Дома Blog Страница 10696

Клоп: Требаше да победиме

Само четири дена по средбата во Карабао купот, Ливерпул и Челзи одново ги вкрстија копјата. Овој пат дербито се играше во Лондон, во рамките од Премиер лигата, а двете екипи ги поделија бодовите по ремито од 1-1. Иако Челзи оствари предност и водеше речиси цел натпревар, Ливерпул преку Стариџ израмни во последните минути, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, посочи дека неговата екипа заслужи и повеќе од еден бод.

„Се разбира дека не заслуживме да изгубиме, не заслуживме ниту бод, сметам дека требаше да победиме. Резултатот сепак е реален, двете екипи заслужија да извлечат нешто од овој натпревар, но ние имавме повеќе шанси. Челзи е одлична екипа, со која секогаш тешко се справуваме, но и ние одигравме многу добар меч“, истакна Клоп по мечот.

Парондо: Браво момци, извојувавме голема победа

Вардар извојува нов сензационален триумф во Лигата на шампиони, овој пат на гостувањето кај Веспрем. Вардарци со 27-25 беа подобри од унгарскиот гигант, а тренерот Роберто Парондо по мечот истакна дека е презадоволен од играта на неговите ракометари, особено што покажаа цврст карактер.

„Пресреќен сум, знаевме колку ќе биде тешко да се победи Веспрем, особено на нивен терен. Но, и покрај кратката клупа и повредите, моите момци покажаа карактер, го надоместија отсуството на неколку повредени играчи и одиграа одлично. Сѐ што работевме во изминатиов период го исполнивме, им се заблагодарувам на ракометарите за тоа“, изјави Парондо по мечот.

Жикица Тасевски поднесе оставка, Силекс остана без тренер

Жикица Тасевски поднесе оставка од клупата на Силекс, откако неговиот тим во последното коло од ПМФЛ одигра реми од 1-1 со Македонија ЃП, по што Тасевски ја презеде одговорноста за слабите резултати и реши да отстапи од позицијата шеф на стручниот штаб. Силекс не бележи резултати како што посакуваа по стартот на домашниот шампионат, по осум кола се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата, со само една победа, три ремија и четири порази.

„Давам неотповиклива оставка на местото шеф на стручен штаб во фудбалскиот клуб Силекс. Сакам да се заблагодарам на семејството Иванов и целото клупско раководство. Силекс е клуб кој секогаш има високи амбиции, а после одиграните осум кола резултатите не содејствуваат со клупските и моите лични амбиции како тренер, за што јас чувствувам лична одговорност. На Силекс му посакувам среќа и спортски резултати во иднина“, истакна Тасевски.

 

Полјаците во трилер меч подобри од САД – Ќе го бранат мундијалското злато

Полска со 3-2 во сетови ги совлада Соединетите Американски Држави и си овозможи да го брани златото од пред две години. Во финалето ги чека Бразил, а до таму стигнаа по маратонската борба со Американците која траеше речиси три часа.

Полска поведе во првиот сет со 25-22, за потоа САД да освои два сегменти по ред и да го сврти резултатот во нивна корист. Во четвртиот сет се виде доминацијата на Полска, ремизираа по освоениот сет со 25-20, а потоа го добија и решавачкиот сет со 15-11.

Полска ќе се бори за второто злато во своето четврто финале, а Бразил шести пат ќе се појави на финална пресметка во обид да ја освои четвртата титула. САД и Србија ќе се борат за бронзата, односно третото место.

Мечот САД – Србија е закажан за 17 часот, додека финалето Полска – Бразил ќе се игра во вечерниот термин од 21.15 часот.

Сиромашно мадридско дерби – Реал и Атлетико ремизираа без голови

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа сиромашно реми од 0-0 на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките од седмото коло во Ла Лига. Двете екипи не ги искористија своите шанси, чуварите на мрежа вечерва беа на ниво на задачата.

