 14 пресметки со Жил Висенте.

Предлог тип: 2&0-3 (2.21)

 

1311 Еибар – Мирандес (20:30 ч.)

Дуел од втората шпанска лига меѓу две екипи кои се во долниот дел од табелата. Еибар е на 18-тото место со 21 бод, додека Мирандес е на последното 22-ро место со 16 бода.

Еибар игра одлично на свој терен и ако се гледаат само освоените бодови дома, тој е на петтото место на табелата. Сега мора да слават над Мирандес за да избегаат подалеку од опасната зона.

Предлог тип: 1&0-3 (2.10)

 

Толку сиромашен ден со голови во Премиер лигата немало од 1998 година

Синоќа се одиграа четири натпревари во англиската Премиер лига, по кои се комплетира првата полусезона. Сите екипи имаат одиграно по 19 од планираните 38 кола.

Интересно е дека првиот ден од 2026 година донесе многу неефикасен фудбал. На четирите натпревари кои се одиграа беа постигнати само два гола, а немаше победник на ниедна средба. Кристал палас и Фулам ремизираа 1:1, додека без голови завршија останатите три средби: Ливерпул – Лидс, Брентфорд – Тотенхем и Сандерленд – Манчестер сити.

Ова е првпат по 29 април 1998 година во еден ден да се одиграат барем четири натпревари, а вкупно да бидат постигнати само два гола. Исто така ова е првпат по 11 април 2010 година кога во еден ден се играат четири средби, три да завршат со резултат 0:0. Едноставно многу неефикасно започна Новата година во англиската Премиер лига.

Малото мадридско дерби и четири интересни меча носат коефициент од 42.42

Петте мечеви од најатрактивните европски лиги кои се играат денеска се дел од понудата во Квотите на денот. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 42.42.

Жил Висенте е домаќин на Спортинг Лисабон и тука треба двата тима да дадат гол и да има барем еден погодок во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.30.

Тулуз и Ленс треба да одиграат меч на кој може и да нема многу возбудувања и голови, па затоа во првото полувреме не смее да има повеќе од два погодока, а во вториот дел да има еден или два гола за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со коефициент од 1.85.

Милан да победи кај Калјари во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодои е со квота од 2.45.

Во Шпанија се игра малото мадридско дерби меѓу Рајо Валјекано и Хетафе. Домаќинот да не загуби во меч на којшто ќе има меѓу еден и три погодоци се вреднува со квота од 1.85.

Во Португалија, на дуелот меѓу Гимараиш и Насионал ако има од 1-3 голови во првото и 1-3 голови во второто полувреме, ќе се добие добитна квота од 2.20.

Гвардиола разочаран: Не можевме да дадеме гол ниту од пет метра

Манчестер сити направи чекор наназад во трката за титулата во Премиер лигата откако одигра без голови на гостувањето кај Сандерленд. Со овој меч, Граѓаните имаа осум победи по ред, но нивната низа заврши на тешкото гостување на „Стадионот на светлината“.

Иако за многумина можеби е изненадување, Сандерленд сезонава игра одлично и има само четири порази, а со 29 бода е на седмото место на табелата.

По мечот во Сандерленд, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, беше разочаран затоа што неговите фудбалери беа неефикасни.

„Не можевме да постигнеме гол ниту од петерецот. Не погодувавме и од позиции од блиску, кои не беа тешки да се реализираат. Едноставно, не можевме да постигнеме гол, а создадовме доволно шанси. На крајот освоивме бод, резултатот е тој што е. Во првото полувреме не одигравме како што сакаме, во вториот дел бевме подобри, но немавме реализација. Сега мора да се фокусираме на тоа што следува, а тоа е тежок меч против Челзи, и тоа само за три дена“, вели Гвардиола.

Зголемени квоти за победи на Милан, Спортинг, Реал Мадрид, Анадолу Ефес…

Комбинација од фудбал и кошарка има во денешната понуда на Супер типот каде може да се најдат многу интересни зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат уште во 14 часот кога се играат два меча од израелското првенство, а на кое фаворити се домашните екипи.

Во понудата има и мечеви од првенствата на Бахреин, Саудиска Арабија, Оман, како и европските шампионати во Шпанија, Португалија, Италија…

Спортинг Лисабон да победи на гости кај Жил Висенте има зголемена квота од 1.69, додека Милан да се радува на теренот кај Калјари е со коефициент од 1.65.

На гости игра и тимот на Кристијано Роналдо. Ал-Наср е фаворит за победа кај Ал-Ахли Џеда и „двојката“ е на 1.69 коеифициент.

Од кошарките, во фокусот се дуелите од Евролигата. Реал Мадрид треба да слави на свој терен против Дубаи, а „кецот“ е на 1.42. Во Атина ќе се игра грчкото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, а за победа на „зелените“ квотата е 1.76. Ќе биде интересно на мечевите Анадолу Ефес – Црвена ѕвезда, како и во Шпанија каде Басконија е домачин на Фенербахче.

Бомба од Лондон: Арсенал сака да ја доведе ѕвездата на Баерн Минхен

Екипата на Арсенал сезонава игра одлично и не случајно е на врвот на табелата во Премеир лигата. Топчиите имаат четири бода повеќе од нивниот главен ривал за шампионскиот трофеј, Манчестер сити.

Да нема некои несакани проблеми како во претходните неколку сезони, кога поради проблеми со повредени играчи, Арсенал го губеше ритамот и темпото на игра, па во клучниот период буквално ја губеше трката за титулата, од редовите на лондонскиот тим најавуваат дека ќе имаат интересен јануарски преоден рок.

„Имаме многу повредени играчи, повеќе отколку што очекувавме, а некои од нив беа неизбежни. Сакаме да бидеме подобри, а знаеме колку е потребно да се има подготвени играчи во текот на целата сезона. Преодниот рок започна, ние сме Арсенал и мора да реагираме. Мора активно да бараме играчи, а потоа да видиме дали може да ги реализираме евентуалните трансфери“, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Поради повредените играчи, Деклан Рајс беше принуден да игра дури и на позицијата десен бек на мечот против Брајтон. Една од позициите на кои Арсенал може да се засили е средниот ред, а прв на листата на желби е Леон Горецка од Баерн Минхен.

Арсенал имал контакт со агентот на Горецка, кој е истиот застапник што го има и Кај Хаверц. Горецка има активен договор со Баерн до јуни оваа година, што значи дека сите останати клубови од 1 јануари може да преговараат со германскиот репрезентативец за евентуален трансфер.

Ако Баерн не успее да го убеди Горецка да остане, Баварците може многу лесно да го продадат во зимскиот преоден рок за да земат и пари за неговото заминување, инаку во јуни ќе си отиде како слободен играч.

По ремито против Лидс, Слот објаснува: Играме многу чесно

Точно на половина од првенството во Англија, Ливерпул има 12 бода заостанување зад лидерот Арсенал. Ливерпул синоќа на „Енфилд роуд“ ремизира против Лидс, играјќи 0:0. За првпат откако Арне Слот е тренер на Ливерпул, англискиот гигант на свој терен одигра без голови. Ливерпул сега има 33 бода, додека Лидс има 21 бод и е на 16-тото место на табелата.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, смета дека неговиот тим е жртва на нивната преголема чесност. Слот тоа го објасни со една ситуација која се случи на почетокот на средбата против Лидс, кога Хуго Екитике бил фаулиран од Џака Биџол, но не бил досуден пенал затоа што напаѓачот на Ливерпул не паднал во шеснаесетникот.

„Ако Екитике паднеше, најверојатно тоа ќе беше пенал за нас. Сепак, сезонава нашите играчи многупати беа фаулирани во шеснаесетникот, но немаше пенал. Нашите играчи се обидуваат да останат на нозе без да паднат и тогаш тешко е да интервенира ВАР-технологијата. Мислам дека не грешам и дека сезонава добивме само еден пенал во наша корист. Тоа е изненадувачки затоа што сме тим кој има најголема доминација во поседот на топката. Ова е фрустрирачки и секако дека не сме задоволни бидејќи не победивме. Сепак, тоа не е причината зошто не победивме против Лидс“, рече Слот.

Ливерпул имаше целосна доминација против Лидс. Со 69 отсто посед на топката, домаќините на „Енфилд роуд“ имаа дури 19 шута кон противничкиот гол, но само четири одеа во рамките на голот, што само покажува колку јалови биле нападите на актуелниот англиски првак.