Дома Blog Страница 10708

Генч Калемлер преживеа напад од „пиратите“

Со голот на Бурак Менга, екипата на Генч Калемлер триумфираше со 1-0 на гостувањето кај Скопје во Автокоманда и остана лидер на табелата во Втората лига Запад. Локалното дерби во околината на Струга заврши со нерешен исход.

На Истокот ништо ново, велешки Борец цврсто гази кон првата лига и има максимални 18 бода по шест рунди.

Еве ги резултатите од шестото коло:

ВТОРА ЛИГА, ИСТОК: Брегалница – Кожуф 0-0, Плачковица – Борец 1-4, Вардар Неготино – Партизан Обршани 2-0, Кит-Го Пехчево – Каменица Саса 3-1, Тиквеш – Детонит јуниор 2-0.

ВТОРА ЛИГА, ЗАПАД: Велазерими – Пелистер 1-0, Гостивар – Тетекс 3-0, Лабуништа – Струга Трим Љум 2-2, Скопје – Генч Калемлер спорт 0-1, Кораби – Гоблен 3-0.

Македонија У-17 поразена од Русија

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години (родени 2002 година и помлади) со пораз од 0-1 од Русија го почна настапот на Купот на федерациите во Летонија. Одлучувачкиот гол на теренот во Јелгава, руските млади јуниори го постигнаа во 55-тата минута.

Истовремено, Финска ја порази домашната Летонија со 2-0. Летонците се следен противник на „црвено-жолтите“. Дуелот се игра задутре, попладнто од 15 часот, во Слока. Третиот настап на Македонија на турнирот ќе биде на 29-ти септември, повторно во Јелгава, кога со почеток во 11 часот силите ќе си ги одмерат со врсниците од Финска.

Интер – Фиорентина е дводецениска гаранција за голови

Дербито помеѓу Интер и Фиорентина го отвора шестото коло во Серија А, а кога играат овие два тима, речиси секогаш има победник. На петти јануари годинава, во Фиренца, одиграа 1-1, а претходно, дури на 11 средби по ред секогаш имаше победник.

Последното славје на Фиорентина на „Џузепе Меаца“ беше пред три години, кога славеше со 4-1, а потоа на гостувањата кај Интер губеше со 2-4 и 0-3. На стадионот во Милано, Интер и Фиорентина не одиграле 0-0 повеќе од 20 години, па традицијата најавува тресење на мрежите и убав меч.

Ако освои три бода, Интер ќе ја стигне Фиорентина. „Сино-црните“ последните две победи, со Тотенхем и со Сампдорија, ги извојува со голови по 90-тата минута.

Тренерот Лучијано Спалети, сепак, ќе биде на клупата на „нераѕурите“, откако дисциплинската комисија ја усвои жалбата на Интер. Спалети ќе плати само 5.000 евра. Стратегот беше казнет за непримерен однос кон четвртиот судија на мечот со Сампдорија, иако на снимката се виде дека Спалети не е виновен.

Кај Интер, се враќа Де Вреј, а Миранда ќе биде на клупата. Повреден е Врсаљко. Кај Фиорентина нема повредени, па ќе играат со стандардната формација 4-3-3. Во шпицот на нападот го имаат Џовани Симеоне, син на легендарниот играч на Интер, а сегашен тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Пред натпреварот, ќе се одржи мини-церемонија во чест на поранешниот голман Франческо Толдо, кој бранеше за двата клуба.

Денеска слави роденден Карл-Хајнц Румениге, легендарниот германски фудбалер, кој најубавите денови како интернационалец ги мина во Интер, за кого даде 42 гола.

 

Иско опериран од слепо црево

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, нема да може да игра еден месец бидејќи денеска му беше извршена операција на слепото црево. Ова може да биде хендикеп за тимот во пресрет на серијата тешки натпревари, од кои првиот е утревечер, на традиционално незгодното гостување кај Севилја, каде што Реал загуби пет од последните шест посети на „Санчес Писхуан“.

Иско денеска не се појави на тренингот на Кралскиот клуб, а потоа беше обелоденето дека имал болки и веднаш заминал на операција. Лекарите прогнозираат дека шпанскиот репрезентативец нема да може да игра во следните три до четири недели.

Неиграњето на Иско е шанса за Дани Себалјос (ексиграч на Бетис) да биде стартер против тимот чии навивачи не го сакаат. Можно е шанса да добие Лукас Васкес, што би значело дека Реал повеќе ќе игра преку крилата, а не низ средината на теренот.