Најдобрата шанса ја имаше Антоан Гриезман во 18-тата минута од мечот, но Куртоа со фантастична одбрана  спречи сигурен гол. По ова коло Реал се израмнија со Барселона по бројот на бодови, и двата тима имаат по 14, Севилја е на третото место со 13 бода, Атлетико има еден помалку.

Интер пак победи благодарение на ВАР

Интер си направи мини-серија на победи во италијанскиот шампионат, откако со резултат од 2-0 го совлада Калјари. Избраниците на Лучијано Спалети рано стигнаа до предност, голот го постигна младиот Лаутаро Мартинез во 12-тата минута. Домаќините го чуваа минималното водство се до 90-тата минута, кога Политано зголеми и ги постави конечните 2-0 на „Џузепе Меаца“.

Гостите во второто полувреме постигнаа гол при резултат 1-0, но погодокот беше поништен откако судијата со помош на ВАР технологијата одлучи дека голот не е регуларен.

 

Лион се „лизна“ против Нант

Лион пред домашна публика ремизираше со Нант при конечни 1-1. Фаворитот не реализираше доста шанси, вклучувајќи и пенал во 80-тата минута кој го промаши капитенот Набил Фекир, што на крајот ги чинеше домаќините три бода.

Младиот Оуар донесе предност за Лион во 22-та минута, а до израмнувачкиот погодок Нант стигна дури во 62-та минута преку Бошила. До крајот на средбата Лион можеше да оствари победа, но ударот од белата точка на Фекир го одбрани Татарусану.

РЕЗУЛТАТИ ЛИГА 1:

Анжер – Гингамп 0-1

Каен – Амиен 1-0

Лион – Нант 1-1

Реимс – Бордо 0-0

Стразбург – Дижон 3-0

 

 

Чикаго без Марканен до декември

Еден од најдобрите играчи во екипата на Чикаго булс, Лаури Марканен, ќе паузира дури до декември откако вчера се здоби со повреда на десниот лакот. По медицинските прегледи е утврдено дека опоравувањето ќе трае долго, што е голем проблем за франшизата од Чикаго.

Доколку опоравувањето се одвива во најдобар тек, Финецот ќе може да се врати на тренинзите кон крајот на ноември, но враќање на главните паркети се очекува дури во последниот месец од годината.

Младиот крилен центар имаше одлична дебитантска сезона, во која на 68 натпревари реализираше 15 поени во просек, седум скока и по една асистенција, блок и украдена топка.

Андре Силва погоди, Севилја пак победи

Очигледно победата над Реал Мадрид од 3-0 им даде самодоверба на играчите на Севилја, па денес забележаа нова сигурна победа над Еибар со 3-1. Андре Силва постигна нов гол во шампионатот, продолжувајќи ја голгетерската серија на седум. Португалецот беше прецизен во 49-тата минута, Банега погоди од белата точка во 58-та минута за 2-0, за потоа Аргентинецот да ги реши сите дилеми околу победникот на оваа средба, со неговиот втор гол кој го даде во судиското надополнување. Еибар постигна почесен погодок за 3-1 во моменти кога беше веќе решен мечот.

До почетокот на дербито меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Севилја ќе стои на второто место во Ла Лига со 13 бода.

Борусија во вториот дел го најде лекот за Баер и се искачи на чело на табелата

Борусија Дортмунд уште еднаш потврди дека е во одлична форма. По победата од 7:0 против Нирнберг, вечерва „милионерите“ се радуваа и на дербито против Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ пред своите навивачи имаа водство од 2:0 на полувремето, но Борусија не се предаде и со неверојатен пресврт во вториот дел стигна до триумф од 4:2.

Сите четири гола гостите од Дортмунд ги дадоа во последните 25 минути од мечот. Ларсен погоди во 65 минута и најави дека ништо не е готово. Само четири минути подоцна Марко Ројс израмни на 2:2, а Пако Алкасар во 86 минута погоди за целосен пресврт. Во последните секунди од дуелот, Алкасар со својот втор погодок стави точка на големиот пресврт.

Со оваа победа Борусија Дортмунд се искачи на врвот од табелата со 14 бодови, еден повеќе од Баерн Минхен и Херта Берлин.