-3.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026
Дома Blog Страница 36

Ван Дајк преговарал со Реал пред да го продолжи договорот со Ливерпул

Холандскиот репрезентативец Вирџил ван Дајк бил во преговори за трансфер во Реал Мадрид, објави шпанското издание „Марка“. Според информациите, неговите претставници биле во контакт со Реал и се надевале на позитивен исход за трансфер во Кралскиот клуб.

Сепак, Реал Мадрид го избра поранешниот дефанзивец на Борнмут, Дин Хаусен, по што Ван Дајк одлучил да го продолжи договорот со Ливерпул.

Хаусен се приклучи на Реал Мадрид во јуни 2025 година, а трансферната сума изнесуваше 62,5 милиони евра.


Вирџил ван Дајк го продолжи договорот со Ливерпул до крајот на сезоната 2026/27 во април минатата година.

Селекторот Кире Лазаров го направи и финалниот избор за ЕП, отпаднаа двајца ракометари

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го дефинираше конечниот список пред настапот на Европското првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

По последната селекција, од првичните 21 ракометар, надвор од составот за континенталниот собир останаа десниот бек Томислав Јагуриновски, поради повреда, и средниот бек Мартин Ивановски.

Преостанатите 19 ракометари ќе ги продолжат подготовките преку настап на подготвителниот турнир во Швајцарија, каде ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Бахреин, Украина и со домаќинот.

По ова, македонската репрезентација ќе се пресели во Хернинг, каде на 13 јануари е закажан уште еден контролен натпревар против данскиот прволигаш Митјиланд, како финална проверка пред стартот на Европското првенство.

Енцо Фернандес во 93-та минута му ја одзеде победата на Манчестер сити (Видео)

Манчестер сити и Челзи одиграа нерешено 1-1 на „Етихад“ во 20-тото коло од Премиер лигата.

Во отсуство на прв тренер, шансите на Челзи против Манчестер Сити реално беа минимални. Калум Мекфарлан имаше исклучително тешка задача – да остане непоразен на „Етихад“. Иако немаше голем притисок, бидејќи одговорноста допрва ќе падне на новиот тренер, јасно беше дека сака да остави што подобар впечаток во Манчестер.

Манчестер сити имаше поголема контрола и повеќе простор во првото полувреме, особено во транзицијата, но во завршницата недостасуваше конкретност. Фоден, Бернардо Силва и Рајндерс имаа солидни обиди, а најопасна беше шансата на Ерлинг Халанд кој ја префрли топката кон спротивната статива.

Тоа како да го најави голот во 42-та минута. Бадијашил направи катастрофална грешка со лошо додавање на средината, Сити ја презеде топката, а по обидот за додавање кон Халанд, топката стигна до Тијани Рајндерс кој прецизно погоди во поблискиот агол од голот на Роберт Санчес за водство од 1-0.

Челзи се обиде да реагира во продолжението. Мекфарлан веднаш го внесе Андреј Сантос наместо Естевaо, додека Манчестер сити доживеа пех со повредата на Јошко Гвардиол, која не изгледаше наивно.

Во второто полувреме, Сити не успеа да создаде посериозни шанси, додека Челзи беше блиску до израмнување преку Педро Нето, кој од неколку метри очајно шутираше.

Со влегувањето на Лијам Делап по еден час игра, нападот на Челси доби на физичка моќ. Напаѓачот се движеше одлично, задржуваше топка и создаваше простор за соиграчите.

Кога изгледаше дека трите бода ќе останат во Манчестер, следуваше шок во третата минута од судиското продолжение.
Мало Густо нафрли од десната страна, топката помина низ целиот петерец и стигна до Енцо Фернандес, кој од непосредна близина ја смести во мрежата на Џиџи Донарума за конечни 1-1.

Овој исход најмногу ги израдува навивачите на Арсенал, кој во следното коло ќе влезе со шест бодови предност во однос на Граѓаните.

Аморим избувна на прес: Јас сум менаџер, а не тренер на Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, ја напушти прес-конференцијата по ремито на неговиот тим против Лидс на гостински терен.

Пред да замине, Аморим упати остри пораки до раководството на клубот во врска со својата иднина на клупата на Црвените ѓаволи. Тимот што го води Аморим испушти бодови по вторпат за само четири дена, откако Лидс поведе со голот на Аронсон, а израмнувачкиот погодок го постигна Матеус Куња во 65-та минута. Сепак, Манчестер јунајтед не успеа да стигне до победа.

Аморим на прес-конференцијата јасно стави до знаење дека не е само тренер, туку менаџер кој сака целосна контрола. Тој најави дека ќе се откаже од својата формација 3-4-3, но претходно ќе треба време и значителни инвестиции за да го реализира својот план.

„Дојдов овде за да бидам менаџер на Манчестер јунајтед, а не тренер. Секој оддел, скаути, спортски директор, треба да ја работи својата работа. Јас ќе ја работам мојата 18 месеци, а потоа ќе видиме што ќе следува“, истакна Аморим.

На прашањето дали има доверба од клубот, тој додаде:


„Забележувам дека се даваат селективни информации за сè. Јас сум тука за да бидам менаџер, не тренер. Тоа е јасно. Не сум Тухел, Конте или Мурињо, јас сум менаџер на Манчестер јунајтед. Ова ќе трае 18 месеци или додека управата не одлучи да донесе друг. Јас нема да се откажам.“

Аморим потоа повтори: „Јас сум менаџер, не тренер. Тоа е мојата улога. Ако некој не може да се справи со критики од Гери Невил или некој друг, тогаш мораме да го менуваме клубот.“


По овие зборови, тој ја напушти салата, иако новинарите се подготвуваа за дополнителни прашања.

Ракометарите билдаат форма за ЕП (Фото)

Машката ракометна репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство во Данска, со посебен акцент на физичката подготвеност која е клучна во современиот ракомет.

По деновите минати во Пореч, избраниците на Кире Лазаров сега се подготвуваат во Скопје, но веќе на 6-ти јануари ги очекува настап на подготовителен турнир во Швајцарија. Таму ќе одиграат три контроли.

Првиот меч на Европското првенство е закажан за 16-ти јануари против Данска, а потоа во групата следуваат натпревари против Португалија и Романија на 18-ти и 20-ти јануари.

Мароко обезбеди четвртфинале на погонот на Брахим Дијас

Домаќинот Мароко е третиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на африканските нации. Полуфиналистот од последниот Мундијал со многу мака го совлада дебитантот Танзанија со 1-0 и обезбеди место меѓу осумте најдобри.

Момците на Регреги долго време се обидуваа да го пробијат „бункерот“ на Танзанијa, на одмор се замина без голови, a клучниот момент се случи во 64-тата минута.
Ашраф Хакими одлично асистираше до Брахим Дијас, а напаѓачот на Реал Мадрид реализираше за 1-0 и го донесе водството за Мароко.

Финишот беше целосно отворен, домаќините пропуштија неколку шанси за поубедлива победа, додека Танзанија неколку пати се закани кон голот на Мароко.

Во четвртфиналето, Мароко ќе се сретне со победникот од натпреварот Камерун – Јужна Африка, кој се игра вечерва од 20 часот.

Полноќниот експрес нуди маратонска НБА забава (Фото)

Полноќниот експрес на Sport Life оваа недела стартува уште од 20 часот. Во првиот од осумте НБА дуели се среќаваат Кливленд кавалирс и Детроит пистонс.

Има уште два меча пред полноќ, а потоа следуваат и другите распоредени до раните утрински часови.

Минесота тимберволвс и како гостин е најголем фаворит на пресметката со Вашингтон визардс, а се очекува триумф и на ЛА лејкерс.

Покрај стандардните квоти, подготвени се квотите и за дури 86 кошаркари во играта „плус/минус поени“ на индивидуалниот поентерски ефект.

Не играше Мбапе, но за Реал со хет-трик блесна Гонзало Гарсија (Видео)

Реал Мадрид го декласира Бетис на „Бернабеу“ со 5-1 во 18-тото коло од шпанската Ла Лига.

Иако тимот на Чаби Алонсо настапи без повредениот Килијан Мбапе, сите сомнежи за напаѓачкиот потенцијал ги отстрани 21-годишниот Гонзало Гарсија, кој го потпиша својот совршен хет-трик. Младиот напаѓач погодуваше со левата и десната нога, како и со глава, оставајќи го Бетис без одговор.

Првиот гол Гарсија го постигна по само 20 минути игра, по одличен центаршут на Родриго, кога со удар со глава дојде до својот прв првенствен гол за Реал. Во 50-тата минута, тој погоди со фантастичен удар откако ја смири топката со гради и ја испрати зад голманот на Бетис.

Потоа, Раул Асенсио го зголеми водството, беше највисок во скокот по корнер, а со нова асистенција на Родриго. Бетис се обиде да се врати во мечот преку голот на Кучо Ернандес, но Гонзало Гарсија со атрактивен гол на асистенција на Гулер ја заокружи доминацијата на Реал.

Гарсија заслужено доби овaции од трибините при излегувањето од игра, а неговото место го зазеде Фран Гарсија, кој во третата минута од продолжението го постави конечниот резултат, 5-1.

Со оваа победа, Реал Мадрид е второпласиран на табелата со 45 бодови, додека Бетис е шести со 28 поени.

Ливерпул ја виде победата, но Харисон Рид му ја одзеде во 97-та минута (Видео)

Ливерпул не успеа да се врати со цел плен од гостувањето кај Фулам, играјќи 2-2 во Лондон. Тимот на Арне Слот беше блиску до победа, направи пресврт во судиското продолжение, но Харисон Рид го спречи поразот на домаќините.

Фулам поведе во 17-тата минута преку Хари Вилсон, но Ливерпул успеа да израмни преку Флоријан Вирц, кој полека се наметнува како еден од клучните играчи во тимот. Германецот постигна погодок во 57-та минута.

Во судиското продолжение, Коди Гакпо во 94-та минута донесе водство за Ливерпул, но радоста не траеше долго. Само три минути подоцна, во 97-та минута, Харисон Рид постигна спектакуларен гол за конечни 2-2, обезбедувајќи поделба на бодовите.

Триумф на Њукасл, реми за Тотенхем (Видео)

Њукасл го победи Кристал Палас со 2-0 на домашен терен и покажа дека сѐ уште размислува за излез на европска сцена. Бруно Гимараеш во 71-та минута го отвори резултатот во корист на домаќинот, а Малик Тијао седум минути подоцна го потврди триумфот.

Тотенхем одигра 1-1 против Сандерленд. Бен Дејвис во 30-тата минута обезбеди предност за Тотенхем, но Брајан Броби успеа да израмни десет минути пред крајот на натпреварот.

Брентфорд славеше на гости против Евертон со 2-4. Игор Тијаго постигна хет-трик за гостите, а погоди и Натан Колинс. За Евертон стрелаа Бето и Тирно Бери.