Доби втора шанса: Игор на поправен добротворен тикет за помош на колега

Само еден погодок недостасуваше за да го имаме првиот погоден добротворен тикет, меѓутоа Интер ја расипа комбинацијата на атлетичарот Игор Јакимовски во дуелот против Лече. Се чекаше втор гол и победа на Нераѕурите, но 1-1 остана како конечен резултат.

Па околу 10 месеци подоцна, Јакимовски доби втора шанса, односно да направи поправен добротворен тикет за Sport Life, овојпат со посебна замисла каде ќе ги донира парите доколку неговата нова комбинација биде добитна.

Со голема самодоверба и детална анализа за одбраните седум типови, Јакимовски вели дека доколку ги погоди, сумата ќе ја донира на свој колега во мајката на спортовите, атлетичар ветеран кој повеќе од 20 години трча на професионално ниво, меѓутоа не располага со потребната опрема.

„Имав голема желба да го погодам тикетот и средствата да ги донирам за спортска опрема на еден наш познат атлетичар ветеран кој целата своја кариера трча со целото свое срце за Македонија во многу скромни животни услови. Се надевам дека овојпат ќе успеам и ќе ги погодам сите седум натпревари од овој викенд”, посочи популарниот Вуци.

Sport Life обложувалници веќе цела деценија го подржуваат Јакимовски во сите спортски предизвици во кралицата на спортовите, како и атлетичарите кои тренираат под негово крило, Дарио Ивановски и Адријана поп Арсова, неспорно двајцата најдобри македонски претставници во историјата на овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести