24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025
Дома Blog Страница 9449

Борко и Филип едногласни: Не погодивме многу зицери, Хрватска тоа знаеше да го казни

Веднаш по завршувањето на мечот, Филип Лазаров и голманот Борко Ристовски беа едногласни. Македонија имаше многу загубени топки, не погодивме многу чисти шутеви, дури и удари од далечина на празна мрежа, а сето тоа не смее да се прави против ривал како што е Хрватска.

„Ние бевме во игра до 50-тата минута, но не одигравме како што треба. Не погодувавме зицери, празни голови, грешки, два на еден ситуации, сите по една-две и затоа поразот е убедлив. Требаше да одиграме перфектен меч, а така одигра Хрватска. Едноставно, Хрватска покажа дека е поквалитетна од нас. Ова е само еден меч, одиме на следниот. Наша цел е следната фаза“, рече Филип Лазаров.

Голманот Ристовски повторно имаше двоцифрен број одбрани, но тоа не беше доволно да се избегне убедлив пораз.

„Не погодивме многу зицери, а Хрватска е искусна селекција и тоа знаеше да го казни. Нема многу што да објаснуваме, Хрватска е поквалитетна и тоа треба да го прифатиме. Загубивме, но главата горе. Одиме понатаму, треба да добиеме еден од последните два меча и да стигнеме до главната фаза“, рече Борко по дуелот со Хрватска.

Хрватска сепак е пресилна за Македонија

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство. Хрватска беше подобра од нашите ракометари и славеше со убедливи 31:22. И покрај овој неуспех, ништо не е загубено за Македонија, која до крајот од групната фаза ќе игра против Шпанија (в среда) и Исланд на 17-ти јануари.

Дејан Манасков со шест гола е најпрецизен во нашиот состав. Капитенот Кирил Лазаров застана на четири погодоци, а Талески, Пешевски и Кузмановски погодија по три пати. Стоилов даде два гола, а Георгиевски погоди еднаш.

Кај Хрватска најпрецизен беше Домагој Дувњак со шест погодоци, додека вардаровиот играч Игор Карачиќ даде четири погодоци. Одличен на голот на Хрватска беше и голманот Марин Шего со 12 одбрани, а даде и еден гол.

Хрватска уште од самиот старт поведе со 1:0, а нашите преку Манасков израмнија на 1:1. Потоа Хрватите поведоа со 4:2, а Македонија стигна до уште едно реми 4:4. Потоа следуваше серија на „коцкестите“ од 3:0 за 7:4 и контрола на резултатот. Македонија успеа да намали на 7:9, а потоа следуваше период во кој нашите ракометари повеќе од пет минути не дадоа гол, па Хрватите стигнаа до 13:7 во 25-тата минута. Конечно гол дадовме, и тоа по цепелинот на Георгиевски и Манасков, за намалување на 13:8. До крајот на првиот дел, Хрватска ја задржа предноста од пет разлика.

На почетокот на вториот дел, Хрватска повторно стигна до шест разлика 18:12, но потоа во следните четири минути следуваше серија на Македонија од 3:0 за 18:15 во 35-тата минута, а таа предност на Хрватска остана и во 43-тата минута (20:17). Голманот Борко Ристовски имаше неколку интервенции, но, за жал, тоа не успеавме да го искористиме во нападот. Во неколку ситуации дури се обидовме од гол на гол да погодиме, но не ја погодувавме празната мрежа на противникот, а тоа е недозволиво на вакви мечеви.

На минус три бевме и во 49-тата минута (22:19), кога утнавме напад за намалување на негативата, а потоа Дувњак погоди за 23:19. Во 53-тата минута Хрватска стигна до 26:20 и тоа беше згаснување на последна шанса за нашите ракометари да се обидат да го стигнат противникот.

Норвешка ја замрзна и Австрија на минус 10

Норвешка со сигурна и ефикасна игра ја декласира и Австрија со 34:24 и ја забележа третата победа на ракометниот  Мундијал со двоцифрена разлика.

Резултатот е идентичен како на премиерниот меч против Тунис, а потоа декласирана беше и Саудиска Арабија со 40:21.

Вечерва Австријците се држеа добро во првите 30 минути, имаа достижна негатива од 13:16, но потоа Норвежаните притиснаа и славеа со висока разлика од десет гола.

Првиот фаворит за најдобар стрелец на шампионатот, Сандер Сагосен беше најефикасен со 8 голови, Јондал постигна 7, а Мирхол шестпати беше прецизен.

