11.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025
Дома Blog Страница 10051

Тажна е приказната зошто Дибала плачеше по голот против Болоња

Пред неколку дена Јувентус со 2:0 славеше против Болоња, а Пауло Дибала даде еден од погодоците. Веднаш по голот, аргентинскиот напаѓач наместо да се радува, почна да плаче, а потоа со прстот покажа кон небото.

Тажна е причината поради која Дибала го направи овој потег. На тој ден пред точно осум години почина неговиот татко Адолфо. Пауло откри дека смртта на татко му била многу трогателна за него, па дури размислувал и да се повлече од фудбалот.

Сепак, Дибала остана да тренира и сега е дел од еден од најдобрите клубови во светот. Против Болоња доби шанса да игра од првата минута и тоа го круниса со погодок, кој очигледно беше посветен на неговиот татко.

Американците со бронза на СП

Одбојкарите на САД беа главни фаворити за златото, но на крајот мора да се задоволат со бронзениот медал. Откако синоќа беа поразени во полуфиналето од Полска, САД денеска успеа со 3:1 да слави во дуелот против Србија. Првиот сет го доби Србија со 25:23, но потоа Американците лесно со 25:17 го добија вториот сет и израмнија на 1:1 во сетови.

Третиот сет беше решавачки за мечот. Се играше израмнето, а на крајот мораа да се одиграат дури 62 поени, за да САД стигне до 32:30. Србите како да изгубија желба да се надигруваат во четвртиот сет и на крајот САД славеше со 25:19.

Вечерва од 21:15 часот се игра финалето меѓу Полска и Бразил.

Кака се враќа на фудбалските терени?

Бразилецот Кака во многу скоро време би можел да се врати на теренот. Легендата на Милан би требало да го облече дресот на италијанскиот третолигаш Монца. Тоа е тимот кој од пред неколку дена е во сопственост на тандемот Силвио Берлускони и Андриано Галијани.

Берлускони и Галијани се двајцата кои со години управуваа во Милан и тоа во времето кога „росонерите“ освојуваа трофеи. Сега тие повторно се активираа и тоа во тимoт кој е во третата лига во Италија, а прва цел им е да го убедат Бразилецот да се врати во професионалниот фудбал.

На 17 декември минатата година, Кака и официјално се пензионираше. Последен тим за кој настапуваше беше Орландо Сити во САД. Кака ја почна кариерата во Сао Пауло во 2001 година, а од 2003 година пристигна во Милан, каде остане до 2009 година. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“ остана до 2013 година, за да повторно се врати во Милан. Последниот настап за „росонерите“ го имаше во 2014 година.

Се нижат поразите, Металург загуби и од Татран Прешов (24:29)

Македонскиот вицешампион Металург претрпе нов пораз, трет во трите натпревари во Лигата на шампионите, вечерва од Татран Прешов со 24:29.

Гостите од Словачка го скршија отпорот на нашиот претставник во последните 15 минути, па на крајот победија со пет голови разлика.

На полувремето Татран Прешов имаше еден гол предност, 13:12, а потоа успеа да ја задржи и зголеми предноста за максимален учинок и трета победа во ЛШ. Словаците немаат пораз во новата сезона, за разлика од Металург, кој нема победа на седум меча во новата сезона.

Кај поразениот тим со по пет погодоци најефикасни беа Јагањац, Танкоски и Серафимов, а кај гостите се истакнаа Бабиќ со шест погодоци и Лапајне со четири.

Вилјареал ја продолжи голготата, и Ваљадолид ја освои „Естадио де ла Керамика“

Вилјареал ја продолжи голготата што трае од мај на својот стадион „Естадио де ла Керамика“ и повторно претрпе пораз, вечерва од Ваљадолид.

Леонардо Суарес со гол во второто полувреме ја потопи популарната „жолта подморница“, а домаќините немаа ниту среќа. Морено промаши пенал во финишот, а потоа не им помогна ниту долгото судиско продолжение од 7 минути.

 

Сигурен лет на „орлите“, Ајнтрахт го декласира Хановер

Ајнтрахт Франкфурт ја продолжи традицијата од добри игри и резултати против Хановер и денеска повторно го совлада ривалот, овојпат со 4:1.

Домаќините најавија триумф со два гола во првиот дел, а го докусурија Хановер со уште два во второто полувреме. Стрелци за популарните „орли“ беа Н`Дика, Ребиќ, Де Гузман и Јовиќ, а почесниот гол за гостите го постигна Муслија.

По шест кола Ајнтрахт има 7 бодови на десеттата позиција, а Хановер е последен со два бода.

Киево замрзна на минус еден, Пјатек и донесе победа на Џенова

Пјатек-манија повторно владее во Џенова, а полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјатек со два гола и донесе победа на Џенова против Фросиноне од 2:1, на гостински терен.

Пјатек одлично реагираше во клучните 180 секунди, од 33. до 36. минута и со гол ги награди двете асистенции на Кваме за победа на Џенова. Чиано со гол од пенал намали за Фросиноне во 41. минута, а тоа е првиот гол за оваа екипа во Серија А. За Пјатек ова е десетти гол во сите натпреварувања за Џенова, откако пристигна во својот нов клуб летово.

Горан Пандев играше за гостите до 68. минута кога беше заменет. Џенова сега е на делба на шестото место со Лацио и двете екипи имаат по 12 бодови, но тимот на Пандев е со меч помалку.

Замрзнат на минус еден бод остана Киево, по денешниот пораз од Торино. Летечките магариња се казнети со минус три бодови и не успеваат да ја надополнат негативата и по 7 одиграни кола во Калчото. Денеска ги победи Торино со голот на Симоне Заза во 88. минута.

Фиорентина со 2:0 ја победи Аталанта, а вечер играат и Парма со Емполи и Сасуоло против Милан.

Почнаа тренерските смени, си замина и Грнев од Брегалница

По неочекуваниот пораз во Радовиш од Детонит, оставка на позицијата тренер на Брегалница си поднесе Емил Грнев. Во Штип најавуваат дека тоа е само почеток на оставките во штипскиот второлигаш, а прв си замина тренерот.

„Ја превземам одговосноста за слабите резултати на Брегалница и како морален чин си заминувам. И посакувам на Брегалница успеси во иднина“, изјави Грнев.

Пред него и во прволигашката конкуренција имаше оставки, од Јетон Беќири во Ренова, а вчера и од Жикица Тасевски кој го напушти кормилото на Силекс.

Победа пак ќе прави рокада, со Гостивар домаќини на „Могила“

Победа по третпат сезонава ќе менува терен на кој ќе играат како домаќини, па за реванш дуелот од соминафиналето на националниот куп против Гостивар ќе играат на „Могилата“.

Стадион на кој лани Победа речиси постојано беше домаќин, а годинава за првпат ќе играат и тоа на трети октомври. Претходно поради инфраструктурни проблеми на Градскиот стадион во Прилеп, Победа играше и во Охрид, Турново, Битола и Штип како домаќин во последните неколку сезони, откако се врати во Првата македонска фудбалска лига.

Историја за Ана Караско – Прва дама светски првак во мотоспортовите

Дамата од Мурсија, Ана Караско е нов светски првак во Суперспорт 300 и првата жена во мотоспортовите што ја освоила светската круна.

Караско успеа на својот мотор на патеката Мањикур во Франција да биде тринаесеттопласирана и за еден бод да ја освои шампионската титула во Генерален пласман. Нејзиниот сонародник Мика Перез го освои второто место во завршниот поредок со 92 бода, еден помалку од новата спортска хероина на Шпанија и прва дама што освоила светска круна во мотоспортовите.