Дома Blog Страница 82

Жесток старт, од лицето на играчот на Барса шибаше крв на сите страни (Вознемирувачко видео)

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, претрпе еден од најболните удари оваа сезона во Лигата на шампионите, во 25-тата минута од натпреварот со Атлетико доби удар од копачка в лице.

Јамал ​​одлично нафрли, Фермин со глава имаше супер шанса за 3-0, но голманот на Атлетико Мадрид, Мусо, одбрани и не сакајќи го удри Фермин в лице. Имаше пауза за да му се помогне на играчот на Каталонците, а на видеото се виде дека исеченицата била незгодна, имаше многу крв на теренот.

Сепак, лекарите ја санираа повредата и Фермин продолжи да игра.

Лудило и драма во Мадрид, публиката во Ливерпул го бараше и го доби Салах

Барселона имаше старт од соништата против Атлетико Мадрид, поведе 2-0, имаше шанса и за 3-0, а налетот го запре голот на Лукман за 1-2, па по првото полувреме Јорганџиите се тие што имаат еден гол предност во двобојот и поблиску се до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Барса на 15 меча по ред во ЛШ прима гол и тоа е нивниот проблем, иако имаат неверојатен напад. Остануваат уште 45 минути во кои може, а и не мора да биде одреден полуфиналистот, се виде дека се случуваат киксеви кои често решаваат на вакви нокаут-мечеви. Каталонците пробуваат да станат само вториот тим во историјата на ЛШ кој одел понатаму откако на првиот меч дома загубил со два гола разлика.

На „Енфилд“ нема голови на дуелот помеѓу Ливерпул и ПСЖ, а тоа им одговара на Французите, кои првиот меч го добија со 2-0. Фановите на Црвените почнаа да го скандираат името „Мо Салах“ уште пред повредата на Екитике. Салах почна на клупата за резерви, тренерот Слот им даде предност на други напаѓачи, меѓу кои и најскапото засилување Исак. Кога се повреди Екитике, Салах влезе на терен. А, и ПСЖ во првото полувреме направи принудна замена бидејќи се повреди бекот Нуно Мендеш.

Барселона само за половина полувреме го смрзна Атлетико, Јорганџиите реагираа

Барселона води со 2-1 на гостувањето кај Атлетико, а Каталонците имаа и 2-0 само по 23 минути игра, со што ја остварија целта по која дојдоа во Мадрид.

Атлетико беше во нокдаун, Јамал и Феран Торес дадоа голови, но домашните преку Лукман успеаја да дадат гол со којшто пак се во предност која ги носи во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Барса на сите средби оваа сезона прима барем по еден гол. Инаку во историјата на ЛШ само Манчестер јунајтед во 2019 успеа да елиминира противник по пораз дома од два гола разлика на првиот меч, Барса пак пробува да биде вториот.

Пелистерци со мегапресврт до победа во Автокоманда

Еурофарм Пелистер како гостин со 35-33 го победи Алкалоид во многу интересно дерби од ракометната Суперлига на Македонија, па битолчани речиси го отпишаа Алкалоид од борба за второто место.

По две ремија по ред во меѓусебните дуели, конечно некој победи, и тоа пелистерци кои направија огромен пресврт во второто полувреме.

Ова беше генерална проба за двата тима пред завршниот турнир во Купот на Македонија кој се игра в петок и в недела.

Алкалоид одигра беспрекорно прво полувреме, во кое даде дури 22 гола, но недоволно за победа.

Пелистерци по првото полувреме имаа шест голови негатива, но предводени од Манасков, многу добро ја одиграа првата половина од вториот дел и дојдоа само на минус еден, со што најавија интересна завршница. Потоа блесна Митревски, Алкалоид веќе беше во контра ритам и искусните гости триумфираа.

Најрасположени во победничкиот тим беа Манасков со 7 гола и Митревски со 6 одбрани, а кај поразените најефикасни беа Дамјан Митев со 7 и Ненад Костески со 6 гола.

Полувремето да трае 25 минути и да нема картони!

Фудбалот сè помалку интересен, трае предолго, а младите луѓе губат интерес, е пораката од претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој во интервју за „Атлетик“ повикува на радикални промени.

„Година по година, фудбалот ќе ја губи помладата генерација. Натпреварите се предолги, дека паузите се предолги, тоа е проблем. Помладите генерации немаат трпение да гледаат натпревар на телевизија кој има бавен ритам. Јас би го намалил полувремето од 45 минути на 25 минути. Како во кошарката, да се игра во реално време“, изјави Де Лаурентис.

Тој би го укинал доделувањето жолти и црвени картони, но дека би ги исфрлил играчите од играта за одреден временски период како во ракометот.

„Не би користел црвен и жолт картон. Би го исфрлил играчот на пет минути за фаул за жолт или на 20 минути наместо црвен картон, така тимот би имал поголем проблем. Уште една работа, има премалку голови, па затоа не е спектакуларно. Потребни се повеќе голови, затоа треба да се променат правилата“, заклучи првиот човек на Наполитанците.

 

Познато е против кого ќе игра ТФТ во финалето на АБА 2 лигата, ако се пласира таму

Екипата на Широки е прв финалист во кошаркарската АБА 2 лига. Претставникот на Босна и Херцеговина во полуфиналето со 2-0 во победи го елиминира словенечки Хелиос. Вечерва Широки како гостин славеше со 84-80.

Во другото полуфинале играат скопски ТФТ и Сутјеска, нашиот тим води со 1-0 по победата на гости. Ако лидерот во македонската Суперлига слави утре и во вториот меч од тоа полуфинале, ќе се најде во големото финале и ќе има шанса да се пласира во главната јадранска лига. Шампионот на АБА 2 оди директно во главната АБА, додека поразениот финалист ќе игра бараж со претпоследниот од АБА.

