Дома Blog Страница 10690

Погледнете ја жешката битка во Лас Вегас меѓу Хабиб и Мекгрегор (Видео)

Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор во контроверзна битка што заврши со тепачка надвор од рингот и без официјално прогласување на победникот во Лас Вегас.

По завршување на една од најконтроверзните борби во историјата, Мекгрегор беше нападнат од тимот на Нурмагомедов и удрен од зад грб во рингот, а старо-новиот шампион во исто време се тепаше со дел од екипата на Ирецот надвор од рингот.

Погледнете ја целата борба што ноќеска се одржа во Лас Вегас.

https://www.youtube.com/watch?v=1UM6XkLwppQ&app=desktop

Хамилтон ја освои и Сузука

Луис Хамилтон е се поблиску до новата титула во Формула 1, по победата за Големата награда на Јапонија.

Британецот најбрзо ги мина 53. кругови на патеката Сузука и ја мина целта пред клупскиот колега Валери Ботас и пред Марк Ферстапен од тимот на Ред Бул.

„Горд сум што сум дел од овој тим. Со нивна поддршка сигурно чекорам кон целта. Се чувствувам како ова да ми е прва победа. Ја сакам оваа патека, оваа трка“, изјави Хамилтон.

Тој сега има огромни 67 бодови предност пред Себастијан Фетел и е на чекор до нова титула, а може да слави веќе на следната трка во САД. За петта круна на Британецот му требаат само 8 бодови до крајот на сезоната во Формула 1.

Зад водечкото трио се пласираа Рикардо, Раиконен, Фетел, Перез, Грожан, Окон и Саинц.

 

 

Леванте во акција „Барди е број 1 во Ла Лига со слободните удари“, македонскиот репрезентативец скромно: Важни се бодовите (Видео)

Енис Барди повторно го презентираше сиот сјај при изведувањето на слободните удари, постигна феноменален гол за победа против Хетафе, а Леванте на својот клупски профил има интересна анкета.

Прашањето е многу логично и се гласа за тоа дали Енис Барди е најдобриот изведувач на слободни удари во шпанската Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец е скромен и одговори дека бодовите се најважни. Барди лани беше хит во најсилната лига во Европа, а за неговите слободни удари се говори со суперлативи и во шпанските медиууми, но и ширум Европа.

Лани имаше неколку страшни проектили со кои ги излудуваше голманите во Ла Лига, а и вчера против Хетафе потврди дека има топ во нозете и дека слободните удари му се уметност. Од 30-на метри Енис упати проектил што беше недостижен за голманот на Хетафе, Давид Сорија.

Очекувано, по мечот, Барди беше во фокусот, а во изјава за шпанската телевизија скромно рече дека бодовите се најважни за Леванте.

Погледнете ја изјавата на македионскиот репрезентативец.

По борбата Хабиб – Конор, се тепаа и навивачите (Видео)

Хабиб Нурмагомедов е старо новиот шампион, откако во мечот на деценијата го победи Конор Мекгрегор. Интересно беше тоа што и по завршување на борбата, победбикот Хабиб влета во публиката каде сакаше да се тепа и со оние кои беа во таборот на Ирецот.

Вжештената атмосфера продолжи и меѓу навивачите на двајцата борби. Плицијата во  Лас Вегас има евидентирано неколку нарушувања на јавниот ред и мир поради спектаклот во УФЦ 229. Тепање имало на трибините, пред салата, но и низ улиците во близина на местото каде што се оддржа борбата. За среќа, засега нема информации за потешко повредени.

https://twitter.com/MourinhoMindset/status/1048810506667134977

Хаос во Лас Вегас: Хабиб го задави Мекгрегор, па се степа и надвор од рингот (Видео)

Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор во УФЦ 229, борбата на деценијата. Во рингот во Лас Вегас, шампионот Нурмагомедов доминираше во текот на четирите рунди и на крајот стигна до 27 победа во 27 меч. За Мекгрегор ова е четврти пораз во кариерата.

Уште од самиот почеток на борбата, Хабиб успеа да го фрли Мекгрегор на подот и имаше целосна контрола, но не успеа ништо посебно да го разниша Ирецот. На почетокот на втората рунда, Дагестанецот со силен удар го бутна противникот и повторно ја имаше иницијативата. Овојпат му зададе неколку силни удари, но Ирецот издржа и во оваа рунда.

Третата рунда беше во знакот на Мекгрегор. Ирецот успеа да возврати и да му зададе неколку удари на Хабиб. Оваа рунда дефинитивно беше негова, но сепак тоа беше премалку. На почетокот на четвртата рунда, веќе видена слика. Мекгрегор на подот, а Хабиб во напад. Во еден момент успеа толку силно да ги стисне околу вратот, па Мекгрегор беше принуден да попушти и се предаде.