Во тимот на Реал утре против Севилја ќе го нема ниту Даниел Карвахал, кој уште ја нема залечено повредата, па десната бековска позиција ќе ја пополни Одриосола. Целта на Реал е Карвахал да биде оспособен за дербито со Атлетико Мадрид следниот викенд.

МЗТ во понеделник ќе игра против Реал Мадрид

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Реал Мадрид за играчи до 12 години во понеделник претпладне ќе одиграат меч од Буба купот во Софија, и тоа ќе биде ретка прилика за талентите од аеродромскиот тим да си ги мерат силите со најтрофејниот европски клуб.

Сениорите на МЗТ пред 22 години приредија сензација со историската победа над Реал во тогашниот Куп Сапорта, а сега двата клуба ќе имаат меѓусебен дуел во најмладата категорија.

Буба купот ќе се игра од 28-ми септември до први октомври во салата „Тријадица“ во Софија. Младите „штркови“ на 29-ти септември се среќаваат со домаќинот Буба баскет и со Казерта од Италија, наредниот ден со Дан Дачијан од Романија и со српскиот тим Фока од Крагуевац, а претпладнето на први октомври, во 10.30 часот по македонско време, МЗТ игра со Реал Мадрид.

Ѓоковиќ ја подели Кина, ќе игра во Шангај и ќе го „скокне“ Пекинг

Новак Ѓоковиќ има големи шанси годината да ја заврши како првопласиран на АТП-листата, а за тоа му треба и добра стратегија и победи.

За таа цел, популарниот Џокер размислува дали да игра на двата големи турнири во Кина, во Шангај и во Пекинг, а најави дека конечната одлука ќе ја донесе во следните денови.

“Во следните три дена ќе донесам одлука дали ќе играм и на двата турнири во Кина. Настапот во Шангај е сигурен, а за Пекинг ќе размислам“, вели Ѓоковиќ.

Турнирот во Пекинг ќе се игра од први до десетти октомври, а стартот на турнирот во Шангај е закажан за седми октомври и ќе се игра до 14-ти.

Рафаел Надал нема да игра ниту на едниот од двата турнири, со што му отвори шанса на големиот ривал да го престигне на светската ранг-листа.

 

Лампард сега како тренер сака да го победи Манчестер јунајтед

Како играч, Френк Лампард многу често знаеше да биде вистински кошмар за Манчестер јунајтед. Некогашниот капитен на Челзи ја решеташе мрежата на „црвените ѓаволи“. Сега Лампард е тренер, и тоа во екипата на Дерби, која е денешниот ривал на Манчестер јунајтед, во 1/16-финалето од Лига купот.

Ова ќе биде еден голем испит, но и мотив за Лампард да се покаже како стратег. На спротивната страна ќе биде Жозе Мурињо, кој и нему му беше тренер во Челзи. Лампард и Мурињо со Челзи се радуваа на две титули во Премиер лигата, но и на трофеј во ФА купот. Лампард помина 13 години на „Стемфорд бриџ“, а Мурињо како менаџер беше во периодот од 2004 до 2007 година, а потоа и од 2013 до 2015 година.

„Ќе биде убаво што повторно ќе се видиме со Мурињо. Тој е еден од тренерите кој имаше големо влијание во мојата кариера. Многу го почитувам. Секако дека Манчестер е голем фаворит и се очекува да победи, но тоа е само плус предизвик за нас“, порача Лампард.

Дерби има загубено на седум од последните осум гостувања на „Олд Трафорд“, а Манчестер ги добил двете претходни битки во Купот со овој ривал. Во последните 15 години, Јунајтед дури 14 пати го поминал ова коло од Купот.

 

 

Хакери ги украдоа парите и ги скараа Лацио и Феенорд

Хакери украдоа два милиони евра од сметката на Феенорд, уплатени од страна на Лацио за трансфер на играчот Стефан де Вреј, па случајот стаса дури до највисока инстанца, до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

И пресудата на CAS е соломонско решение, Лацио повторно да уплати пари на сметката на Феенорд, но сега половина сума, односно еден милиони евра.

Ситуацијата е несекојдневна, кражбата како на филм, а од Феенорд не се откажуваат и ќе се жалат на одлуката на Судот. Бараат нова уплата од Лацио од два милиони евра, а и „лацијалите“ се незадоволни, бидејќи ќе мора да платат еден милион повеќе. Сè додека не се најдат хакерите и украдените пари, ќе трае кавгата на релација Ротердам – Рим.