Јанко Божовиќ, поранешниот играч на Металург, беше прв стрелец кај Австријците со 7 погодоци.

Норвешка има максимален ефект по три кола во групата Ц, а Австрија има една победа и два порази.

Хрватска води на полувреме, но Македонија не се предава

Македонија за првпат на Светското првенство во Германија и Данска е во негатива на полувремето. Во дерби-дуелот против Хрватска, Македонија губи со 16:11. Остануваат уште 30 минути, во кои избраниците на селекторот Раул Гонзалес ќе се обидат да ја анулираат негативата против фаворизираните „коцкести“.

Хрватска уште од самиот старт поведе со 1:0, а нашите преку Манасков израмнија на 1:1. Потоа Хрватите поведоа со 4:2, а Македонија стигна до уште едно реми 4:4. Потоа следуваше серија на „коцкестите“ од 3:0 за 7:4 и контрола на резултатот. Македонија успеа да намали на 7:9, а потоа следуваше период во кој нашите ракометари повеќе од пет минути не дадоа гол, па Хрватите стигнаа до 13:7 во 25-тата минута. Конечно дадовме гол, и тоа по цепелинот на Георгиевски и Манасков, за намалување на 13:8. До крајот на првиот дел, Хрватска ја задржа предноста од пет разлика.

Дејан Манасков со пет гола од девет обиди е најпрецизен во нашиот состав. Капитенот Кирил Лазаров даде два гола, колку што има и Талески. По еден гол дадоа Георгиевски и Пешевски. Кај Хрватска најдобар е голманот Марин Шего, кој има осум одбрани, додека вардаровиот играч Игор Карачиќ даде четири погодоци.

 

И Тошиќ ја изневерил Карлеуша, и тоа со српска манекенка (Фото)

Пред неколку дена се откри скандалот дека Јелена Карлеуша го изневерувала својот маж, фудбалерот Душко Тошиќ, и тоа со репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш. Големата афера започна откако Тошиќ во мобилниот телефон на Јелена пронашол разговори меѓу пејачката и фудбалерот.

Потоа се појави и Врањеш, кој најпрво напиша цел реферат, во кој ја објаснува неговата врска со Карлеуша, а подоцна сето тоа го избриша од својот профил на социјалните мрежи. Сепак, се појавија и фотографии и видео каде што Огњен и Јелена се заедно додека тој играше во Атина.

https://twitter.com/twitter/statuses/1084580907187605504

Сепак, најверојатно Карлеуша не е единствената која изневерувала. Турските медиуми објавија како Тошиќ ја изневерувал пејачката, и тоа со една позната српска манекенка. Се работи за Софија Милошевиќ. Тоа е девојка која се поврзуваше дека е во врска со тенисерот од БиХ Дамир Џумхур. Тенисерот демантираше дека бил во врска со Молошевиќ, потенцирајќи дека биле само пријатели.

Софија Милошевиќ е позната и по тоа што порано била во врска и со српскиот фудбалер Адем Љајиќ.

Реал се фокусира на тројца напаѓачи, еден треба да заврши на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид сезонава има големи проблеми во нападот. Во последниве десетина години реализацијата на Кралскиот клуб не била послаба. Една од главните причини е заминувањето на Кристијано Роналдо, кој едноставно беше „машина за голови“. Реал дефинитивно мора да најде соодветна замена за Роналдо, а според прогнозите, тоа ќе се случи во јануарскиот преоден рок.

Шпанскиот весник „Ас“ тврди дека во опција се три имиња кои се во план да дојдат на „Сантијаго Бернабеу“. Прва и главна цел е доведувањето на Мауро Икарди. Капитенот на Интер уште пред почетокот на сезоната беше во фокусот на Кралскиот клуб. Доколку не успее да го доведе Икарди, во план е и голгетерот на Џенова, Полјакот Кжиштоф Пјонтек. Токму Пјонтек е прв стрелец во Серија А, со гол повеќе од Роналдо.

Последна и најмалку веројатна опција е Бразилецот Родриго. Тинејџерот кој има само 18 години и игра за Сантос веќе има потпишано договор со Реал, но дури по завршувањето на сезоната треба да дојде на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, доколку не се подобри реализацијата на Реал, можно е бразилслиот тинејџер уште овој месец да дојде во Мадрид.

