10.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025
Дома Blog Страница 10052

Почна „сезоната на повреди“ за Бејл

Герет Бејл откако е дојден во Реал Мадрид во 2013 година, секогаш се повредува во рана есен. Речиси секоја сезона тој добива повреда уште во септември, освен во 2014, кога издржа да не се повреди „дури“ до октомври.

Синоќа Бејл беше заменет на полувреме поради повреда, која е негова 20-та повреда откако настапува за најтрофејниот европски клуб. Бејл имал болки во десната препона.

Сезонава Бејл треба да биде лидер на Реал по заминувањето на Кристијано Роналдо, врз него има поголем товар и притисок, но продолжува да важи како „стаклен“ играч, на кој тимот не може да се потпре на долги патеки. Тој игра добро, дава голови, асистира, но повторно е запрен во кобниот септември.

Реал има проблем со реализацијата и евентуално подолго отсуство на Бејл ќе биде сериозен хендикеп, бидејќи во аут се и Иско и Марсело. Иако Бејл играше добро, Реал против Атлетико многу поубава игра прикажа без него, па Бејл поради повредите може и да го загуби загарантираното место како стартер.

 

 

Вилјареал дома не победил од 5 мај

После вчерашниот ден, пребогат со фудбалски дербија низ Европа, денешната недела е релативно мирна, но за редовните обложувачи во SPORT LIFE и тоа како има интересна понуда, и голем избор на натпревари за играње. Издвојуваме пет меча од петте најсилни лиги во Европа.

Вилјареал – Валјадолид (16.15 часот)

Овие два тима пет години не играле меѓусебе, па така и традицијата не може да биде некој показател, но Вилјареал е фаворит за освојување на трите бода. Вилјареал две кола по ред нема примено гол, а Валјадолид во минатото коло дојде до првата победа и истотака ја крева формата. „Жолтата подморница“ ја брка првата домашна победа дома. На „Естадио де ла Керамика“, Вилјареал не славел уште од 5 мај, и редно да ги израдува верните фанови.

Предлог тип: 1& 1+ пол. (2.15)

 

Aугзбург – Фрајбург (18 часот)

Аугзбург е тим кој на сите мечеви сезонава и даваше и примаше гол, Фрајбург редовно постигнува барем по еден гол, па затоа и овојпат предлагаме да се игра ГГ. Фрајбург има две победи по ред, но и домашните имаат големи мотиви да останат непоразени. Двата тима имаат доста играчи на листата на повредени или недоволно залечени.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.50)

 

Сасуоло – Милан (20.30 часот)

Сасуоло е најпријатно изненадување сезонава, покажа дека може да се надигрува со секого, загуби само од Јувентис кој добро го препотија во Торино, и ретко игра нерешено. Од друга страна, Милан не ги испорачува посакуваните резултати. Не губи, но ретко победува. „Росонерите“ на претходните две гостувања кај Сасуоло, победуваа без да примат гол, но сега задачата ќе биде потешка.

Предлог тип: Х2 & 2-4 гола (2.15)

 

Кардиф – Барнли (17 часот)

Последните три меѓусебни дуели на овие два тима завршија нерешено, а од последните девет пресметки, на дури седум немаше победник. Затоа, најреално е и сега мечот да заврши мирољубиво, и двата тима да освојат по еден бод. Кардиф сезонава во Премиерлигата има дадено само три гола, а и Барнли не е нешто претерано ефикасен, ако не се смета оној меч со Борнмут кога во целта погодија четири пати.

Предлог тип: Х (3.05)

 

Лил – Марсеј (21 часот)

Лил е во налет, а Олимпик Марсеј има проблеми со повредите. Двата тима имаат ист број на бодови, се обидуваат да држат чекор во битката за второто место бидејќи титулата е „резервирана“ за ПСЖ. И Лил и Марсеј имаат само по едно реми сезонава, а во сите други мечеви или победуваа или губеа. Лил пет години не знае за домашна победа над Марсеј, но гостите ја имаат втората најлоша одбрана во лигата.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.98)

 

Металург е подготвен за првото домаќинство во „Јане Сандански“

Екипата на Металург ќе се обиде да дојде до првата победа во мечевите од групата Ц од Лигата на шампионите, а гостин е Татран Прешов, кој после две кола има две победи. Овој натпревар од 17 часот се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде Металург првпат во својата историја ќе ја има улогата на домаќин.