Унион Берлин доби женски тренер, а таа порача: „Соберете се, момци“ (Видео)

Мари-Луиз Ета (34), на која во саботата ѝ беше доверено водењето на првиот тим на Унион Берлин, денес го одржа првиот тренинг на новата позиција, на која пристигна со широка насмевка на лицето.

„Соберете се, момци“, им порача пред своето прво обраќање до играчите на германскиот прволигаш.

Иако тренингот беше затворен за јавноста, присуствуваа околу 40-тина германски и меѓународни новинари, а присутен беше и претседателот на клубот, Дирк Цинглер.

Германката во првите половина час главно ги набљудуваше вежбите што ги изведуваа играчите, а активно се вклучи кога почнаа да вежбаат тактички формации.

Ета на позицијата главен тренер го замени отпуштениот Штефен Баумгарт, а првично е именувана на функцијата до крајот на сезоната, во која Унион ќе одигра уште пет натпревари.

Екипата се наоѓа на 11-тото место со 11 бода предност над зоната за директно испаѓање, а берлинскиот тим во оваа календарска година има само две победи.

Ета, која стана првата жена што презеде водење на сениорски тим во една од петте најсилни европски лиги, на клупата на Унион ќе дебитира во сабота, кога во Берлин ќе гостува претпоследниот Волфсбург.

Шок во Мајами: Маскерано си поднесе оставка на функцијата тренер на Интер!

Интер Мајами објави дека Хавиер Маскерано заминува од функцијата главен тренер. Аргентинецот одлучил да го заврши својот мандат.

Под негово водство, Интер Мајами ја освои својата прва шампионска титула во МЛС-лигата.

Тој го презеде Интер Мајами на почетокот на 2025 година и стана првак со МЛС рекорд од 101 постигнат голов. Неговиот договор беше со важност до крајот на 2027 година, но од лични причини реши да се повлече предвреме.

„Сакам да им кажам на сите дека од лични причини решив да го завршам мојот мандат како главен тренер на Интер Мајами. Би сакал да им се заблагодарам на клубот, на секој вработен кој е дел од организацијата за колективниот напор, но особено на играчите, кои овозможија да доживееме незаборавни моменти. Исто така, сакам да им се заблагодарам на навивачите бидејќи ништо од ова немаше да биде можно без нив. Секогаш ќе го носам со себе сеќавањето на нашата прва титула и каде и да сум, ќе продолжам да му посакувам на клубот сè најдобро во иднина. Не се сомневам дека клубот ќе продолжи да постигнува успеси во иднина. Ви испраќам на сите голема прегратка и ви благодарам за сè“, рече Маскерано.

Досегашниот спортски директор Гилермо Хојос ќе ја преземе улогата на главен тренер на првиот тим за претстојните натпревари. Хојос е поранешен професионален фудбалер со повеќе од 20 години играчко искуство, како и тренер и спортски директор со богато меѓународно искуство во светот на фудбалот. Тој тренирал клубови во различни земји, вклучувајќи ги Аргентина, Мексико, Чиле, Боливија (каде што беше и селектор), Грција и Кипар.

Започнува разигрувањето во НБА-лигата, Шарлот и Феникс се фаворити, одлична понуда и кај кошаркарите (Фото)

Со два меча вечерва започнува плеј-ин разигрувањето во НБА-лигата, по кое ќе бидат познати последните четири екипи кои ќе учествуваат во плејофот за титулата.

За Шарлот или за Мајами вечерва ќе заврши сезоната бидејќи поразената екипа ќе биде елиминирана, додека победникот ќе треба да одигра уште еден меч за влез во плејофот. Фаворитската улога ја има Шарлот со квота за победа од 1.51 во понудата на Sport Life.

Феникс или Портланд вечерва ќе обезбедат место во плејофот, а поразената екипа ќе има уште една шанса за влез во конференциското четвртфинале. Домашните се фаворити со квота од 1.66.

Дел од богатата понуда на Sport Life се и кошаркарите со најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ на поени. Комплетната понуда може да ја најдете на следниов ЛИНК.

Дојде како големо засилување, но постигна само еден гол: Милан нема да го задржи Фулкруг

Најновите информации од Италија велат дека Милан нема да ја активира клаузулата за откуп на централниот напаѓач Никлас Фулкруг, што значи дека германскиот репрезентативец ќе се врати во Вест Хем на крајот од сезоната.

Фулкруг му се приклучи на Милан на почетокот на јануарскиот преоден рок како позајмен играч со опција за откуп, која се проценува на околу пет милиони евра. Во тој период Милан беше без класичен напаѓач бидејќи Сантијаго Хименес беше повреден, а тренерот Масимилијано Алегри често користеше комбинации во кои настапуваа Рафаел Леао, Кристијан Пулишиќ или Кристофер Нкунку.

Од доаѓањето во Милан на втори јануари, Германецот одигра 16 натпревари за Росонерите, но само трипати беше стартер. Единствениот гол за Милан го постигна во победата од 1:0 на домашен терен против Лече на 18 јануари во Серија А.

Според последните информации, ваквиот учинок не е доволен за да го убеди Милан да потроши 5 милиони евра за неговиот трансфер да стане траен ова лето.

Фабрицио Романо тврди дека Фулкруг ќе се врати во Вест хем на крајот од сезоната 2025/2026, а клубот од Премиер лигата ќе се обиде повторно да го испрати на позајмица.