Откако заврши мечот се случи вистински хаос. Наместо да слави, Хабиб веднаш ја прескокна оградата и влета во публиката, каде сакаше да се тепа со дел од поддржувачите на Ирецот. Се случи општа тепачка, реагираше и полицијата. Потоа фајтерот повторно се врати во рингот, каде почна тепачка меѓу членовите на двајцата борци.

https://twitter.com/EllisGodlike/status/1048802711863484417

За среќа на крајот никој не беше потешко повреден.

Нзонзи и Џеко за трето место на Рома

Со првиот гол на Стивен Нзонзи како играч на Рома во италијанската лига, и погодокот на Един Џеко во финишот, Рома славеше со 2:0 на гостувањето кај Емполи. За Рома, ова е трета победа по ред, и привремено се искачија на трето место на табелата.

Римскиот тим за првпат од април наваму, успеа да постигне повеќе од еден гол на гостување. Црната серија почна после еден меч со СПАЛ, а токму тој клуб е наредниот противник на Рома во Серија А.

Емполи имаше убава прилика да изедначи на 1-1, но во 58 минута, Капуто не реалзираше пенал. Од последните четири пенали досудени против Рома, само еден беше претворен во гол, а три беа утки.

Со голот на Џеко, за „волчицата“ заврши серијата од четири гола по ред дадени од прекин.

Окон казнет, Фетел ќе тргне од осмо место

Пилотот на Форс Индија, Естебан Окон, имаше добар резултат во квалификациите на Сузука за Големата награда на Јапонија во Формула 1 шампионатот, но доби казна и наместо од осмо, ќе тргне од 11 место на трката која се вози рано наутро.  Окон не ја намалил брзината на возење и покрај црвеното знаме, и тоа ја доби казната.

Полза од казната на Окон има и Себастијан Фетел од Ферари, кој беше очаен и заврши како дури деветти, па сега ќе тргне од една позиција погоре. На пол-позиција е Луис Хамилтон, а пред Фетел се и Ботас, Верстапен, Раиконен, Грожан, Хартли и Гасли.

Временските услови во Јапонија и можниот дожд најавуваат интересна трка, па предноста на Хамилтон што ќе тргне прв, може и да не биде пресудна, но неговиот ривал Фетел не покажува дека може да го направи понеизвесен шампионатот.

Снајперот Барди е стара екс-југословенска школа

Енис Барди можеби не е најдобриот фудбалер од средина на терен во светот, но сите му се плашат кога треба да шутне слободен удар, и по стилот на игра и техника која ја поседува, потсетува на некогашниот играч на Атлетико Мадрид, Милинко Пантиќ.

Со вакви зборови, шпанските медиуми го опишуваат тоа што 23-годишниот Барди го прави по терените во минатата и на почетокот на оваа сезона. Се докажа како мајстор за слободни удари. Денеска испрати прецизна бомба од 27 метри и на Леванте му донесе победа.

„Луксуз е да се има играч со прецизен шут како Енис во својот тим. Тој ни го отвори патот“ – изјави тренерот на Леванте, Пако Лопес.

Барди рече дека е среќен што за првпат сезонава постигнал гол.

„Среќен сум за својот прв гол сезонава. Игравме добро, бевме компактни, и заслуживме да освоиме три бода. Секогаш е тешко да се гостува кај Хетафе. На полувреме се договоривме да ја држиме топката подолго и фала му на Бога, победивме“ – рече Барди.

Алкасер дава голови на секои 13,5 минути

Пако Алкасер се покажува како одлично засилување за Борусија Дортмунд. Денеска за нешто повеќе од половина час направи хет-трик и придонесе за пресвртот на „милионерите“ против Аугзбург.

Тој досега во игра влезе на три натпревари, одигра вкупно 81 минута, а постигна дури шест гола (еден во Лигата на шампионите против Монако). Ова значи дека дресот на бундеслигашот од Дортмунд, Пако во просек дава голови на секои 13,5 минути.

Алкасер е вториот фудбалер во историјата на Бундеслигата по Герт Дорфел (некогашен играч на Хамбургер) од далечната 1963 година, кој успеал на првите три меча да даде шест гола.

Шок во Минхен, Борусија слави октоберфест

Баерн Минхен е совладан на свој терен со 0:3 од Борусија Менхенгладбах, и некарактеристично за баварците, имаат низа од три меча по ред на кои не успева да победи. Тимот на тренерот Нико Ковач е во очајна форма, а киксот против Менхенгладбах, може да му пресуди на хрватскиот тренер.

Сега во Бундеслигата, Борусија Дортмунд е лидер со три бода предност во однос на Менхенгладбах, Вердер и Херта, а Баерн е само петти. Дополнителен проблем за Баерн е повредата на Давид Алаба.

Борусија уште во 16 минута водеше со 2-0, потоа добро се бранеше, за во финишот да ги дотолчи фаворизираните домаќини кои дефинитивно се во криза. Баерн има шест титули по ред во Бундеслигата, па навивачите не се навикнати на низи од четири средби по ред без победа.