Играњето во домот на ривалот Вардар, за Металург не треба да претставува преголем хендикеп, иако се навикнати да настапуваат во „Борис Трајковски“. Поддршката од трибините нема да изостане, а и честопати имаат играно во поновиот спортски објект.

Тренерот на Татран, прославениот хрватски поранешен ракометар Славко Голужа, мисли дека неговата екипа во Скопје ја чека тежок натпревар.

„Металург има млад тим и игра одлично на домашен терен. Во Лисабон овој тим беше рамноправен во првите 40 минути, а одлично одигра и против Бешикташ во Скопје. Ние со респект мораме да му пристапиме и да одиграме најдобро што можеме. Не се плашиме од никого, но мораме да бидеме внимателни“ – предупредува Голужа.

Металург и Татран имаат доста меѓусебни дуели во СЕХА лигата, а двапати се сретнаа и во ЛШ. Гостите од Словачка се фаворити, поискусни се, а тимот на тренерот Данило Брестовац треба да го поправи впечатокот после првите два порази со по осум гола разлика.

Татран не е екипа од самиот врв на европскиот ракомет и затоа сметам дека против нив можеме да се надигруваме. Можеме да им парираме во 5-1 одбраната, за да не им дозволиме шутеви од далечина, од каде се исклучително силни. Нам ни недостигаат лесни голови. Нашиот најголем проблем е што младите тешко излегуваат од криза, кога доаѓаме во ситуација да бидеме во резултатска негатива. Проблемот го наоѓам во ротацијата. Кога би имаме уште двајца квалитетни играчи, тогаш би немале такви проблеми. Ни треба ракометар кој ќе игра во двата правци за да дојдеме до тимот кој го посакуваме и кој тим би одиграл и квалитетна 6-0 одбрана“ – рече Брестовац.

Дончиќ си поигруваше со „патките“

Погодуваше тројки, тешки шутеви стоејќи на една нога, го изблокира противничкиот играч Џастин Хамилтон кој е висок 214 сантиметри. Сето ова го правеше Лука Дончиќ на својот прв пријателски натпревар во дресот на Далас маверикс.

Словенецот кој со 19 години е дебитант во НБА лигата, на дуелот со Пекинг дакс, кој „дивите телиња“ го добија со 116:63, покажа дека ќе има што да покаже и во најсилната лига на светот. Дончиќ за 29 минути, застана на 16 поени, шест скока, три блокади и две асистенции. Во првото полувреме, тој беше користен како крилен центар, а потоа во второто беше во улога на плејмејкер, како организатор на играта.

Иако кинескиот тим не е противник со НБА квалитет, сепак играта на Дончиќ на првиот меч во Далас беше ветувачки и охрабрувачки за него пред наредните далеку посериозни предизвици.

Деби како член на Далас имаше и Деандре Џордан, со 9 поени, 8 скока и четири асистенции.

Лопетеги: Не заслуживме бод, бевме подобри од Атлетико

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа градско дерби за заборав. 0-0 на „Сантијаго Бернабеу“ е конечниот исход од мечот кој не наликуваше на судир на два големи гиганти. По една или две шанси на двете страни, главни актери на мечот беа голманите Облак и Куртоа, кои си ги сочуваа мрежите. Предводникот на „кралевите“, Хулен Лопетеги, смета дека неговата екипа требаше да добие повеќе од еден бод од оваа средба.

„Одговорот на прашањето зошто не победивме е многу едноставен: Не постигнавме гол. Не сум задоволен од еден бод, заслуживме многу повеќе од тоа. Сметам дека бевме подобри од Атлетико, особено добро игравме кон крајот на првото полувреме, и во поголемиот дел од второто. И покрај повредите и примораната замена на Бејл на полувреме, имавме шанси да издвоиме триумф, но не го направивме тоа“, истакна Лопетеги.

Реал на последните четири првенствени меча даде само два гола, и тоа е загрижувачки податок, кој потврдува дека нападот е проблем на кој Лопетеги мора да поработи со својот тим.

Мертенс: Искуството клучен фактор за Јуве

Офанзивецот на Наполи, Дрис Мертенс, го отвори резултатот во дербито против Јувентус, но двојниот стрелец Манџукиќ и Бонучи донесоа голем триумф од 3-1 за „старата дама“.

„На стартот од средбата игравме многу добро, ја искористивме првата шанса и постигнавме гол. Но, Јуве покажа што значи да се има искуство во вакви ситуации, се вратија од негативата и целосно го контролираа мечот. Ние можеме само да жалиме што не ги искористивме приликите да израмниме, иако на теренот останавме со играч помалку. Сѐ уште е рано да се предвидува каков ќе биде крајот на овогодинешниот шампионат, нам ни преостанува да продолжиме да прикажуваме добра игра, како што правевме во изминатиов период“, посочи Мертенс.

Наполи во следното коло го пречекува Сасуоло, додека Јувентус гостува кај Удинезе во рамките од осмото коло во Серија А.

Лампард со Дерби го елиминираше Јунајтед, сега се враќа „дома“

По сензационалниот триумф на Дерби во пенал – рулетот против Манчестер јунајтед, фудбалерите на Френк Лампард ги очекува ново тешко гостување во Карабао Купот, во осминафиналето закажаа пресметка против Челзи. Лампард за прв пат како тренер ќе се врати на добро познатиот терен, на тревата на „Стемфорд бриџ“ каде ја помина речиси цела негова фудбалска кариера.

Ќе се игра и лондонско градско дерби меѓу Вест хем и Тотенхем, додека Арсенал повторно има лесна задача, ќе игра против Блекпул

ОСМИНАФИНАЛНИ ПАРОВИ КАРАБАО КУП:

Челзи – Дерби Каунти

Вест хем – Тотенхем

Бартон – Нотингем Форест

Борнмут – Норвич

Арсенал – Блекпул

Лестер Сити – Евертон / Саутемптон

Мидлсброу – Кристал Палас

Манчестер сити – Фулам

Манчестер сити со 200 милиони фунти тргнува по потписот на Мбапе

Манчестер сити ќе понуди рекордни 200 милиони фунти за ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Пеп Гвардиола верува дека со неговите квалитети, „граѓаните“ ќе можат да конкурираат за трофејот во Лигата на шампионите. Но, за трансферот да се реализира, Сити ќе треба да добие помош од УЕФА, односно од регулациите на финансискиот фер-плеј.

„Светците“ не размислуваат за продажба на младата мега-ѕвезда, попрво би се откажале од Нејмар, отколку да го изгубат предводникот на новата француска фудбалска генерација. Но, доколку УЕФА според истрагата одлучи дека се прекршени правилата на финансискиот фер-плеј од страна на францускиот гигант, ќе немаат многу избор. Случајот сѐ уште се води, па доколку ПСЖ биде казнет, можно е да добијат забрана за трансфери на одреден период, или пак да ги регулираат трошоците со евентуална продажба на Нејмар или Мбапе.

Според англиските медиуми, Сити сака да ја искористи оваа ситуација, па веќе во следниот преоден рок да тргне во офанзива по потписот на Мбапе. Тоа би бил нов трансфер рекорд, а трансферот на Нејмар во ПСЖ за 198 милиони фунти би станал втор најскап во историјата. Мбапе првично за „светците“ играше како позајмен играч од Монако, а летово неговата преселба стана перманентна, по исплатата на договорените 165 милиони фунти, односно 180 милиони евра за Французинот.

Клоп: Требаше да победиме

Само четири дена по средбата во Карабао купот, Ливерпул и Челзи одново ги вкрстија копјата. Овој пат дербито се играше во Лондон, во рамките од Премиер лигата, а двете екипи ги поделија бодовите по ремито од 1-1. Иако Челзи оствари предност и водеше речиси цел натпревар, Ливерпул преку Стариџ израмни во последните минути, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, посочи дека неговата екипа заслужи и повеќе од еден бод.

„Се разбира дека не заслуживме да изгубиме, не заслуживме ниту бод, сметам дека требаше да победиме. Резултатот сепак е реален, двете екипи заслужија да извлечат нешто од овој натпревар, но ние имавме повеќе шанси. Челзи е одлична екипа, со која секогаш тешко се справуваме, но и ние одигравме многу добар меч“, истакна Клоп по мечот.

Парондо: Браво момци, извојувавме голема победа

Вардар извојува нов сензационален триумф во Лигата на шампиони, овој пат на гостувањето кај Веспрем. Вардарци со 27-25 беа подобри од унгарскиот гигант, а тренерот Роберто Парондо по мечот истакна дека е презадоволен од играта на неговите ракометари, особено што покажаа цврст карактер.

„Пресреќен сум, знаевме колку ќе биде тешко да се победи Веспрем, особено на нивен терен. Но, и покрај кратката клупа и повредите, моите момци покажаа карактер, го надоместија отсуството на неколку повредени играчи и одиграа одлично. Сѐ што работевме во изминатиов период го исполнивме, им се заблагодарувам на ракометарите за тоа“, изјави Парондо по мечот.