17.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025
Дома Blog Страница 9443

Манасков: Ова е реалноста за оваа репрезентација

Дејан Манасков постигна пет гола против Исланд и заедно со Кирил Лазаров беа најефикасни во нашиот состав, но тоа не беше доволно да се победи Исланд.

„Мислам дека добро одигравме во првиот дел, имавме водство. Во вториот дел едноставно не одеше во нападот. Ја затворија средината, ги затворија пивотите. Доаѓавме до пасивна игра, влегувавме во неизградени шутеви, а Исланд тоа знаеше да го казни. Донекаде ова е реалноста за оваа репрезентација. Нема разочарување. Тоа е тоа, одиме да одиграме во Келн за да видиме на кое место ќе бидеме на крајот. Секако дека е тешко што не ја поминавме групата, но мора да гледаме напред. Цел ни беше да се пласираме во вториот круг, но, за жал, не успеавме“, заклучи Манасков веднаш по поразот од Исланд.

Македонија не издржа и загуби од Исланд

Македонската ракометна репрезентација не успеа да се пласира во следната фаза од Светското првенство. Во последниот, решавачки меч, Македонија загуби од Исланд со 24:22, во меч кој требаше да го добиеме. Со две победи и три порази, нашите најдобри ракометари завршија на четвртото место во својата група и ќе се борат за пласман од 13 до 16 место на Мундијалот.

Капитенот Кирил Лазаров и Дејан Манасков со по пет гола беа најефикасни. Талески погоди четири пати,  а Жарко Пешевски даде три гола. Филип Лазаров беше стрелец на два погодоци, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и Георгиевски, Поповски и Кузмановски.

Исланд прв даде гол и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Македонија за предност од 4:1 во 7 минута. Нашите ракометари во нападот играа „7 на 6“, а тоа им даде шанса на противниците да погодуваат на празна мрежа. На таков начин прецизни беа три пати по ред за 4:4.

Македонија повторно даде два гола за 6:4, но Исландѓаните не се збунија и за брзо време, повторно израмнија на 6:6 во 15 минута. Во продолжение се играше гол за гол на двете страни, па во 24 минута беше 9:9. Потоа следи нова мини серија на Македонија за водство од 11:9, а потоа и 12:10 во 28 минута. Освен во првата минута, кога Исланд поведе со 1:0, во остатокот на првото полувреме, Македонија или беше во водство, или резултатот беше израмнет.

Во второто полувреме двете екипи дадоа по три во првите пет минути, но потоа, во 40 минута Исланд успеа да израмни на 16:16, па Раул побара тајм-аут за Македонија. И по минутата одмор, Македонија играше без идеја во нападот. Речиси 10 минути немавме дадено гол, па Исланд поведе со 18:16.

Малерот го скрши Талески со гол од 9 метри за 17:18 во 45 минута и најави дека нема предавање до крај. Во 53 минута Македонија израмни на 20:20, па потоа и на 21:21. Исланд даде гол за водство, а откако во следниот напад судиите не досудија фаул над Лазаров, Исланд доби пенал на спротивната страна. Ристовски одбрани, но одниената топка се одби кај Исланѓаните за водство од 23:21 и потоа се беше јасно.

Сопни го соиграчот и добиј пенал (Видео)

На Азискиот куп беше досуден еден од најсмешните пенали. Сирија загуби со 2:3 на гости кај Австралија, а вториот погодок на Сиријците беше постигнат по една чудна одлука на судијата да досуди пенал. Во казнениот простор на Австралија се сопнаа двајца играчи на Сирија, а судијата покажа на белата точка.

https://twitter.com/twitter/statuses/1085473480429236224

Каква драма на азискиот Куп, Либан испадна поради жолти картони

Либан ја победи Северна Кореја со 4-1 во последниот меч од фазата по групи и испадна на необичен начин – поради повеќе жолти картони од Виетнам.

И Либан и Виетнам во своите групи како третопласирани селекции освоија по три бода со идентична гол-разлика, 4-5, па одлучуваа жолтите картони. Вкупно, Либан имаше повеќе опомени од Виетнам, билансот е 7-5 на трите меча што ги играа и Виетнамците одат понатаму заедно со уште три третопласирани селекции во шестте групи.

Либан бркаше победа со разлика од четири голови, но не успеа, а последниот за надеж го даде Ел Хелве во 98-мата минута. Време за уште еден гол немаше, па и Либан и Северна Кореја испаднаа.

Во меч за првото место во истата група Катар ја победи Саудиска Арабија, а и двете репрезентации се пласираа во нокаут-фазата.

Македонија води 13:11 против Исланд, само така да продолжи и во вториот дел

Македонската ракометна репрезентација го има посакуваното водство на полувремето против Исланд. Водиме со 13:11 и остануваат уште 30 минути за да стигнеме до третото место во групата, кое води во следната фаза од Светското првенство.

Исланд прв даде гол и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Македонија за предност од 4:1 во седмата минута. Нашите ракометари во нападот играа „7 на 6“, а тоа им даде шанса на противниците да погодуваат на празна мрежа. На таков начин прецизни беа три пати по ред за 4:4.

Македонија повторно даде два гола за 6:4, но Исланѓаните не се збунија и за брзо време повторно израмнија на 6:6 во 15-тата минута. Во продолжение се играше гол за гол на двете страни, па во 24-тата минута беше 9:9. Потоа следуваше нова мини-серија на Македонија за водство од 11:9, а потоа и 12:10 во 28-мата минута. Освен во првата минута, кога Исланд поведе со 1:0, во остатокот на првото полувреме Македонија или беше во водство или резултатот беше израмнет.

