28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025
Дома Blog Страница 9448

Играч на Реал со солзи во очите го напушти тренингот

Талентираниот 22-годишен стопер на Реал Мадрид, Хесус Валјехо, едноставно нема среќа кога се работи за повредите. На синоќешниот тренинг тој се здоби со нова повреда на мускулот на ногата и мораше предвреме да го напушти теренот. Како што пишува шпанска „Марка“, Валјехо со солзи во очите си заминал, додека тренерот Сантијаго Солари се обидувал да го утеши.

https://twitter.com/ReaIMadridOnly/status/1084821018957484033

Младиот дефанзивец едноставно нема среќа сезонава. Ова е четврта повреда за него. Веќе има пропуштено 72 дена поради повреда на бутниот мускул на ногата, а сега му следува нова подолга пауза. Валјехо на „Сантијаго Бернабеу“ дојде пред 18 месеци и досега има одиграно само 14 средби. Сезонава настапи само во Купот против Мелиља и во Лигата на шампионите против ЦСКА Москва.

 

По 17 години, Тони Паркер дојде во Сан Антонио како противник и победи (Видео)

Тони Паркер цели 17 години го носеше дресот на Сан Антонио, но пред почетокот на оваа сезона, направи трансфер во Шарлот. „Стршлените“ утрово гостуваа кај Сан Антонио, а Паркер за првпат се појави во градот како ривал на Спарси и победи. Шарлот славеше со 108:93, а Паркер даде осум поени и имаше четири асистенции.

Пред почетокот на дуелот, Паркер доби пречек каков што го заслужува во Сан Антонио. Домашните навивачи со стоечки овации го поздравија влегувањето на Французинот во игра. Едноставно, публиката делуваше како да не им е грижа што нивниот тим ќе загуби, само да направат Паркер да се чувствува што е можно попријатно во градот каде што помина речиси две децении.

Во дресот на Сан Антонио, Паркер се радуваше на четири шампионски титули, шест пати беше Олстар-играч, а со 6.829 асистенции го држи клупскиот рекорд.

Во салата дојде да го поздрави и легендарниот Дејвид Робинсон, со кого ги освојуваше титулите, а посебно топло добредојде доби од Грег Попович, кој му беше тренер во текот на сите 17 години во Сан Антонио.

Харден е незадржлив, даде 57 поени и е на чекор од рекордот на Чемберлен (Видео)

Џејмс Харден е незадржлив во НБА-лигата. Првата ѕвезда на Хјустон одигра историски меч постигнувајќи 57 поени во победата против Мемфис од 112:94. Харден погоди 17 од 33 удари од поле, а имаше и 9 скока. Интересно е дека популарниот Брада едноставно не ја загуби довербата во својот шут, иако на претходниот меч против Орландо погоди само една тројка од 17 обиди.

Против Орландо, и покрај очајниот шут, Харден постигна 38 поени. Утрово одбраната на Мемфис не можеше да го сопре најдобриот играч на Хјустон, па Харден постави клупски рекорд откако во првиот дел стигна до 36 поени. Ова беше 17-ти натпревар по ред на кој Харден дава барем 30 поени и сега е само на три меча до рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен, кој во 1964 година успеал на 20 средби по ред да даде барем по 30 поени.

Харден веќе постави клупски рекорд откако сезонава веќе има 14 средби на кој дал над 40 поени. Тоа му успеало осум пати во последните 11 средби. Три пати сезонава даде над 50 поени, а тоа му успеало вкупно 12 пати во кариерата.

https://youtu.be/xGnqTttmRGI

Резултати: Бруклин – Бостон 109:102, Хјустон – Мемфис 112:94, Сан Антонио – Шарлот 93:108, Јута – Детроит 100:94, Сакраменто – Портланд 115:107, ЛА клиперс – Њу Орлеанс 117:121.

 

Шампионот брзо ги скроти „волците“

Шампионот Манчестер сити имаше лесна задача против Вулверхемптон и со два гола на Габриел Жезус во првото полувреме брзо ги разреши дилемите околу победникот.

Коуди подоцна си постигна и автогол за убедлив триумф од 3-0 на второпласираната екипа во англиското првенство.
Работата на домашниот тим му ја олесни Вили Боли со несмасниот старт во 19-тата минута, а казната беше црвен картон, па популарните „волци“ играа долго со фудбалер помалку.

Манчестер сити имаше уште шанси за поубедлив триумф, но за нив е најважно што го задржаа чекорот со Ливерпул во битката за титулата. Разликата во корист на Ливерпул остана 4 бодови, а Тотенхем заостана по поразот од Манчестер јунајтед.

Вилијан му носи победи на Реал Сосиедад

Жозе Вилијан се врати со голови по повредата, а со него во тимот и Реал Сосиедад игра многу подобро и освојува бодови. По триумфот проти Реал во Мадрид, вечерва падна и тим од Барселона.

