28.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025
Дома Blog Страница 9553

Јувентус оди по голови и осминафинале

„Старата дама“ и „црвените ѓаволи“ со свои сметки и калкулации влегуваат во нова меѓусебна пресметка. Кристијано Роналдо против својот некогашен клуб сака да даде гол пред публиката во Торино. Овие два тима никогаш не одиграле 0-0. И според квотите на денот од SPORT LIFE, Јувентус е фаворит, па италијанскиот првак може да обезбеди осминафинале. Издвојуваме пет натпревари од ЛШ за денеска.

Јувентус – Манчестер јунајтед (21 часот)

Ако победи Јувентус, сигурно оди во осминафинале, а и со реми може да ја оствари таа цел доколку и дуелот на Валенсија и Јанг бојс заврши без победник. Јуве е лидер со максимални 9 бода и уште нема примено гол. Од април наваму, сите што му гостуваа на Јувентус, си заминаа без полн плен. На „Олд Трафорд“, Јувентус имаше посед на топка од 60 проценти и 600 точни додавања, сега статистиката ќе биде уште понагласена во полза на „бјанконерите“. Кај Јунајтед ќе го нема Лукаку.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.90)

 

Баерн Минхен – АЕК (21 часот)

По серијата киксеви во домашното првенство, време е Баерн да се разигра. АЕК нема што да бара на „Алијанц“, откако дома загуби од „баварците“ со 0-2. Грчкиот тим е најслаб во групата, ги загуби трите меча, прими осум гола и не може да се вади на ова тешко гостување кај гигантот од Минхен.

Предлог тип: Т1 4+ (2.40)

 

Валенсија – Јанг бојс (18.55 часот)

Тука ниту на домашните ниту на гостите не им одговара нерешено. Валенсија е во криза, но против Јанг бојс важи за фаворит. Ако победи, ќе има шанса да го надмине Манчестер јунајтед, со кого би се борела во последните две кола за место во нокаут-фазата.

Предлог тип: Т1 1+I& T1 2+ (2.05)

 

ЦСКА Москва – Рома (18.55 часот)

„Армејците“ по победата над Реал, не продолжија во ист ритам и наредните три меча освоија само еден бод. Веќе се во минус во однос на Рома и Реал, па вечерва им одговара само победа над гостите од Рим. Рома имаше две ремија по ред во домашната лига и примаше по еден гол. ЦСКА никогаш не ја победила Рома во трите меѓусебни дуели.

Предлог тип: ГГ (1.71)

 

Манчестер сити – Шахтар (21 часот)

По лошиот старт и поразот од Лион, Сити се консолидираше, а успеа и да го победи Шахтар во Украина. Ова се два тима кои редовно играат со три или повеќе голови, нема причина да не продолжи таа традиција на ефикасност. Манчестер има 11 меча без пораз и во овој период направи гол-разлика 33-4.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.86)

Шведски тинејџер пишува историја во НХЛ

Фредрик Елијас Петерсон, кој има 19 години, на првите 10 меча во професионалната кариера даде 10 гола и стана најмладиот хокеар во историјата на НХЛ кому тоа му тргнало од рака. Членот на Ванкувер канакс со овој рекорден старт на кариерата станува моќно оружје во нападот на тимот.

Ова е десеттиот гол на Петерсон постигнат против славниот Детроит ред вингс:

Само пет играчи во историјата на НХЛ успеале да дадат 10 гола на првите 10 меча во лигата (НХЛ постои 100 години), а Петерсон, кој за неколку дена ќе наполни 20 години, е најмладиот меѓу нив.

Неверојатниот талент има и шест асистенции, па со 16 поени и просек од 1,6 по меч, потврдува за каков играч станува збор. Во минатата сезона, Петерсон беше дебитант на сезоната и МВП во шведската лига. Тој беше петти пик на драфтот и може да се покаже дека Ванкувер одбрал одлично и направил голема „кражба“, или тие што бираа пред него не го почувствувале талентот и го испуштија од раце.

Ќе има улица Милан Павков во Белград?

Милан Павков е новиот херој на Црвена ѕвезда и на сите навивачи на овој клуб. Корпулентниот напаѓач синоќа даде два гола во дуелот против Ливерпул, во една од најсензационалните победи во Лигата на шампионите во последните десетина години.

Еуфоријата меѓу навивачите на Ѕвезда не сопира, па заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кој е познат како голем фан на „црвено-белите“, предложи Милан Павков да добие улица во главниот град на Србија.

„Браво лавови! Така се бори за Ѕвезда, Белград и Србија! Улица за Милан Павков“, напиша заменик-градоначалникот на Белград, Весиќ, кого очигледно го понесе атмосферата по победата над Ливерпул.

Павков ја игра првата сезона во дресот на Црвена Ѕвезда, каде за 300.000 евра дојде од Раднички Ниш. До неодамна тој играл во пониските лиги во Србија, а сега е ѕвезда на колото во цела Европа.  

Уплатил на победа на Ѕвезда 800 евра и убаво се опарил (Фото)

Победата на Црвена Ѕвезда против Ливерпул е изненадување за сите, но изгледа само еден симпатизер на „црвено-белите“ верувал во чудо. Човек од Виена типувал дека српскиот првак ќе победи во Белград и тоа се случи.

Навивачот на Ѕвезда уплатил 800 евра на „единица“, а коефициентот бил 15,08. На крајот симпатизерот имал двојна голема радост. Ѕвезда победи со 2:0, а тоа значеше дека човекот кој типувал сега е побогат за 12.064 евра.

 

Кејн ако продолжи вака, ќе стане најдобар стрелец во ЛШ

Хари Кејн од Тотенхем е на пат да стане најдобар стрелец, или еден од најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Кејн има 13 гола на 14 меча во ЛШ, и тоа е подвиг каков што нема направено ниту еден друг фудбалер во постоењето на ова натпреварување.

До својот 13-ти гол во ЛШ, сите други чекале да одиграат 18 или повеќе меча, а Кејн успеа само по 14 натпревари и ако продолжи во ваков стил, може да собори рекорди.

Со својот прв гол синоќа против ПСВ Ајндховен, Кејн имаше 12 гола на 14 меча и само легендарниот голгетер Филипо Инѕаги има подобар скор од него (12 гола на 13 меча). Но, кога Кејн уште еднаш ја затресе мрежата на холандскиот тим, додуша со помош на противнички играчи (иако беше автогол, во УЕФА погодокот му е запишан на Кејн), го надмина Инѕаги, а ги надмина и Роналдо, Меси, Раул, Ван Нистелрој и останатите најдобри стрелци.

Спортска прогноза: Јуве мисли на Манчестер, а Милан сонува за победа во дербито

Четврото коло од Спортска прогноза е започнато и може да типувате. Во понудените 12 парови, има многу атрактивни дуели, а, секако, еден од оние кои привлекуваат најмногу внимание е дербито во Серија А меѓу Милан и Јувентус.

Актуелниот првак на Италија го има најдобриот старт во историјата, па нормално дека со 10 победи и само едно реми е лидер на табелата. Милан слабо го започна првенството, но тимот на Џенаро Гатузо сега е во низа од три триумфи. Кај „росонерите“ се врати победничкиот менталитет, а посебно ги радува тоа што се борат до последна минута. Благодарение на таа борбеност, Милан со голови во судиското надополнување се радуваше во дуелите со Џенова и Удинезе.

Двата тима имаат и европски обврски. Јувентус вечерва во Торино го пречекува Манчестер јунајтед, додека Милан утре во Лигата на Европа гостува кај Бетис. „Росонерите“ сигурно многу повеќе ќе се фокусираат на дербито во Серија А и обидот да му го нанесат првиот пораз на Јувентус.

„Старата дама“ доминира и победува во сите пет последни меча против Милан. Играчки гледано, Јувентус е посилен и покомпактен тим, но моменталната инспирација и добрата форма во која се „росонерите“ може да донесе неизвесен меч.

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, подарокот ќе се подели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници, ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – ваучер од 200 денари.

За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija

Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.

Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.

Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.

 

Патеката на Ф1 во Виетнам ќе биде инспирирана од неколку актуелни

И официјално, Формула 1 и градот Ханој објавија дека првата трка за големата награда на Виетнам ќе се вози во април 2020 година. Тоа ќе биде четврта трка во Азија во календарот на Ф1, покрај Сингапур, Кина и Јапонија, и четврта улична трка по Монако, Сингапур и Азербејџан.

Патеката ќе се наоѓа во срцето на Ханој, ќе биде со должина од 5,565 километри, а победничката церемонија ќе се одржува на цитаделата во Ханој, еден од симболите на главниот град на Виетнам.

Ќе има неколку тешки кривини, кои се инспирирани од веќе постоечки во Формула 1, и нема да биде лесно да се вози без грешка. Можноста за грешки е голема, но ќе има и доста места за престигнување.

Првите две кривини по стартно-целната рамнина се слични како на „Нирбургринг“ во Германија, има и кривини кои се речиси исти како на фамозната патека во Монте Карло, а „земени“ се делови и од патеките од „Сузука“ и „Сепанг“. Ќе има и правец од 1,5 километар на кој ќе се развиваат брзини од 335 километри на час, па потребно ќе биде многу тестирање и баланс. Задржувањето во бокс ќе биде кратко, па веројатно ќе има стратегии со повеќе посети на механичарите.

Реал ќе го даде Бензема и плус пари само за да го добие Икарди од Интер

Реал Мадрид очајно е во потрага по класичен голгетер кој ќе знае да ги реализира создадените шанси. Кралскиот клуб сезонава има слаби резултати токму поради фактот дека тешко постигнува погодоци. Реал веќе постави нов неславен клупски рекорд по бројот на минути без даден гол, што беше само уште еден знак дека е потребен нов напаѓач.

Главниот фокус е ставен кон Мауро Икарди од Интер. Капитенот на „нераѕурите“ е во одлична форма, а тоа го покажа и синоќа во мечот против Барселона од Лигата на шампиони. Икарди даде гол против најголемиот ривал на Реал и не дозволи Интер да загуби дома.

Според некои најави, шпанскиот гигант е подготвен да го испрати Карим Бензема во Милано, но и да доплати значителна сума пари само да го добие Икарди во своите редови. Од Интер јасно кажаа дека не планираат да го продадат својот најдобар играч, но, сепак, кога Реал ќе посака некој фудбалер, тогаш секој трансфер е остварлив.

 

Овој ѕвездаш е најкорисниот Германец во ЛШ сезонава

Хрватскиот Германец Марко Марин со еден гол и две асистенции засега е најкорисниот германски фудбалер во Лигата на шампионите.

Марин игра за Црвена ѕвезда и овој податок дека ниту еден друг негов сонародник нема повеќе од три директни учества во погодоците со гол или асистенција, говори дека не е случајно што една од најтрофејните фудбалски земји на светот потфрли на Светското првенство.

Марко Марин, кој има 29 години, од 2010 наваму не бил репрезентативец, а ако останатите напаѓачи продолжат да бидат безопасни, можеби повторно ќе добие повик да настапи за „панцерите“.

На Малком му требаа две минути да даде гол во ЛШ, но тоа не е рекорд

Барселона и на своето осмо гостување по ред во Италија не успеа да дојде до првата победа, но шпанскиот првак е првиот тим кој на две кола до крајот на мечевите по групи обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

При резултат 0-0, во 81-вата минута во игра влезе Малком, дебитант во елитното европско клупско натпреварување, а само две минути подоцна тој даде гол за водство на Барса од 1-0. Мечот заврши 1-1, но Малком даде еден од најбрзите голови во историјата за дебитант. Рекордот го држи Украинецот Конопљанка, кој даде гол само 19 секунди по првото влегување во игра на меч од ЛШ и овој рекорд можеби никогаш нема да биде соборен.

Да беше Лионел Меси во тимот на Барселона, за Малком сигурно немаше да има место во редовите на тренерот Ернесто Валверде, но овојпат тој максимално ја искористи шансата и за малку ќе беше јунак на Каталонците.