Дома Blog Страница 19

Ѓоковиќ не игра, а пак руши рекорди, на ред е да падне уште едно постигнување на Федерер

Најновата АТП-листа која излезе денеска е само потврда дека има промена на генерациите во светскиот тенис. На врвот останува Јаник Синер со импресивни 13.350 поени. Италијанецот покажува константност каква што ретко се гледа, посебно за тенисер кој има само 24 години.

Зад Синер, на второто место е Карлос Алкарас со 12.960 бодови и тој е единствениот сериозен ривал кој може да го загрози Италијанецот на оваа листа. Третото место е резервирано за Александер Зверев, кој има 5.255 поени и е далеку од водечките двајца.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, моментално е на четвртото место со 4.710 поени. Ѓоковиќ веќе нема шанси да се врати на врвот на АТП-листата, но Србинот сепак има мотив да биде меѓу најдобрите. Ретко кога може да се види тенисер кој има 38 години, а да е во Топ 5 на листата, што, секако, му успева на Ѓоковиќ.

Србинот минатата недела го сруши рекордот на Роџер Федерер како тенисер со најмногу недели поминати во Топ 5 и сега има 862 недели меѓу најдобирте петмина тенисери. Сега Ноле е во мисија да го надмине рекордот на Федерер и за бројот на недели поминати во Топ 10 на листата. Потребно е Ѓоковиќ уште 29 недели да биде во Топ 10 за да го надмине рекордот на Швајцарецот.

За потсетување, Ѓоковиќ ги држи рекордите за број 1 на АТП-листата со 428 недели, потоа да е во Топ 2 (599), Топ 3 (764), Топ 4 (824) и Топ 5 (862 недели).

Неверојатно: Навивачите на Ривер исекле 52 тони хартија за да се направи таква атмосфера на Суперкласико (Видео)

Вечните аргентински ривали Ривер плејт и Бока јуниорс го одиграа 266-тото дерби. На легендарниот стадион „Монументал“ Ривер беше домаќин, но на крајот Бока се радуваше на победа. Гостите славеа минимално со 1:0 благодарение на голот на Паредес, и тоа постигнат од пенал.

И покрај разочарувањето на крајот од мечот, останува да се памети фантатстичната атмосфера која ја создадоа домашните навивачи. На најголемиот стадион во Аргентина имаше повеќе од 85.000 навивачи , а посебно ќе се памети „фештата“ која беше направена пред почетокот на мечот.

Кога на теренот се појавија играчите на двата тима, од сите делови на трибините беа фрлени бели хартиени конфети. Аргентинските медиуми откриваат дека навивачите на Ривер во деновите пред дербито успеале да рачно да исецкаат дури 52 тони хартија и да ја распределат на целиот стадион за да може да се направи фантастичната кореографија која дефинитивно може да се види само во Аргентина.

Нејмар во кариерата нема доживеано вакво понижување, си замина со прстите ставени во уши (Видео)

Екипата на Сантос на домашен терен загуби со 2:3 од Флуминесе во меч од 12-тото коло на бразилската Серија А. Како еден од главните виновници за поразот, домашните навивачи го посочија Нејмар.

Само пред неколку месеци, навивачите на Сантос го молеа Нејмар да остане во клубот, но очигледно дека сега работите се сменија. Фановите како веќе да немаат трпение кон фудбалската ѕвезда, па по поразот од Флуминесе, Нејмар од теренот го испратија со свирежи и негодувања.

Ни Нејмар не им остана должен, па кога заминуваше од теренот, со рацете само ги затвори ушите да не ги слуша.

Искусниот 34-годишен Нејмар со сите сили се обидува да се наметне кај новиот селектор Карло Анчелоти и да му докаже дека тој има квалитет за да биде дел од репрезентацијата на Бразил, која за помалку од два месеца ќе биде дел од Светското првенство. Сепак, малку е веројатно дека Анчелоти ќе отстапи од својата замисла бидејќи досега сметаше дека Нејмар не е за во националниот дрес.

Во новата сезона, Нејмар на 10 меча кои ги одигра има учинок од четири гола и три асистенции. Сепак, тој на теренот повторно прави потези кои се несфатливи за профи фудбалот, па така и синоќа, во моментите кога неговиот тим губеше со 2:3, во судиското продолжување Нејмар се обиде да биде атрактивен, но ја загуби топката од противникот, што дополнително наиде на лоши реакции од публиката.

Ракометните титули се селат во Скопје, имаме „заложници“ во фудбалот

Викендот помина во знакот на ракометот и завршницата од куп-натпреварувањето. Во драматичен финиш, ракометарите на Вардар го освоија трофејот и порачаа дека титулите се селат во Скопје. Вардарци се на прагот да освојат двојна круна, што секако е голем удар за ривалите од Битола, Еурофарм Пелистер.

Мора да се истакне дека со метеорска брзина во Охрид се развива нов квалитетен ракометен тим, кој сигурно дека во идните години ќе претставува вистински конкурент за Вардар, Пелистер и Алкалоид.

