22.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025
Дома Blog Страница 9770

И казнети и среќни – Киево остана без три бода и 200 илјади евра

Киево остана без три бода по одлуката на италијанскиот суд да го казни калчолигашот од Верона поради малверзации на раководството.
И покрај казната, која е надополнета и со парична глоба од 200 илјади евра, во Киево можат да бидат среќни.
Првично, Обвинителството бараше многу подрастична казна и минусирање на 15 бодови во тековното првенство.
Претседателот на популарните „lетечки магариња“, Лука Кампедели, е казнет со тримесечна суспензија.
Раководството на Киево е фатено во сериозни финансиски малверзации со лажно зголемување на цените на играчите.
Кампедели во соработка со дел од раководството на Чезена разменувале фудбалери по цена многу повисока од реалната, а клубот направил ќар од 25 милиони евра.

Победата за Македонија кај Косово ќе вреди повеќе од два бода

Првиот голем чекор за македонската сениорска репрезентација кон враќањети во европската кошаркарска елита треба да биде победа на вечерашното (почеток 20.30 часот, пренос Алфа ТВ) гостување во Приштина, кај соседот Косово.

Доколку „црвено-жолтите“ го поминат косовскиот тест на гостински терен, вратата до место меѓу 32-те најдобри во Европа ќе биде отворена, а низ неа ќе треба да се мине преку подобар меѓусебен биланс против Романија, која в недела ни гостува во Скопје.

Македонскиот национален тим лани гостуваше во Приштина и загуби со 68:72. Конечниот резултат не изгледа страшно, но тој пораз ја спречи Македонија да настапи во квалификациите за Светското првенство 2019. Не смее да се повтори ланското прво полувреме, во кое Косово направи огромни 40:20. Македонија беше подобра во второро полувреме, но само за да избегне катастрофа. Сега доколку одиграме сконцентрирано во сите 40 минути, имаме реални шанси.

„Секогаш е потешко кога се игра на гости, без разлика дали е прв или последен меч од циклусот. Мора да одиграме сконцентрирано и да прикажеме добра игра. Одработивме два тренинга во салата во Приштина и можам да кажам дека играчите се подготвени. Оние кошаркари кои се жалеа на ситни повреди, не пријавија никакви проблеми и тренираа со полн интензитет. Ќе мора да внимаваме на повеќе елементи во играта, да ги спречиме во намерата да ги блокираат нашите играчи, а во ист момент да внимаваме на одбраната, особено над Дардан Бериша, чии квалитети добро ги знаеме. Многу ќе ни биде полесно понатаму ако успееме оваа фаза да ја отвориме со гостинска победа“, вели селекторот Јорданчо Давитков, кој вчера наполни 55 години.

Косово е во црна серија од шест порази по ред, последната победа им е над Естонија, на домашен терен на 19-ти август 2017, и таа победа ја исфрли Македонија од место во квалификациите за СП.

Во понудата на SPORT LIFE, Македонија е фаворит. Квотата за победа на нашите е 1.40. Коефициентот за победа на Косово е 2.95, а за нерешено по 40 минути игра, квотата е 16.0.

Ривалство кое завршувало и со тепачки на теренот

Кошаркарските дуели меѓу Србија и Грција често знаат да бидат вистинска класика. Големите ривали вечерва ќе играат во квалификациите за пласман на Светското првенство. Грција е домаќин, но Србија најавува дека оди на победа.

По досегашните шест кола во групата, Грција е перфектна со шест победи, но ниеднаш нема играно со Србија, ниту со Германија, кои се главните ривали. За разлика од Грците, Србија веќе претрпе два порази во групата, и двата во дуелите со Германија.

Првопласираните три селекции одат на завршницата на Мундијалот, што значи дека покрај Германија, токму Србија и Грција треба да се најдат на завршницата. Сепак, секогаш е големо задоволство да се победи лутиот ривал. За тоа какви може да бидат дуелите на овие ривали, потсетува и мечот од 2010 година, кога на пријателски турнир на теренот се случи масовна тепачка. Сега не би требало да излезат работите од контрола, но сигурно дека ќе има „искри“.

Грците најавија дека ќе бидат во најсилниот состав, но и покрај тоа, гостите се фаворити. Србите најавија дека ќе атакуваат на двата бода за да ја продолжат низата од четири победи што ја имаат против Грција.

Во ваква ситуација, кога Србија е фаворит, а и традицијата е на нејзина страна, како предлог тип за денеска нудиме 2-2, односно Србија да води на полувреме и на крајот да се радува на триумф. За ваков расплет, во обложувалниците на SPORT LIFE коефициентот е 2.25.

Само за победа на Србија, коефициентот во SPORT LIFE е 1.65, додека триумф на Грција „вреди“ 2.25. Евентуално драматично реми е со коефициент 12. „Границата“ за вкупно поени е на 155,5 поени.

Нема бегање од нов дуел – Вардар против Македонија Ѓ.П дерби во 1/8-финалето на Купот

Локалното скопско дерби меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе биде во фокусот на осминафиналните мечеви во националниот Куп на Македонија.
Ждрепката што се одржа денеска сакаше двете екипи да играат меѓу себе по четврти пат во кус рок од околу еден месец.
Најмногу ќари второлигашот Кораби, кој ќе биде слободен и директно го мина осминафиналето.
Бранителот на трофејот, Шкендија, ќе м у биде домаќин на второлигашот Кит-Го, а и останатите дуели ќе бидат интересни.
Првите дуели ќе се играат на 19-ти септември, а реваншите се три недели подоцна.

Двојки, осминафинале, Куп на Македонија:
Вардар – Македонија Ѓ.П., Шкендија – Кит-Го, Брегалница – Академија Пандев, Пелистер – Беласица, Гостивар – Победа, Скопје – Силекс и Тиквеш – Работнички. Слободен е Кораби.

Обложување вредно 100.000 долари: „Рака-сатар“ на Аренас (Видео)

Поранешниот НБА-кошаркар Гилберт Аренас го прифати предизвикот на играчот на Лос Анџелес лејкерс, Ник Јанг, за тоа кој може да погоди повеќе тројки. Бек-шутерот на Лејкерс го провоцираше Аренас велејќи дека е премногу стар и дека нема да може да погоди ниеден удар за три поени. Дури решија да се обложат на 100.000 долари.

Аренас го прифати предизвикот, донесе торба полна со пари и се фати за баскетот. Дека воопшто не е стар за да погодува од далечина, Аренас покажа на најдобар можен начин. Од пет позиции зад линијата за три поени упати 100 шута, а погоди неверојати 95 пати.

Јанг, кој постојано провоцираше, сега воопшто го нема да се појави со коментар. Негова задача ќе биде да го надмине овој рекорд на Аренас, што ќе биде неверојатно тешко.

Србија не смее да си дозволи кикс против Камерун

По синоќешниот пораз од Соединетите Американски Држави, Србија денеска не смее да претрпи нов неуспех на Светското првенство. Во рамките од групата Ц, Србија е апсолутен фаворит во дуелот против Камерун, иако ситуацијата на табелата покажува дека африканската селекција е со три бода, а Србите имаат еден бод.

„Штета што во првиот меч на турнирот нè победивме. Тоа беше важен меч, можеби и решавачки за поминување во следната фаза. Сега ќе мора да ја поправиме ситуацијата на следните мечеви. Турнирот е многу долг. Сега нè очекува дуел против Камерун и треба да го добиеме“, вели блокерот на српската репрезентација, Марко Подрашчанин.

Мечот меѓу Србија и Камерун ќе започне во 20.30 часот, а денеска на програмата се уште и дуелите меѓу Египет – Канада, Порторико – Полска, Австралија – САД, Доминиканска Република – Јапонија, Бразил – Франција, Иран – Бугарија и Италија – Белгија.

Бркаме трета победа на 13-ти септември

Настапите на македонската машка кошаркарска репрезентација во минатото покажуваат дека „црвено-жолтите“ во нивната 25-годишна историја трипати играле официјални мечеви на овој датум, 13-ти септември. Билансот е позитивен, 2-1, а желбата е да се дојде до хет-трик.
Првиот меч одигран за 13-ти септември беше оној против Израел, во 2006 година. Таа средба беше во рамките на квалификациите за Европското првенство 2007. Македонија тогаш загуби и не успеа да се најде на завршницата, на која тогаш играа 16 тима.
Но, тоа што беше испуштено учество во 2007, го надоместивме две години подоцна. Македонија играше на Евробаскетот во 2009 година и токму таму, на завршницата во Полска, во втората групна фаза, на 13-ти септември успеавме да ја совладаме Германија.
На тоа ЕП во 2009, Македонија се најде и благодарение на победата над Летонија во квалификациите. Тој триумф над Летонците во тогаш новата сала „Борис Трајковски“ во летото 2008 година ја отвори вратата за влез на континенталниот шампионат.
Денеска, на 13-ти септември 2018, Македонија повторно почнува битка за влез на ЕП. Победа над Косово би била добредојдена и значаен чекор кон остварување на амбицијата најпрвин да се најдеме во квалификациите, а потоа и на завршницата.

Со народна носија на терен – Минхен 1860 има дресови во чест на Октоберфест

Фудбалерите на германскиот третолигаш Минхен 1860 ќе носат една гарнитура дресови во чест на познатиот Октоберфест.
Во препознатливите сино-бели бои, дресот е посветен на манифестацијата по која е познат градот Минхен, но и Баварија.
Првиот меч со новата гарнитура дресови Минхен 1860 ќе го игра против Вехен на 22-ри септември.
Минхен 1860 е најстариот фудбалски клуб во Германија, формиран е во 1860 година, а сега ќе биде препознатлив и по дресовите со симболи од народната носија на Баварија, руво во кое домашното население доаѓа на Октоберфест.

Гвардиола најави дека ќе се врати во Барселона

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри дека сака тренерската кариера да ја заврши на местото каде што ја започна, а тоа е Барселона. Гвардиола ја започна тренерската кариера како предводник на тимот од „Камп ноу“ во 2008 година и таму остана до 2012.

„Ќе ја завршам тренерската кариера на местото каде што сè започна за мене, а тоа е во Барселона. Се надевам дека последните чекори како тренер ќе ми бидат на „Камп ноу“. За начинот на којшто ги водам тимовите можам да кажам дека каде и да бидам тренер, стилот на игра ќе биде тој“, вели Гвардиола.

Под водство на Гвардиола, каталонскиот гигант освои дури 14 трофеи во сите најважни натпреварувања и покажа дека е еден од најдобрите стратези во светот. По Барселона, Пеп три години беше на чело на Баерн Минхен, а сега со Манчестер сити е актуелен првак на Англија.

Има сигнали од Џенова – Горан Пандев гостин на легендарната „Бомбонера“

Горан Пандев, неговите соиграчи и сите од фудбалскиот клуб Џенова се во славеничко расположение по повод 125-годишниот јубилеј на еден од најстарите клубови на светот, а круна на прославата би бил двомеч со Бока јуниорс.

Такви сигнали има од Џенова, за можен двомеч со братскиот клуб од Аргентина, што би било спектакуларно и за капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.
Меч на легендарната „Бомбонера“ како еден од моментите за паметење во кариерата на 35-годишниот струмичанец.
Џенова и официјално е првоформираниот фудбалски клуб во Италија, основан на 7-ми септември 1893 година, а интересно е пријателството со Бока јуниорс, еден од најславните клубови во историјата на фудбалот.

Клубот на Марадона, Каниџа, Рикелме, Руџери, Палермо… и уште на стотина светски познати фудбалери кои го носеле „сино-жолтиот“ дрес на Бока јуниорс, е формиран од емигранти од Џенова. Именуван е по пристаништето во Џенова, популарното „Бокадазе“, па од 1905 година, кога е основан аргентискиот гигант, трае нераскинливото пријателство меѓу двата клуба.

Еден од многуте симболи на Бока јуниорс е стадионот „Алберто Армандо“, или многу попознат како „Ла Бомбонера“, легендарно здание, едно од десетте најпознати во светот со: бразилска „Маракана“, „Сантијаго Бернабеу“, домот на Реал Мадрид, „Камп ноу“ на Барселона, „Олд Трафорд“ на Манчестер јунајтед…