Роналдо ја украл прославата на головите од Брешано? (Видео)

Кристијано Роналдо е познат по својот специфичен начин на прослава на головите. Дека Роналдо не е прв на кој му текнало на тој начин да прославува, потенцира некогашниот голгетер на Парма и на австралиската репрезентација, Марк Брешано.

„Има иста прослава на головите како и јас. Претходно не ни забележував, но откако ми потенцираа, забележав дека е речиси иста прославата на головите. Сите останати споредби меѓу нас двајца тука и завршуваат, бидејќи ретко кој може да се споредува со него. Ќе ми биде чест ако јас сум му бил инспирација за тоа како да ги прославува головите, но чисто се сомневам дека е така“, вели Брешано.

Еве го начинот на кој Брешано прославуваше.

Баерн ќе сака што порано да ги реши сите дилеми

Баерн Минхен – Аугсбург (20.30 ч.)

Головите не изостануваат кога играат баварските ривали

Без разлика кој да му биде противник во домашното првенство, Баерн Минхен секогаш е фаворит. Шампионот и во новата сезона започна перфектно и е единствен со 12 бодови по четири одиграни меча. Вечерва на „Алијанц арената“ гостува Аугсбург. Ова е и соседско ривалство, бидејќи градовите се одалечени само 60 километри.

Според резултатите од првите четири средби, Аугсбург ќе биде тимот кој ќе дава и ќе прима голови. Сите четири меча досега ги заврши со ГГ, а само една не беше 3+. Баерн секогаш е офанзивен и од самиот почеток се обидува да го скрши отпорот на ривалот. Кога се работи за меѓусебните дуели, и традицијата вели дека ќе има погодоци. Последните осум средби биле 3+.

Во SPORT LIFE понудата за денес, во Квота на денот, Баерн да даде два гола во првото полувреме нуди примамлив коефициент од 2.35.

Предлог тип: Т1 2+ пп (2.35)

 

Монако – Анже (19 ч.)

Тимот од Кнежевството мора да победи

Монако е тим од кого се очекуваше да биде во горниот дел од табелата, но почетокот на сезоната тоа не го покажува. Екипата од Кнежевството започна со победа, а потоа во следните пет средби има три ремија и два порази. Таквиот биланс е доволен за 16-тото место на табелата.

Иако е во лоша форма, дуелот против Анже можеби доаѓа во вистинско време. На седум од последните девет меѓусебни средби, Монако победувал, додека Анже еднаш ремизирал и еднаш се радувал. Традицијата, домашниот терен, но и рејтингот на двата тима советуваат да се игра „единица“.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Еспањол – Еибар (20 ч.)

Домашниот терен треба да биде клучен

Ова е дуел меѓу две екипи кои во Примера најверојатно ќе бидат на средината од табелата. Еспањол во минатото коло го намачи Реал Мадрид, но сепак загуби со 1-0 на „Сантијаго Бернабеу“, додека Еибар со еден гол стигна до трите бода против Леганес.

Двата тима имаат по две победи досега во Примера, и тоа остварени на свој терен. Тоа покажува дека домашниот терен може да биде клучен и овојпат за исходот. Се очекува неизвесен меч, па може и само еден момент да биде решавачки.

Предлог тип 0-2 (1.55)

 

Милвол – Фулам (21 ч.)

Навивачите се главен адут на Милвол

Ова е градско дерби на помалку звучните екипи од Лондон. Милвол е од југоисточниот дел, додека Фулам е во западната страна на градот. Иако Милвол е едно ниво подолу од премиерлигашот Фулам, домашниот терен е предноста на тимот кој ги има едни од најозлогласените фанови.

На четири од последните шест меѓусебни средби Фулам победил, а Милвол се радувал еднаш. Во куп-пресметка не биле уште од далечната 1964, кога во ФА купот Фулам победил со 2-0. Милвол веќе 12 години не поминал во четвртата рунда на овој Куп, додека на Фулам тоа му успеало само два пати во последните 13 сезони.

Предлог тип: 2-3 (1.98)

 

Хановер – Хофенхајм (20.30 ч.)

Двата тима со многу повредени играчи

Кога игра Хофенхајм, загарантирани се погодоци во двете мрежи. Така беше на последните седум средби на овој тим во сите натпреварувања. Хановер лошо стартуваше и по 4 меча, има само два бода, што е за во зоната за испаѓање. Ако сака да избега од опасните позиции, ќе мора да ја брка првата победа.

Хофенхајм има жестоко темпо на мечеви и во Лигата на шампиони и во Бундеслигата. За овој тип најубаво е да се искористи една од новите игри во SPORT LIFE.

Предлог тип: 1-3 пп., 1-3 вп (1.78)