Реал Сосеидад успеа да го победи и Еспањол со 3-2, во мечот во кој Вилијан постигна два гола, а гостите од Барселона анулираа негатива од два гола, но потоа примија и трет за пораз на „Аноета“.

Ова е само втора победа на домашен терен за Реал Сосиедад и прва на „Аноета“ од 2015 година. Со новите бодови тимот од Сан Себастијан се проби на осмата позиција со 25 бода, еден повеќе од Еспањол.

Шпанија се разбуди и освои бодови против Јапонија

Шпанија се разбуди во второто полувреме против Јапонија и победи со 26:22, но не блескаше на мечот од третото коло во нашата група на ракометниот Мундијал.

Јапонците изненадија со одлична игра во првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 11:10. Клучна за исходот на мечот беше серијата на фаворитот од 6:1 на почетокот на вториот дел, а отпорот на Јапонците беше скршен многу потешко од очекувањата.

Десното крило Фeран Соле со 8 голови повторно беше најефикасен кај Шпанците, Ентрериос даде пет, а поранешниот вардарец Канелјас постигна 4 погодоци.

Шпанија ќе ни биде следен противник во фазата по групи и со неа ќе играме задутре, од 20.30 часот.

Вечерва се играа уште три натпревари, а убедливи победи забележаа Данска, Франција и Шведска. Данците ја победија Саудиска Арабија со 34:22, актуелниот светски прваци Французите беа многу подобри од Кореја и славеа со 34:23, а најубедливи беа Швеѓаните со триумф од 37:19 против Ангола.

 

Илиев успешно мина на поправен испит против младинците на Манчестер сити

Дејан Илиев бранеше многу подобро вечерва за младинците на Арсенал против врсниците од Манчестер сити и успешно го мина поправниот испит. Голманот на македонската репрезентација прими само еден гол во победата на младите „топчии“ од 5-1, сосема спротивно од ланскиот дуел, кога ривалот славеше со 6-5.

Вечерва Арсенал повторно постигна пет гола, но Илиев не дозволи мрежата да му се тресе често, како на дуелот од 11-ти август, кога имаше фестивал од голови во неверојатен меч што заврши со победа на Сити од 6-5.

Илиев брани стандардно за екипата на Арсенал до 23 години во развојната лига на Англија, а вечерва по долг пост се радуваше на победа. „Топчиите“ имаа серија од пет меча без триумф, што ја прекинаа на убедлив начин.

Дувњак: Само изгледаше дека е лесно

Домагој Дувњак беше нерешлива енигма за одбраната на македонската ракометна репрезентација, постигна шест голови, но имаше и 8 асистенции, па заслужено ја доби наградата за најдобар играч на мечот. Хрватска победи со 31:22, а бекот на Хрватите вели дека само навидум изгледало лесно.

„Сè е супер сега, победуваме, одигравме одлично, иако не е лесно да ги победите Македонците. На теренот беше потешко отколку што кажува конечниот резултат, но важно е дека победивме. Им благодарам на навивачите. Тие ни помогнаа многу да ги освоиме бодовите“, изјави Дувњак по мечот.

Тој и Манасков беа најефикасни на мечот со по 6 голови, но победникот се памети, а Дувњак ја заслужи наградата МВП на мечот.

Вагнер и Хадерсфилд се разделија

Американецот Давид Вагнер се раздели со Хадерсфилд по период од три години минати на клупата на премиерлигашот. Со взаемен договор ја прекинаа соработката, па фенерџијата ќе мора да бара нов тренер.

Хадерсфилд освои само 11 бодови во 22 натпревари во најквалитетното англиско првенство и е закован за дното на табелата.

Вагнер пристигна во клубот од Јоркшир во ноември 2015 година и потоа успеа да го одведе клубот до елитата, во премиерлигашкото друштво.

Сепак, сезонава Хадерсфилд игра лошо и има најмалку победи, само две во конкуренција на 20 екипи и најмногу порази, 15.

Деби-гол на Кире Маркоски за АЕЛ Лимасол

АЕЛ Лимасол го победи Алки на гостински терен со 3-1, а дуелот на поранешните „романтичари“ го доби Кире Маркоски против некогашниот соиграч од Работнички Душко Трајчевски.

Членот на златната генерација младинци што играше на Европското првенство во Полска го постигна првиот гол за АЕЛ, а гостите од Лимасол со тоа ја потврдија победата против Алки, клуб за кој игра Трајчевски.

Маркоски влезе во игра во првата минута од судиското продолжение, а 180 секунди подоцна беше прецизен. АЕЛ со 37 бодови е втор на табелата зад шампионот АПОЕЛ со еден бод помалку по 16 кола и докрај ќе се бори за титулата.

Трајчевски и неговите соиграчи се во сосема спротивна ситуација, а Алки бие битка за опстанок и има само 14 бодови.