Фудбалот ни носи нови проблеми. Во последниот меч од 28-мото коло во Првата лига, по еден навидум „обичен“ натпревар и триумф на Струга Трим Лум во Куманово против Башкими, се случи неверојатен инцидент.

Гостите од Струга беа заклучени во соблекувалната и беа вистински „заложници“ само затоа што успеаја повторно убедливо да го победат домаќинот Башкими со 0-4. Мораа да интервенираат и специјални полициски сили за стружани да го напуштат стадионот, за жал, и каменувани од кумановски хулигани.

За разлика од кај нас, во светот фудбалот е шоу и вистинска забава за навивачите. Во Германија, Баерн Минхен доминантно ја освои и ја прослави 35-тата шампионска титула, а во Премиер лигата се одигра спектакуларен дуел меѓу Манчестер сити и Арсенал. Граѓаните славеа со 2-1, па сега се вратија комплетно во игра за освојување на шампионскиот пехар. Се разбира, фудбалерите на Арсенал не беа заклучени во соблекувалната на „Етихад“…

Луис Енрике по поразот од Лион: „Го добивте тоа што го сакавте!“

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, сериозно го истакна фактот дека Ленс, по поразот на неговиот тим на „Паркот на принцовите“ од Лион (1-2), се доближи само на еден бод во Лига 1.

ПСЖ го пречека Лион во дербито на колото и важеше за голем фаворит, но неочекувано загуби со 1-2. Сепак, Луис Енрике одмори повеќе клучни играчи од самиот почеток, Витиња во 38-мата минута излезе поради повреда, а дури подоцна во игра ги внесе Дембеле и Кварацхелија.

Но, веќе беше доцна, Лион имаше предност од 0-2, па Грузиецот во последните секунди само го ублажи поразот на Светците, кои сега имаат само бод предност пред Ленс, но и два натпревари помалку.

„Многу е лесно да се анализира. Кога така ќе го започнете натпреварот, се обидувате да доминирате и да ја контролирате играта, но примате два гола од првите две шанси… Во тој момент сфативме дека ќе биде тешко. Имавме 23 удари, но погодивме само од последниот, промашивме и пенал и тоа ја прави разликата. Се обидовме да ја смениме динамиката, но не успеавме.

Лион одигра на високо ниво, имаат квалитетни играчи и квалитетен тренер. Мораме да го прифатиме тоа. Ќе ја чекаме следната средба, сега играме на секои три дена. Мораме да им дадеме минутажа на повеќе играчи бидејќи нè чека густ распоред“, изјави Енрике.

На прашањето дали е лоша вест што Ленс се доближи на бод-разлика, тој одговори:

„Не знам, така е! Сакавте поконкурентна лига? Еве ја. Го добивте тоа што го баравте. Ленс има одлична сезона и ќе биде тешко до последното коло.“

„Променивме шестмина играчи и така ќе продолжиме во наредните натпревари бидејќи нè очекуваат уште многу средби“, додаде Шпанецот, свесен за згуснатиот распоред, со оглед на тоа што ПСЖ го очекуваат и два многу тешки дуела во полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн.

Во врска со повредата на Витиња во првото полувреме, Енрике кратко изјави:

„Нема ништо позитивно, тоа е сигурно. Кога мораш да направиш таква промена пред полувремето… Ќе направиме тестови и ќе видиме.“

И покрај киксот, ПСЖ останува лидер на табелата, а ќе биде потребно вистинско чудо Ленс да заврши пред актуелниот европски шампион на крајот од сезоната.

Ла Коруња е тип на денот, ќе има голови на пресметката од Премиер лигата

1959 Газијантеп – Кајзериспор (19 часот)
Газијантепспор е поквалитетен тим, но Кајзериспор се бори за опстанок и потребни му се бодови. Се очекува отворен натпревар со најмалку три гола.
Предлог тип: 3+ (1.72)

 

1321 Ла Коруња – Мирандес (20.30 часот)
Ла Коруња се бори за директен влез во елитата и оттаму е голем фаворит против Мирандес. Наш тип е дека ќе победи и ќе постигне најмалку два гола.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.89)

 

3010 Лече – Фиорентина (20.45 часот)
Фиорентина има поквалитетен состав, но Лече е во загрозената зона, па ќе биде неизвесен дуел. Ние предлагаме дека гостите нема да загубат и на мечот ќе има најмалку два гола.
Предлог тип: X2 & 2+ (1.84)

 

1719 Данкерк – Лавал (20.45 часот)
Ова е дуел од второлигашкото друштво на Франција. Типот е дека двете екипи нема да постигнат гол и би имало најмногу два гола на мечот.
Предлог тип: НГ & 0-2 (2.15)

 

1118 Кристал Палас – Вест хем (21 часот)
Вест хем се бори за опстанок, а Кристал палас секогаш игра добро пред домашните гледачи. Типуваме дека ќе има најмалку три гола на оваа пресметка од Премиер лигата.
Предлог тип: 3+ (1.87)

Артета по поразот од Сити: Верувам дека Арсенал ќе ја освои титулата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше разочаран по поразот од 1-2 против Манчестер сити. Овој резултат дополнително ја заостри борбата за титулата во Премиер лигата бидејќи разликата меѓу двата тима се намали само на три бода, а Граѓаните имаат и натпревар помалку.

Сепак, Артета останува оптимист и верува дека неговиот тим на крајот ќе стигне до трофејот.

„Верував денес, верував и во средата, и пред една недела, затоа што ги гледам секој ден и знам на кое ниво сме. Но, денес ако играчите имаа потреба од дополнителна сигурност, мислам дека сега се уште поуверени. За тоа се зборуваше и во соблекувалната. Сега ситуацијата е нова – тие имаат натпревар помалку, ние имаме три бода предност и уште пет кола до крај. Значи, сè уште има за што да се игра. Нема да застанеме, продолжуваме понатаму, тоа е сигурно“, изјави Артета по поразот од Сити.

Тој нагласи дека Арсенал влегол во натпреварот со цел да победи.

„Дојдовме тука за да го добиеме натпреварот. Пораката беше јасна уште три дена претходно. Се подготвивме токму за тоа, да ја пренесеме играта во зоните каде што верувавме дека можеме да победиме. И тоа го направивме, иако почнавме со гол негатива и психолошки моравме да се носиме со тоа. Се справивме добро и покажавме дека сме на тоа ниво. Но, реалноста е дека разликата беше во двата шеснаесетника и тоа го реши натпреварот“, додаде шпанскиот стратег.

Артета повторно потенцираше дека целосно му верува во својот тим:

„Ако треба да бирам играчи со кои би ја освоил Премиер лигата во последните пет кола, додека сме во оваа позиција и евентуално во финале од Лигата на шампионите, тогаш мислам дека најдобро е да си останам дома. Тоа не е случај. Никогаш не било потребно, ниту во тешки моменти“, заврши тој.

Фудбал, кошарка и тенис со зголемени коефициенти во Супер типот (Фото)

Денешниот Супер тип е разновиден. Иако доминира фудбалот, сепак има мечеви и од кошарката и од тенисот. Се разбира, со максимално зголемени коефициенти во Sport Life.

Понудата е попладневна, стартува со тенис и фудбал, а потоа се приклучува и кошарката.

Зголемени се квотите на Пери, Ботошани, Анадолу Ефес, Митјиланд, Лин, ФЦСБ, Ден Бош, Ла Лоруња, Фиорентина, Кливленд кавалирс, Њујорк никс, Денвер нагерс…

 

Фудбалер на Верона се степа со навивач на улица (Видео)

Фудбалерот на Верона, Гифт Орбан, се степал со навивач по натпреварот од италијанското првенство кој се одигра во неделата во Верона. Тимот на Орбан загуби од Милан со 0-1, а единствениот гол на натпреварот го постигна францускиот играч од средниот ред, Адриен Рабио.

Италијанскиот „Кориере дело спорт“ пишува дека нигерискиот напаѓач бил испровоциран од еден навивач, со кој одбил да се фотографира по натпреварот. Навивачот бил упорен и дури го удрил автомобилот на Орбан. Тоа дополнително го разбеснило напаѓачот, по што дошло до пресметка на улица.

[Gazzetta] Gift Orban of Hellas Verona fights with a fan after the defeat against Milan.
by u/Sparky-moon in soccer


Некој од случајните минувачи ја снимил тепачката, а случајот веќе е под полициска истрага, пренесуваат италијанските медиуми.

Орбан оваа сезона пристигна во Верона од Хофенхајм на позајмица со опција за откуп. Во италијанската лига постигна седум гола и забележа три асистенции на 28 натпревари. На пет кола пред крајот на првенството, Верона речиси сигурно се сели во втората лига.

Петте Квоти на денот сочинуваат топ тикет (Фото)

Денешните Квоти на денот нудат од сѐ по нешто, и меч од Премиер лигата, но и дуели од пониските лиги на Шпанија и на Франција. Вкупниот коефициент на петте предлози изнесува 43,70.

Митјиланд го пречекува Архус и квотата на денот е 2.20, ако има гол-гол во првото или во второто полувреме.

Ла Коруња се среќава со Мирандес и квотата на денот е 2.00 ако во првото полувреме има најмногу два гола, а во второто најмногу еден гол.

Данкерк игра против Лавал и доколку на мечот бидат постигнати три гола, од кои барем еден во првото полувреме, квотата на денот е 2.20.

Лече ќе ја пречека Фиорентина и квотата на денот е 2.10 ако двете екипи постигнат гол и има барем еден погодок во второто полувреме.

Кристал палас игра против Вест хем и ако домаќинот не загуби, а во првото полувреме има барем еден гол, квотата на денот е 2.15.