Важно е да си прв – Едните први се откажаа, вторите први почнаа, европската круна е резервирана за Германците, или за Французите

Две германско-француски пресметки во полуфиналето во Лигата на шампионите е историски подвиг во луксузната лига, што никогаш досега не се случил, а Лајпциг против Пари Сен Жермен и Баерн со Лион ќе одлучуваат во Лисабон кој ќе игра во големото финале на „Луж“ на 23. август.

Од 1991 година кога Црвена Ѕвезда стана европски првак до ова издание, или цели 29 години подоцна за првпат се случува во полуфиналето да нема шпанска, англиска, или италијанска лига.

Апсолутната доминација на екипите од Топ-5 лигите во Европа е очигледна и очекувана, со оглед на буџетот на екипите, но сега се пишува историја во најчудната сезона во фудбалот, поради пандемијата со корона-вирус.

Важно е да си прв во нешто, велат фудбалските експерти, а и Германците и Французите сезонава беа лидери, секој на свој начин.

Французите први и единствени од Топ-5 лигите, во кои влегуваат и германската Бундеслига, англиската Премиерлига, шпанската Ла Лига и италијанската Серија А одлучија да го прекинат првенството и воопшто да нема рестарт.

Популарната Лига 1 не продолжи во јуни, или јули, како останатите четири првенства, па иако имаше бунт, особено од Лион и од екипите што испаднаа, ПСЖ беше прогласен за првак, а фудбалот за сезоната 2019/20 и фактички заврши во март со прекинот поради пандемијата со корона-вирус.

Тоа очигледно се покажа како исправно решение од фудбалската федерација на Франција, екипите имаа повеќе време за одмор и за првпат земјата светски првак во фудбал има два полуфиналисти во Лигата на шампионите.

И Германците беа авангарда во сезоната што ја одбележа масовната пандемија со Ковид-19. Тие беа мудри, малку и ризикуваа, но одлучија први од Топ-5 првенствата во Европа да ја рестартираа Бундеслигата.

Се рестартираа во средината на мај, многу пред сите останати големи европски лиги и тоа се покажа како правилна одлука, па и тие имаат два претставника во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Интересно е што во нокаут фазата се знаеше дека не може да има само германско, или само француско полуфинале, ако Баерн и Лајпциг, односно ПСЖ и Лион дотуркаат до оваа фаза од натпреварите, па ќе гледаме две интересни германско-француски пресметки во Лисабон.

Лајпциг и ПСЖ ќе играат на 18. август во вторник на „Луж“ од 21 часот, а следниот ден во среда на 19. август во истиот термин, но на „Жозе Алаваладе“ Баерн и Лион ќе играат за пласман во големото финале.

Мечот за титула ќе се игра на 23. август од 21 часот на стадионот на Бенфика, на „Луж“ во Лисабон.

Според коефициентите во Sport Life каде веќе од денеска мкожете да се обложувате на конечен победник во Лигата на шампионите топ-фаворит е Баерн.

За Баварците коефициентот е 1.55 дека ќе бидат новите европски шамоиони, а зад нив е ПСЖ со квота 3.50. Лајпциг и Лион се аутсајдери со коефициенти од 10, односно 17.

Понудата на Sport Life за Лигата на шампионите можете да ја погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести