Дома Blog Страница 10704

ИН МЕМОРИАМ: Почина Благој Истатов

Македонската голманска легенда, Благој Истатов почина. Истатов, кој имаше 71 година, ќе остане запамтен не само како еден од најдобрите голмани кај нас туку воопшто како еден од најдобрите кои поминале на фудбалскиот терен.

Започна во тимот на Беласица од Струмица, а потоа ги бранеше боите и на Победа Прилеп, Партизан и холандскиот Утрехт. По завршување на кариерата, тој не престана да се дружи со фудбалот. Отвори и своја фудбалска школа „Истатов“, која работи во Дојран.

Нека му е вечна слава.

Шоу на Седлоски: Сега да се соблечам, ќе ја изедам топката! (Видео)

Некогашниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, од неодамна е нов стратег на Широки Брег во Босна и Херцеговина. Во дербито на вчерашните мечеви во БиХ, Широки играше на гости кај Сараево и загуби со 1-0.

Пред крајот на средбата, Седлоски беше многу лут од залагањето на своите играчи. За тоа колку не беше задоволен од играта на неговите фудбалери, слушнаа сите и преку директниот пренос. Во еден момент додека играта беше во тек, се слушна како Седлоски вика „сега да се соблечам, ќе ја изедам топката“, сакајќи да каже дека играчите мора повеќе да се борат за секоја топка.

Седлоски кој има 44 години е првиот и засега единствен  играч кој стигнал до 100 настапи во репрезентативниот дрес на Македонија.

Погледнете како изгледаше реакцијата на Седлоски.

https://youtu.be/PLAHJt_s_Ow

Азар: Канте не сакаше да изведува пенали, морав да дадам гол

Еден Азар вчера постигна магичен погодок против Ливерпул за 2-1, за да го однесе Челзи во следната фаза од Карабао купот. „Сините“ иако кон почетокот на второто полувреме се најдоа во минус, клучно беше влегувањето на Белгиецот на терен, откако прво придонесе за израмнувачкиот гол, а потоа и сам ги реши „редсите“ среде „Енфилд“.

Непосредно пред влегувањето на теренот, неговиот колега Канте седејќи на клупата, му кажал дека не сака да изведува пенали, што го мотивирало Азар да го реши мечот во 90 минути.

„Кога седевме на клупата, Канте ми кажа дека не сака да изведува пенали, па единствено решение беше да се постигне погодок. Убав гол, сум постигнал неколку такви, но, поважно ми е што победивме. Сега имаме уште поголема самодоверба во пресрет на мечот во сабота, кој лично го сметам за поважен. Ливерпул ќе сака да се одмазди, но сега ние ќе ја имаме домашната предност“, истакна Азар по мечот.

Челзи и Ливерпул за два дена повторно ќе се судрат, овојпат во меч во рамките од Премиер лигата, а пресметката која ќе се игра на „Стемфорд бриџ“ е закажана во 18.30 часот.

Каземиро: Ни помогна киксот на Барселона

Кај Реал Мадрид ништо не функционираше на гостувањето кај Севилја, особено во првото полувреме, кога мадриѓаните ги примија трите гола, и тоа ги загрижува фановите кои очекуваа тимот да го преземе првото место на табелата и да ја прекине лошата традиција на гостувањата во Севилја.

Поразот можеби доаѓа во добро време, за отрезнување пред следниот меч со Атлетико, но сега проблем се и повредите. Иско имаше операција, Марсело синоќа не можеше да го доигра мечот, а во аут е и Дани Карвахал. Притисокот врз тренерот Хулен Лопетеги ќе се засилува со секој нареден лошо одигран меч.

Бразилецот Каземиро, кој даде изјава по дебаклот од 0-3, рече дека Реал ѝ го подарил првото полувреме на Севилја, но дека им помогнал киксот на Барселона против Леганес.

„Едноставно, им го подаривме првото полувреме, како да не игравме. А, ако не играте како што треба на овој стадион и му дозволите на противникот да игра своја игра, ќе го доживеете тоа што ние го доживеавме, ќе губите 0-3. Ова е наша најслаба игра сезонава. Мислиме само на нашите мечеви, но секако дека ни помогна тоа што Барселона загуби“, рече Каземиро.

Повредата на Марсело само три дена пред градското дерби со Атлетико Мадрид, ги подели навивачите на Реал Мадрид по синоќешното очајно издание. Едни мислат дека е подобро што Марсело нема да игра против силниот ривал, бидејќи игра многу слабо во одбраната и лесно го претрчуваат, но се виде дека и со Начо како бек, тимот не е толку опасен во нападот.

 

Реал повторно загуби на најтешкото гостување што го има во 21 век (Видео)

Севилја уште еднаш се покажа како најголем кошмар за Реал Мадрид кога мечот се игра на теренот на Андалузијците. Во меч на кој Реал можеше да стигне до првото место во Примера дивисион, Мадриѓаните загубија убедливо со 3-0 и останаа со еднаков број бодови како Барселона, но со послаба гол-разлика.

Во 21 век нема потешко гостување за Реал од тоа кај Севилја. За Кралскиот клуб ова беше 11-ти пораз во последниве 18 години на гости кај Севилја. На ниту еден друг стадион во светот Реал нема губено во овој век.

Дека нема што да бара Реал и на ова госстување, стана јасно уште по првото полувреме. Андре Силва погоди во 17-тата и во 21-вата минута за водство на Севилја, а дека трите бода ќе останат на „Рамос Санчес Пискуан“, беше потврдено во 39-тата минута, кога Бен Једер погоди за 3-0 на полувремето.

https://youtu.be/szlKB8v-hoc

Ова беше првпат во последните 15 години Реал да има заостанување од 3-0 на полувреме. Интересно е тоа што во ноември 2003 година тоа се случи исто против Севилја. Тогаш домаќините на „Рамос Санчес Пискуан“ по 45 минути, имаа предност од 3-0, а на крајот дуелот заврши 4-0. Вечерва Севилја реши да застане на трите погодоци од првиот дел.

Во вториот дуел, кој започна во 22 часот, Валенсија и Селта Виго ремизираа 1-1.

 

 

 

Пандев вторпат прецизен за Џенова (Видео)

Македонскиот капитен Горан Пандев вторпат сезонава се радува на гол во италијанскиот шампионат, откако вечерва беше прецизен против Киево во победата од 2-0. „Гранде“ Пандев ја надмудри целата одбрана на гостите откако ја освои топката непосредно пред шестнаесетникот, па го пронајде патот до мрежата во долниот десен агол на голманот.

https://www.dailymotion.com/video/x6uaium

Магијата на Азар покажа дека Ливерпул не е несовладлив (Видео)

Челзи на гости го победи Ливерпул со 2-1 и се пласираше во осминафиналето од Карабао купот, а на „црвените“ на Јирген Клоп им го нанесе првиот пораз сезонава. Ова беше одлична најава за она што ќе се случува во сабота, а тоа е премиерлигашката пресметка на овие два тима, кога Ливерпул ќе има шанса да се реваншира.

Домашните поведоа со голот на Стариџ во 58-мата минута, изедначи Емерсон во 79-тата, а потоа во 85-тата минута Еден Азар постигна гол за кој вечерва зборуваат сите љубители на фудбалот на британскиот остров. Азар имаше слалом низ одбраната на Ливерпул и испрати силен шут кој заврши со мрежата за водство од 2-1, што се покажа и како конечен резултат.

Ова е спектакуларниот гол на Азар:

И во другите натпревари, лондонските екипи се радуваа. Вест Хем беше безмилосен кон Маклсфилд и го порази со 8:0, Арсенал беше подобар од Брентфорд со 3:1, а Нотингем со 3:2 го елиминираше Стоук. Тотенхем и Вотфорд одиграа драматични 2:2, па изведуваа пенали во кои повеќе знаење и смиреност имаше фаворитот.

Србите ја преслушаа Италија

Одбојкарската репрезентација на Србија со 3:0 во сетови ја надигра Италија и дојде на чекор од пласман во полуфиналето на Светското првенство во Торино. Домаќините беа тотално надиграни, Александар Атанасијевиќ со 19 поени беше најрасположен поединец.

Резултатот по сетови од 25-15, 25-20 и 25-18 покажува дека „орлите“ ги размонтираа „аѕурите“ и сега со право се надеваат на медал. Утревечер, тимот на селекторот Никола Грбиќ игра со Полска.

Пандев осигура три бода за Џенова, шест од шест за Јуве, се израдува и Рома

Италијанскиот првак Јувентус без поголеми проблеми стигна до нови три бода, со кои го задржа максималниот учинок во Серија А. Пред своите навивачи славеа рутинска победа над Болоња од 2-0, а Дибала и Матуиди одлучија уште во раната фаза на мечот да ги решат дилемите. Аргентинецот донесе преднос за „старата дама“ во 11-тата минута, а Матуиди зголеми и ги постави конечните 2-0 само пет минути подоцна.

На свое тло победи и Наполи, со убедливи 3-0 ја декласираше Парма. Лоренцо Инсиње ја продолжи голгетерската форма и го постигна својот петти погодок сезонава во четвртата минута, а Полјакот Милик во продолжението од средбата два пати стрелаше. Прво погоди во 47-та минута, а потоа и во 85-тата.

Рома конечно се разигра и по четири меча без триумф, му се „истури“ на Фрозиноне. „Волчицата“ со високи 4-0 ја прекина серијата, а голови реализираа Ундер (2′), Пасторе (28′), Ел Шарави (35′) и Коларов (87′).

Џенова беше сигурна против Киево со конечни 2-0, а за третиот триумф сезонава придонесе и Горан Пандев. Полската сензација Кристоф Пјатек со својот шести погодок сезонава го отвори резултатот во 42-та минута, а „Гранде“ Пандев ја осигура победата за домаќините со својот втор гол во 54-тата минута.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 6. КОЛО:

Удинезе  – Лацио 1-2

Рома – Фросиноне 4-0

Аталанта – Торино 0-0

Каљари – Сампдорија 0-0

Џенова – Киево 2-0

Јувентус – Болоња 2-0

Наполи – Парма 3-0

 

И Дортмунд покажува мускули

Борусија Дортмунд го растури Нирнберг со 7-0 и се искачи на второто место во Бундеслигата, само со два бода заостанување зад Баерн Минхен. Ројс беше двоен стрелец, а голови дадоа и Ларсен, Хакими, Аканжи, Санчо и Вајгл. По пет кола сезонава, Борусија има дадено 15 гола, што е одличен просек од три по натпревар.

Точно 75.700 фанови на „Идуна парк“ уживаа во гол-шоуто на „жолто-црните“. Борусија олку голови нема дадено од ноември 2016 година, кога во Лигата на шампионите ја совлада Легија со 8-4.

Резултати од денешните натпревари: Фортуна – Баер Леверкузен 1-2, Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт 3-1, Борусија Дортмунд – Нирнберг 7-0, Мајнц – Волфсбург 0-0, Лајпциг – Штутгарт 2-0.