Дома Blog Страница 81

Симеоне: Може да го освоиме трофејот затоа што чувствувам дека овој тим има нешто специјално

Атлетико Мадрид од 2017 година чекаше да биде дел од полуфиналето во Лига на шампиони и сега успеа во тоа. Мадридскиот тим се радуваше на место меѓу најдобрите четири екипи, иако синоќа на свој терен загуби со 1:2 од Барселона. Атлетико оди понатаму благодарение на победата од 2:0 на првата средба. што значи дека е подобар со вкупни 3:2 по двете средби.

„И покрај грешките што го направивме во првиот дел од мечот, успеавме да дадеме гол и да намалиме на 1:2. Тоа беше фантастичен погодок. Второто полувреме беше многу побалансирано. Играчите кои влегоа од клупата за резерви дадоа дополнителна свежина во играта и енергија. Фантастично е тоа што се пласиравме во полуфиналето и што сме меѓу најдобрите четири екипи во Европа“, вели Симеоне.

Атлетико Мадрид два пати играл во финале на ЛШ и во двата случаи губеше од градскиот ривал Реал Мадрид.

„Продолжуваме со целата верба и ентузијазам. Ги знаеме нашите добри, но и лоши страни. Подготвени сме да го направиме тоа за кое што работиме толку години. Чувствував нешто магично. Едноставно чувствувам дека може да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Симеоне.

Флик: Ако се гледа играта во двата меча, заслуживме да играме во полуфиналето од ЛШ

Барселона повторно не успеа во обидот да стигне до трофејот во Лига на шампионите. Овојпат Атлетико Мадрид застана на патот на каталонскиот гигант и со вкупни 3:2 се пласира во полуфиналето. Во синоќешниот дуел во Мадрид, Барселона победи со 2:1, но Атлетико се радува благодарение на победата од 2:0 пред една недела на „Камп ноу.“

По мечот, тренерот на Барселона, Ханси Флик, прво не сакаше да коментира дали неговиот тим требало да добие пенал по една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на противникот, а потоа го коментираше тоа што се случуваше на теренот.

„Не знам, секогаш е исто, секогаш зборуваме за судиите. Не ја видов ситуацијата. Горд сум на мојот тим. Имавме фантастичен пристап кон мечот, го покажавме вистинскиот менталитет на теренот. Горд сум на мојот тим. Создадовме многу шанси, но на крајот пропуштивме неколку големи можности и треба да го прифатиме фактот дека не сме во следната рунда од ЛШ. Мислам дека посебно во првото полувреме му дадовме на противникот многу отворен простор. Мораше покомпактно да се браниме. Во моментов, тоа што го играме, стилот што го негуваме е тој на Барселона. Ако се погледне како игравме во двата меча, заслуживме да играме во полуфиналето, но немавме среќа“, рече Флик, по елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од ЛШ.

Барселона е проколната 40 години да не освои ништо во Европа!?

Шпанскиот гигант Барселона за првпат во својата историја 11 години нема финале во Лигата на шампионите, а да играла во елитното натпреварување во сите тие 11 сезони по ред.

Барса првпат беше европски првак во 1992, играше финале и во 1994, потоа чекаше 12 години, но во тој период не играше само во ЛШ. Од 2015, кога последен пат беа на тронот, редовно се во ЛШ и никако да стигнат до толку посакуваното финале. Се редеа разочарувања и болни елиминации, таква е и оваа вечерашната од Атлетико Мадрид.

Елиминацијата на Барса натера некои фанови да потсетат на клетвата од навивачи на Леганес од 2020 година, кои посакаа Барса 40 години да не ја освои Лигата на шампионите откако Каталонците од кај нив го купија Данецот Мартин Брајтвајт.

„Сакавте да ни го земете Брајтвајт и да го уништите Леганес. Е ,па 40 години ќе бидете без титула во Лигата на шампионите“, беше објавата од навивачи на малиот мадридски клуб.

Екитике е малерот на вечерта, останува без настап на Светското првенство?

Напаѓачот на Ливерпул и на француската репрезентација, Уго Екитике, веројатно се здоби со тешка повреда која можеби ќе го спречи да игра на претстојното Светско првенство кое почнува за помалку од два месеца.

Екитике вечерва се струполи на земја без контакт со противнички играч и на носила беше изнесен од теренот. Сомнежите се дека има тешка повреда која ќе го остави без Мундијал.

Неговиот сонародник и соиграч, Ибрахима Конате, потврди дека не е добро.

„Многу сум тажен поради него. Искрено, мислам дека е лоша повредата. Не знам, му испраќам молитви и поддршка“, рече Конате.

Тренерот Арне Слот рече дека не знае каква е повредеата, не го видел Екитике по мечот бидејќи Французинот заминал дома.

Арсенал (или Спортинг) треба да се плаши од Атлетико

Атлетико Мадрид ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тимот на Диего Симеоне тоа го направи и во 2014 и во 2016, кога стигнуваше до финалето.

Атлетико е изненадувачки полуфиналист, пред ова четвртфинале Барса беше фаворит, но Симеоне уште еднаш покажа дека е мајстор за европски нокаут битки со Каталонците, од кои речиси редовно губи во Ла Лига. Фановите на мадридскиот тим велат дека односот е ваков затоа што во ЛШ не им судат шпански судии кои ги обвинуваат дека ја протежираат Барса. Симеоне е единствен тренер кој трипати ги елиминирал Каталонците во ЛШ.

Во 2014 и 2016 по Барса минуваа уште една пречка пред да ги загубат финалињата од Реал Мадрид (вакво финале е можно и годинава), и тоа треба да ги замисли нивните полуфинални ривали, без разлика дали ќе биде Арсенал или пак Спортинг Лисабон.

Атлетико знае како со Барса во Европа

Атлетико Мадрид и ПСЖ се полуфиналисти во Лигата на шампионите.

ПСЖ со голови на Усман Дембеле пак го победи Ливерпул со 2-0, ова е втора година по ред во која Светците го исфрлаат клубот кој од англиските има најмногу титули во ЛШ.

Амбициозната Барса, која 11 години нема финале и титула во ЛШ, тргна фуриозно, рано даде два гола, но победи во Мадрид против Атлетико само со 2-1, па и понатаму одат Јорганџиите.

Барселона и овој меч како и првиот го заврши со играч помалку на теренот, исклучен беше Ерик Гарсија во 79-тата минута. Атлетико имаше помалку шутеви, се бранеше, но третпат по ред ја елиминира Барса во ЛШ кога овие два тима играат меѓу себе во елитното европско натпреварување.

Во полуфиналето, ПСЖ ќе игра со Баерн Минхен или со Реал Мадрид, додека Атлетико ќе игра со Арсенал или Спортинг Лисабон.

Барса и Ливерпул џабе се порадуваа

ВАР -технологијата ги преиначи одлуките на судиите на двата меча во ЛШ вечерва, па екипите на Барселона и Ливерпул само кратко се радуваа во средината на второто полувреме.

Барселона даде гол, славеа водство од 3-1, но снимките покажаа дека стрелецот Феран Торес бил во офсајд-позиција, па на семафорот и натаму стои 2-1 за Барса.

Во Ливерпул беше досуден пенал за домашните, но откако судијата виде забавена снимка, се премисли и го поништи пеналот, па Ливерпул остана без шанса да поведе 1-0 против ПСЖ, против кого бркаат негатива од 0-2 од првиот меч. Во 73-тата минута Дембеле даде гол и сега пред Ливерпул е невозможна мисија против европскиот првак.

Жесток старт, од лицето на играчот на Барса шибаше крв на сите страни (Вознемирувачко видео)

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, претрпе еден од најболните удари оваа сезона во Лигата на шампионите, во 25-тата минута од натпреварот со Атлетико доби удар од копачка в лице.

Јамал ​​одлично нафрли, Фермин со глава имаше супер шанса за 3-0, но голманот на Атлетико Мадрид, Мусо, одбрани и не сакајќи го удри Фермин в лице. Имаше пауза за да му се помогне на играчот на Каталонците, а на видеото се виде дека исеченицата била незгодна, имаше многу крв на теренот.

Сепак, лекарите ја санираа повредата и Фермин продолжи да игра.

Лудило и драма во Мадрид, публиката во Ливерпул го бараше и го доби Салах

Барселона имаше старт од соништата против Атлетико Мадрид, поведе 2-0, имаше шанса и за 3-0, а налетот го запре голот на Лукман за 1-2, па по првото полувреме Јорганџиите се тие што имаат еден гол предност во двобојот и поблиску се до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Барса на 15 меча по ред во ЛШ прима гол и тоа е нивниот проблем, иако имаат неверојатен напад. Остануваат уште 45 минути во кои може, а и не мора да биде одреден полуфиналистот, се виде дека се случуваат киксеви кои често решаваат на вакви нокаут-мечеви. Каталонците пробуваат да станат само вториот тим во историјата на ЛШ кој одел понатаму откако на првиот меч дома загубил со два гола разлика.

На „Енфилд“ нема голови на дуелот помеѓу Ливерпул и ПСЖ, а тоа им одговара на Французите, кои првиот меч го добија со 2-0. Фановите на Црвените почнаа да го скандираат името „Мо Салах“ уште пред повредата на Екитике. Салах почна на клупата за резерви, тренерот Слот им даде предност на други напаѓачи, меѓу кои и најскапото засилување Исак. Кога се повреди Екитике, Салах влезе на терен. А, и ПСЖ во првото полувреме направи принудна замена бидејќи се повреди бекот Нуно Мендеш.

Барселона само за половина полувреме го смрзна Атлетико, Јорганџиите реагираа

Барселона води со 2-1 на гостувањето кај Атлетико, а Каталонците имаа и 2-0 само по 23 минути игра, со што ја остварија целта по која дојдоа во Мадрид.

Атлетико беше во нокдаун, Јамал и Феран Торес дадоа голови, но домашните преку Лукман успеаја да дадат гол со којшто пак се во предност која ги носи во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Барса на сите средби оваа сезона прима барем по еден гол. Инаку во историјата на ЛШ само Манчестер јунајтед во 2019 успеа да елиминира противник по пораз дома од два гола разлика на првиот меч, Барса пак пробува да биде вториот.