32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025
Дома Blog Страница 9768

Добра втора четвртина и скромна поддршка за Македонија

Македонската репрезентација води против Романија со 43:35 по првото полувреме од натпреварот од претквалификациите за Евробаскетот 2021. Нашите имаа и плус 10 (40-30), но гостите намалија во последната минута од првото полувреме, пред Војдан Стојановски да погоди тројка.

Романците се покажаа како тим кој е цврст во рекетот, но шутот од далечина им е послаба страна (3/19). Стојановски и Трајковски имаат 13 односно 12 поени, а кај гостите најдобар е Каце со 10 поени и три блокади.

Атмосферата во салата „Борис Трајковски“ е прилично мирна, околу 800 гледачи се на трибините и повремено аплаудираат на добрите потези на нашите репрезентативци.

Новиот голем семафор во салата, својата промоција ќе ја има на некој нареден настан.

Вест хем конечно се разбуди од кошмарот и победи

Вест хем конечно стигна до бодови по пет кола во Премиер лигата, откако „чеканите“ славеа на гостувањето против Евертон со 3-1. По четири порази во низа, избраниците на Мануел Пелегрини се разбудија од кошмарот и проработеа кога беше најпотребно.

Јармоленко го отвори резултатот во 11-тата минута по асистенција на Арнаутовиќ, па по точно 20 минути подоцна Украинецот го запиша и својот втор погодок на мечот, воедно и во сезоната. Во истекот на првото полувреме Сигурдсон го намали водството на гостите, меѓутоа Арнаутовиќ во второто полувреме не дозволи изненадување и го реши победникот на мечот. Во 61-та минута стрелаше за конечни 3-1 на „Гудисон“, нанесувајќи им го првиот пораз на Евертон за оваа сезона.

 

Вардарови феномени ги победуваат сите проблеми (Фото)

Вардар има многу проблеми сезонава, фудбалерите немаат земено плата неколку месеци, но на феноменален начин најтрофејниот клуб кај нас се бори со ситуацијата.

Имаше дури и најава за штрајк, но вардарци одлучија да бијат битка таму каде што најдобро знаат, на терен. Со пресврт го добија старото скопско дерби против Шкупи, со максимална желба за победа покажаа дека се вистински борци и над сите проблеми, па сега е време за славје.

Главен во вакви ситуации е голманот Филип Гачевски, а коментарот му е едноставен и убаво ја отсликува ситуацијата во Вардар.

„Феномени“, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Барди и Леванте влегоа во серија без победа

Енис Барди и Леванте не успеаја да ја прекинат серијата без триумф, која сега изнесува три меча по поразот од Есањол. Екипата од Барселона беше подобра денеска и славеше со 1:0.

Барди го одигра целиот меч, но без позначаен ефект, а немаше ниту посериозна ситуација за него, да го презентира силниот и прецизен шут од слободните удари.

Победата на Еспањол ја донесе Серхио Гарсија со погодок во 52. минута, што го исфрли Еспањол на четвртата позиција со 7 бодови.

Леванте трет меч е без победа во Ла Лига, по стартниот триумф против Бетис во Севилја со 3.0. Формата на тимот од Валенсија е во надолна линија, а позицијата и не им е толку лоша. Со 4 бодови Леванте моментно е на деветтото место во најсилната шпанска лига.

 

Хет-трик на Ибраими, Шкендија го декласира Работнички со 6:2

Шкендија си поигра со Работнички, во меч што требаше да биде дерби, а заврши со неверојатни 6:2 за шампионот. Во второто денешно дерби од петтата рунда во домашното првенство Вардар беше подобар од Шкупи и славеше со 2:1.

И што е интересно и двата главни денешни дуели започнаа со предност на гостите. Работнички поведе со голот на Петар Петковски, за потоа да доживее вистински бродолом. Мици, Ибраими и Бојку со голови во кус период од само 180 секунди во финишот на првиот дел направија комплетен пресврт, па Шкендија замина на полувреме со предност од 3:1.

Во продолжението Ерера си постигна автогол, Стјепановиќ намали на два голови разлика, но се разигра Ибраими. Најдобриот стрелец на Шкендија и во ланскиот шампионат постигна два гола во 76. и 83. минута за конечни и убедливи 6:2 за шампионот.

И Шкупи како гостин поведе против Вардар со голот на Сержињо во 29. минута, а пресврт и победа за најтрофејниот македонски клуб донесоа Лира и Новак со голови во 53. и 62. минута.

По поразот на Работнички сега лидер повторно е Академија Пандев. Струмичани го декласираа Силекс со 3:0, со три погодоци во вториот дел и се искчаи на врвот со 12 бодови. Дориев постигна два гола, а еднаш мрежата на кратовци ја затресе Илиев.

Победа со погодокот на Мустафов во деветтата минута ја победи Ренова, а единственото реми и бод за гостите денеска го освои Беласица против Македонија Ѓорче Петров. Мечот заврши без голови.

Табела: Академија Пандев 12, Шкендија и Вардар по 11, Работнички 9, Победа 8, Силекс 5, Ренова 4, Македонија Ѓ. П. 3, Шкупи и Беласица по два бода.

Роналдо го проби мразот со два гола против Сасуоло (Видео)

Кристијано Роналдо го проби мразот и ги постигна првите голови за новиот клуб Јувентус. Против Сасуоло популарниот ЦР 7 со два гола му донесе победа на шампионот од 2:1.

Долго се чекаше на дебитантскиот погодок на Роналдо за Јувентус, а често се правеа и споредби на неговите блескави игри во Манчестер јунајтед и особено за Реал Мадрид, наспроти нешто послабиот старт во третиот гигант во неговата кариера, Јувентус.

Во првите три кола од Серија А, Кристијано беше тивок, не успеваше да ги затресе противничките, но постот не можеше да трае предолго. Првиот гол го постигна во 50. минута, а потоа се запиша во листата на стрелците и во 65. минута.

Сасуоло намали во финишот на мечот со голот на Кума Бабакар.

Причина за радост има и Горан Пандев, по победата на неговата Џенова против Болоња. Победата ја донесе Кшиштоф Пјатек со погодок во 69. минута, а капитенот на македонската репрезентација само 7 минути претходно беше заменет.

Без победник со резултат 1:1 заврши мечот меѓу Удинезе и Торино.

https://www.youtube.com/watch?v=I9lHPbkk2NA

https://www.youtube.com/watch?v=kicInmKBiGY

Волците имаат заби и за Премиерлигата

Вулверхемптон ја забележа втората победа, откако се вфрати во Премиерлигата и со голот на Раул Хименез славеше против Барнли.

Мексиканецот погоди во 61. минута и ја круниса иницијативата на популарните „Волци“. Вулверхемптон имаше повеќе шанси, доминираше, но и голот на Хименез беше доволен за три бода.

Ова е прва победа на Вулверхемптон против Барнли по цели 9 години и триумфот од 2:0 во 2009 година.

Моментно по пет кола „Волците“ се на деветтата позиција со 8 бодови, а Барнли е претпоследен со само еден бод.

Хамилтон не го дава врвот, победи и во Сингапур

Луис Хамилтон е победник на атрактивната ноќна трка во Сингапур на „Марина Беј“ и со новиот триумф е многу блиску до нова титула во Формула 1.

Британецот тргна од пол-позицијата и успеа да ја задржи до крајот, па сега има цели 40 бодови предност пред Себастијан Фетел на шест трки до крајот на шампионатот.

За Хамилтон ова е четврта победа во Сингапур и тој е на прагот на петтата титула во кариерата. Како второпласиран со околу 8 секунди задоцнување трката ја заврши Марк Ферстапен, а зад него е главниот ривал на Хамилтон, Себастијан Фетел.

Германецот имаше и пех се судри на патеката со Перез и загуби доста време, па мораше да се задоволи со третата позиција.

Бодови освоија и Ботас на четвртото место, потоа и Раиконен, Рикардо, Алонсо, Саинц, Леклерк и Хулкенберг.

O’Нил: Сега би давал по 50 поени на меч

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил реши дека е време малку да ги искритикува сегашните играчи во најсилната лига во светот. Еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА, вели дека сегашниот начин на игра е многу поразличен од порано и дека тоа би му овозможило да биде многу поефикасен, ако се најде на теренот.

„Денеска да играм во НБА лигата, на секој меч ќе давам по 50 поени, без да се сметаат слободните фрлања. Играчите сега не играат физички, туку само знаат да плачат и да се жалат“, вели О’ Нил, кој во својата кариера освои вкупно четири титули во НБА.

Шекил три пати беше првак со Лос Анџелес лејкерс, а еднаш го крена трофејот со Мајами хит. Тој се чуди како сегашните центри не сакаат да играат под кош. Некои дури и се извлекуваат зад линијата за три поени и шутираат.

„Не би требало да шутираат тројки. Големите момци не го прават тоа на теренот, бидејќи играат под кош“, објаснува легендарниот О’Нил.

 

Синиша Михајловиќ ја подготвува Ѕвезда за дуелот со Наполи

Фудбалерите на Црвена ѕвезда после 26 години повторно се дел од елитното европско друштво, а за играњето во Лигата на шампионите, им дојде помош од човек кој има голема заслуга за титулата европски првак во 1991 година.

Синиша Михајловиќ по завршувањето на играчката кариера, почна да работи како тренер и досега беше на клупата на шест италијански тимови, и одлично ги познава приликите на Апенините, па неговите совети секако се добредојдени. Прв противник на белграѓани во ЛШ им е италијанскиот Наполи, со кого ќе играат во вторник.

Михајловиќ десет дена работел околу тактичката подготовка заедно со шефот на стручниот штаб Владан Милојевиќ. Тој добро ги познава замислите на тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, а колку тоа ќе може да се примени на тревнатиот терен на стадионот „Рајко Митиќ“, ќе се види во вторник.