Дејан Манасков и капитенот Кирил Лазаров дадоа по 4 гола и се најпрецизни во составот на селекторот Раул Гонзалес. Жарко Пешевски е со два погодоци од два шута, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Талески, Георгиевски и Филип Лазаров.

 

Сити не ја „рецка“ УЕФА, дали поради тоа ќе биде исфрлен од Лигата на шампионите?

Манчестер сити во последниве неколку години стана еден од највлијателните клубови во Англија. Сето тоа е благодарение на сопственикот Мансур бин Заед, кој е еден од најбогарите шеици во Катар. По доаѓањето на шеикот, Сити потроши многу милијарди евра за доведување нови играчи. Сепак, таквиот начин на трошење пари не е во согласност со правилата на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот воведе финансиски фер плеј според кој клубовите не смее да трошат повеќе пари од тоа што ќе заработат. Германскиот весник „Шпигл“ откри документи кои покажуваат дека наместо пари од спонзорски договор, сопственикот на Сити сам си уплаќал средства кои ги прикажувал како прилив на средства од спонзори.

Од УЕФА побараа челниците на Сити да објаснат од каде им се тие милиони, но газдата Мансур едноставно реши да ги игнорира челниците во Нион. Шеикот дури најави дека планира да ангажира стотина врвни адвокати и да се „влече“ по судови дури и до 20 години. Газдата на Сити вели дека тие докази кои ги има УЕФА се невалидни, бидејќи биле од хакирани податоци.

Ако се докаже дека англискиот првак го прекршил финансискиот фер плеј, Манчестер сити може да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

 

Лионел Меси со часовник каков што нема ниту еден друг фудбалер (Фото)

Лионел Меси пред неколку дена го прослави 400-тиот погодок во Примера дивисион. Аргентинскиот виртуоз е првиот играч во историјата кој успеал да стигне до толку погодоци настапувајќи само во една од топ 5 лигите. Речиси една и пол деценија Меси е страв и трепет за противничките голмани, а најопасен е во завршните 15 минути.

Статистиката покажува дека дури 105 голови на Меси се постигнати во периодот од 76-тата минута до крајот на мечот. Најмалку голови има дадено во воведните 15 минути, само 40, додека во останатите периоди бројот на погодоци е речиси рамнонерно распореден.

За тоа како се постигнувани головите на Меси, направен е еден посебен часовник. Тоа е часовник на којшто се покажани периодите во кои Меси погодувал и колку пати давал голови во шпанското првенство. Толку „богат“ часовник со голови нема ниту еден друг фудбалер.

 

Бразил ги исфрли Русија и Србија

Репрезентацијата на Бразил стигна до историски пласман на светските ракометни првенства. Во последното, петто коло, „кариоките“ лесно славеа против Кореја со 35:26 и со шест бодови завршуваат на третото место во групата А, зад големите фаворити Франција и Германија.

Интересно е што Бразил во првите две кола претрпе два порази од Франција и Германија, но потоа нанижа три победи. Јужноамериканскиот состав успеа да слави против Србија, Русија и сега против Кореја и за прв пат во историјата обезбеди место меѓу најдобрите 12 селекции во светот.

Резултати: Чиле – Саудиска Арабија 32:27, Бахреин – Јапонија 23:22, Бразил – Кореја 35:26, Египет – Ангола 33:28.

Вечерва се играат уште осум меча, а најинтересен, секако, ќе биде дуелот меѓу Шпанија и Хрватска, кој решава за првото место во групата Б, каде што е и Македонија.

 

 

На СП беше постигнат еден од најлудите голови од пенал (Видео)

Едвалдо Фереира е репрезентативецот на Ангола за кого се зборува на Светското првенство во Германија и Данска. Тој е играчот кој го изведе и реализираше еден од најатрактивните пенали во историјата на професионалниот ракомет.

На дуелот против Шведска, Ангола загуби убедливо со 37:19, но Фереира го постигна најубавиот гол, погодок кој сигурно ќе биде во конкуренција и за најдобар на Мундијалот. Фереира застана на линијата од 7 метри и успеа на неверојатен начин да ја сврти топката, која „бегаше“ од голманот и делуваше дека ќе оди покрај голот, но потоа успеа да се врати во мрежата.

Погодокот на ракометарот од Ангола може да го погледнете ТУКА.

За тоа дека ракометарите се обидуваат на најразличен можен начин да го совладаат голманот од пенал, пишувавме пред некое време, кога на аматерски меч во Англија беше постигнат неверојатен погодок. Ракометарот кој го изведуваше пеналот успеа да го лобува голманот, и тоа откако прво ја удри топката од земја.

Тој пенал може да го погледнете ТУКА. 

 

Буфон и на песок се фрла како на трева (Видео)

За време на мини-подготовките во Катар, каде што имаа и промотивни активности, играчите на ПСЖ имаа време да се релаксираат со прошетка во пустина, а една од најинтересните забави на ѕвездите на парижани беше кога играа фудбал на песокот. Анхел ди Марија му шутираше на Џиџи Буфон, а италијанскиот голман се фрли по топката како што тоа го прави и на трева.

Аргентинецот прво жонглираше, а потоа со левата нога шутна „пенал“ кон замислениот гол, а Буфон во свој стил направи атрактивна парада. Ветеранот во земјата која е следен домаќин на Светското првенство во 2022 година покажа дека го бива за бранење на сите подлоги.

Следниот меч на ПСЖ е на 19-ти јануари, на свој терен против Генгам, а Буфон покажа дека е подготвен да го брани голот: