18.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025
Дома Blog Страница 9769

Лопетеги почна да трпи критики

Зошто кога Реал Мадрид брка резултат не влезе во игра новиот напаѓач Маријано Дијаз, и зошто од игра беа повлечени Модриќ и Бејл, а на тимот му требаа голови? Ова се прашањата кои беа упатени до тренерот Хулен Лопетеги после нерешените 1-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Можеби Лопетеги ја погоди замената на Модриќ со Иско, шпанскиот плејмејкер даде гол, и најави дека за него треба да има место во почетниот тим на средбата со Рома в среда. Но, од првото поголемо искушение, Реал со Лопетеги на клупата киксираше, и незадоволството е присутно.

„Сан Мамеш е тежок терен за играње, особено ако сте гостин. Мечот беше со висок интензитет, во второто полувреме бевме подобри, бевме посмирени и направивме повеќе шанси. Мислам дека Иско одигра добро, ги оправда очекувањата. За Реал Мадрид, нерешениот резултат не е добар, но и противникот беше добар. Маријано не влезе бидејќи мислев дека е подобро на местото на Бејл да влезе друго крило како Лукас Васкез, за да бидеме поопасни од страничните позиции“ – изјави Лопетеги по мечот.

Реал со првиот кикс, само реми на гости кај Атлетик Билбао (Видео)

Реал Мадрид ги загуби првите бодови во Примера дивисион сезонава, откако одигра 1:1 на гостувањето кај Атлетик Билбао, во 4. коло. По ова реми, „кралскиот клуб“ сега има два бода помалку од лидерот Барселона, која попладнево успеа да победи на тешкото гостување кај Реал Сосиедад со 2:1.

Реал може да биде и задоволен што не загуби во Билбао, бидејќи домаќините на полувремето имаа предност од 1:0. Муниаин погоди во 32 минута за радост на домашните фанови, но во 63 минута Иско израмни на 1:1. До крајот на средбата, двете екипи имаа шанси за втор погодок, но мрежите мируваа.

https://youtu.be/jlIjRGtBCX4

Парондо: Горд сум на моите играчи

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо покажа дека е вистински наследник на Раул Гонзалез на клупата на „црвено-црните“. Шпанскиот стратег успеа да постави одлична тактика против европскиот првак Монпелје, па Вардар победнички се врати од гостувањето во Франција, по првото коло во Лигата на шампионите.

„Многу сум горд на моите играчи. Многу е тешко да се игра на гости кај Монпелје, но ние успеавме да победиме. Ги сопревме противничките играчи, а тоа се играчи на актуелниот европски првак“, рече тренерот на Вардар, Парондо.

Вардар славеше со 27:24 во дуелот на двата последни европски прваци и покажа дека и оваа сезона ќе биде меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите.

Металург во второто полувреме „падна“ против Спортинг

Металург неуспешно стартуваше во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Спортинг загуби со 26:34, во послабиот дел од групите. Вториот македонски претставник имаше сили само за едно полувреме да парира на португалскиот ривал.

По 30 минути игра резултатот беше 13:13, со што тимот од Автокоманда покажа дека има квалитет. Сепак, вторите 30 минути беа во целосна доминација на Спортинг. Домаќините поведоа и потоа полека, но сигурно само ја зголемуваа предноста. Металург немаше одговор за нападот на домаќините, па во вториот дел прими дури 21 гол.

На крајот Спортинг стигна до посакуваната победа, а Металург шансата за прв триумф ќе ја бара на свој терен, на 23 септември, во дуел против Бешикташ.

Во останатите мечеви кои денеска се играа во ЛШ: Бешикташ – Прешов 22:28, Монпелје – Вардар 24:27, Веспрем – Киелце 29:27 и Кристијанштад – Мешков Брест 30:32.

Манчестер ј. стави крај на серијата на Вотфорд (Видео)

Манчестер јунајтед славеше со 2:1 на гостувањето кај Вотфорд, во меч на кој заврши перфектната низа на домаќините во новата сезона од Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ започнаа силовито уште и уште во првото полувреме стигнаа до предност од 2:0.

Ромелу Лукаку погоди во 35 минута, а само три минути подоцна погоди и дефанзивецот Крис Смолинг. Во второто полувреме Вотфорд успеа само да даде почесен гол преку Креј во 65 минута. До пред овој меч, Вотфорд имаше четири победи во четирите средби, но тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ја најде вистинската против игра.

Со оваа победа, Манчестер стигна до 9 бода, додека Вотфорд и покрај поразот, е во горниот дел од табелата, односно на 4 место.

https://youtu.be/gQ4C9zUBFuo

Магија на голот на Вардар – три одбрани за 5 секунди (Видео)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев беше еден од најзаслужните што Вардар победи на гости кај европскиот првак Монпелје. Милосављев имаше 15 одбрани, а посебно впечатливи беа трите одбрани во низа, во 24 минута, при резултат 9:9.

https://youtu.be/qPJtEGZkUr8

Вардар има вистинска замена за Арпад Штербик – Милосављев е нов херој

Играчите кои беа главни ѕвезди во тимот на Вардар во претходните неколку сезони, летово си заминаа од „Јане Сандански“. Сепак, блесокот на Вардар не згасна, туку се покажа дека „црвено-црните“ планираат да продолжат со блескавите настапи во ракометната Лига на шампиони.

Во првото коло од групната фаза, Вардар на гости го победи актуелниот европски првак Монпелје со 27:24. Во текот на целиот меч Вардар играше одлично, а еден од најзаслужните за победата е голманот Дејан Милосављев.

Српскиот чувар на мрежата за прв пат во кариерата бранеше во Лигата на шампиони и блесна. На крајот од средбата заврши со 16 одбрани и едноставно ги откажа ракометарите на францускиот тим. Милосављев во првиот дел имаше 9 одбрани, а во второто полувреме ги сопре можеби и најважните удари.

Вардар во изминативе неколку годиниткму на голот го имаа својот херој. Тоа беше Арпад Штербик. Докажаниот чувар на мрежата многу пати беше спасител на тимот. По неговото заминување, беше дилема дали Вардар ќе успее да најде соодветна замена за најдобриот голман во светот. Со одбраните на мечот против Монпелје, Милосављев покажа дека навивачите на Вардар добија нов херој и миленик.

Вардар го победи европскиот првак!

Македонскиот првак Вардар и оваа сезона ќе биде еден од главните клубови во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ тоа го покажаа со победата во првото коло од елитната ракометна лига и тоа на гости кај актуелниот европски првак Монпелје (27:24).

Иако летово од Вардар си заминаа неколку ѕвезди кои беа дел од тимот во изминативе сезони, македонскиот првак покажа дека ја нема загубено силата. Вардар одигра блескаво на теренот на Монпелје. Уште од првата минута избраниците на тренерот Парондо покажаа дека не се плашат од силата на европскиот првак.

Во текот на целото прво полувреме, двете екипи се менуваа во водство, за да во последните секунди Чупиќ со гол од пенал донесе водство на Вардар од 12:11. Нашиот првак започна одлично во второто полувреме и поведе со 14:11. Предноста од три гола „црвено-црните“ ја чуваа се до 40 минута (18:15).

Тогаш следуваа две исклучувања за Вардар и во тие четири минути, Монпелје со серија од 4:0 стигна до првото водство во вториот дел (19:18). Тоа не ги збуни играчите на Вардар, па многу брзо ја вратија предноста 20:19 и до крајот не застанаа. Во 55 минута Вардар поведе со 25:22 и покажа дека победнички ќе си замине од гостувањето кај европскиот првак.

Вуко Борозан со 8 голови беше најефикасен, а одличен беше и Иван Чупиќ со 6 погодоци без ниту едно промашување. Дејан Милосављев блескаше на голот и имаше 16 одбрани.

Европскиот првак од пред две години го победи актуелниот шампион. Вардар уште еднаш ја покажа силата.

Лион и со два играчи повеќе не успеа да го совлада Каен

Лион избегна пораз на гостувањето кај Каен, откако гостите постигнаа изманувачки погодок за 2-2 во финишот на средбата. Капитенот Фекир од слободен удар донесе водство за Лион во 45-тата минута од првото полувреме, а во вториот дел Каен направи комплетен пресврт, иако цели 35 минути играше со фудбалер помалку, меѓутоа не домашните фудбалери не издржаа во последните минути.

Буву го најави пресвртот во 53-тата минута со погодок од пенал, две минути подоцна судијата му додели директен црвен на дефанзивецот Џику. Сепак, со играч помалку на теренот Каен дојде и до втор гол, Ониаге во 73-тата минута погоди за 2-1, додека левиот бек на Лион, Ферланд Менди го спаси својот тим од трет пораз во француското првенство сезонава. Во 95-тата минута од судиското надополнување, главниот арбитар додели нов црвен картон за Каен, но, веќе беше неважно бидејќи не влијаеше врз резулатот.

 

Мејведер најави нов спектакл – Ќе има реприза од „борбата на векот“

Поранешниот светски шампион во супер-лесна и лесна категорија, Флојд Мејведер, преку социјалните мрежи најави нов боксерски спректакл. Непоразениот боксер се подготвува за нова борба против Мани Пакјао, откако последен пат се сретнаа во мај 2015 година, во борбата која беше наречена „меч на векот“.

Четириесет и едногодишниот боксер се враќа од пензија, а последен пат во рингот се појави во август 2017 година, во ревијалниот спектакл против Конор Мекгрегор, кого го победи по 10 рунди и оствари рекорд 50-0.

Засега не е познат точниот датум за борбата против филипинскиот боксер, а најверојатно ќе се случи кон крајот на оваа година.