 

Исланд го растури Бахреин, тоа не е добро за Македонија

Репрезентацијата на Исланд во третото коло се израдува на првата победа на Светското првенство во Германија и Данска откако убедливо, со 36:18 го победи Бахреин. Овој убедлив триумф на Исланд не оди во корист на Македонија, бидејќи доколку Македонија вечерва загуби од Хрватска, а потоа и од Шпанија, во последното коло може да решава меѓусебниот дуел против Исланд.

Доколку Исланд има подобра вкупна гол-разлика од Македонија, во тој случај во последното коло, „рибарите“ ќе може да одиграат и нерешено против нас.

Во останатите мечеви кои досега завршија, Србија загуби од Бразил со 22:24, Унгарија го победи Катар со 32:26, а Тунис беше подобар од Чиле со 36:30.

 

Борко Ристовски е главна фаца во хрватските медиуми

Со анализи на ракометните голмански легенди и изјавата дека не му треба Лино Червар за да се мотивира против Хрватите, голманот Борко Ристовски е македонскиот ракометен репрезентативец за кого најмногу се пишува по хрватските медиуми.

Хрватите предупредуваат дека покрај легендата Кирил Лазаров, тука е одличниот Ристовски, кој со 25 фатени топки, има најмногу одбрани од сите чувари на мрежата во првите две кола на светскиот шампионат.

„Македонецот е незгоден голман и ако му тргне, може секого да намачи. Се надевам дека нема да му дозволиме да дојде до израз“, вели поранешниот хрватски голман Валтер Матошевиќ.

И Хрватите имаат добри голмани, Марин Шего собра 21 одбраниа, а Стевановиќ има 11. И Владо Шола кажа дека важно ќе биде голманите на Хрватска да бидат на високо ниво.

„Не сме направиле ништо ако ги загубиме преостанатите три меча од групата. Противниците се потешки од тие што ги имавме досега, мораме да останеме сконцентрирани и да дојдеме до некоја победа“, вели Борко, кој не бранеше на СП 2017, кога селектор ни беше сегашниот селектор на Хрватска, Лино Червар.

„Не ми треба Червар за да се мотивирам, дуел со таква репрезентација е мотив сам по себе. Хрватска е меѓу петте најдобри на светот. Не размислувам за Лино и не му посакувам среќа бидејќи мечот му е против нас. Но, на хрватските играчи им посакувам добар пласман на ова СП“, рече Ристовски.

Гвардиола: Апсурдно е да се надеваме на четири титули сезонава

Манчестер сити вечерва игра против Вулверхемптон во меч од 22-рото коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ се големи фаворити за освојување на трите бода, со кои ќе останат најблиску до лидерот во првенството, Ливерпул. Пред дуелот, тренерот на актуелниот англиски првак, Пеп Гвардиола, вели дека искрено не верува дека неговиот тим оваа сезона може да има историска сезона и да ги освои сите четири титули.

Сити речиси сигурно ќе игра во финалето на Лига купот, дел е од осминафиналето во Лигата на шампионите, а ќе игра и во четвртиот круг од ФА купот. Во првенството е во трка за одбрана на тронот.

„Нема шанси да бркаме четири титули. Апсурдно е да се надеваме на такво нешто. Нашата цел е да победиме на следниот меч“, рече Гвардиола.

Со евентуална победа против Вулверхемптон, Сити ќе дојде до 53 бодови, односно би имал само четири помалку од лидерот Ливерпул.

 

 

Ибрахимовиќ со жестока изјава против Кристијано

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој е познат по остриот јазик и контроверзните изјави, овојпат не го поштеди ниту Кристијано Роналдо. Португалецот по трансферот од Реал Мадрид во Јувентус, изјави дека тоа му е нов голем предизвик во кариерата и сака да продолжи со освојување на трофеи.

Според Златан, кој игра за Лос Анџелес галакси во САД, овие коментари на Роналдо „не држат вода“.

„Кристијано зборува за некаков нов предизвик. За него, предизвик е да одиш во екипа која е веќе силна и ја освојува Серија А. Зошто не направи трансфер во тим од втора лига, па со неа да стане првак и да ја внесе во прва лига? Глупости, доаѓањето во Јуве не е предизвик“, изјави Ибра.

Роналдо, кој има 33 години, блеска, даде 15 гола на 25 меча во дресот на Јувентус, со којшто засега има успеси на сите три фронта (ЛШ, Серија А и Куп на Италија).