26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025
Дома Blog Страница 9592

Вознијацки стигна до 30. титула во кариерата

Каролина Вознијацки го освоит ВТА туунирот во Пекинг, со победа од 2-0 во сетови над Летонката Анастасија Севастова. Данската тенисерка на тој начин стигна до 30-тата тилута во кариерата.

Во мечот кој траеше околу час и половина, Вознијацки направи брејк во шестиот гем при првиот сет, па на 5-3 резултат ја искористи втората сет топка и поведе до 1-0. Во вториот сет се случија повеќе брејкови, сепак, во моменти кога Севастова можеше да се бори за изедначување, не искористи три брејк топки, па Вознијацки славеше со 6-3.

Ова е трета титула за Вознијацки годинава, откако претходно го освои Аустралијан Опен, нејзиниот единствен Грен слем, како и турнирот во Истбурн.

„Енфилд“ е проклет за Сити, „граѓаните“ без победа цели 15 години

Фудбалска Англија со нетрпение го чека денешното дерби во Ливерпул, во кое „црвените“ го пречекуваат актуелниот англиски шампион Манчестер сити во својот храм – „Енфилд роуд“. Ова ќе биде борба на двете најдобри екипи во Премиер лигата оваа сезона, Ливерпул и Сити се на делба на првата позиција со по 19 бода, а овој дуел може да го одреди лидерот во следниот период.

Една традиција стои на страната на Ливерпул, на „Енфилд“ тие се непоразени од Сити во последните 15 години во премиерлигашки дуели. „Црвените“ 11 пати успевале да триумфираат, додека четири дуели завршиле без победник. Последниот меѓусебен дуел во рамки од англискиот шампионат, беше вистински фудбалски класик, тимот на Јирген Клоп славеше со 4-3 и ја прекина серијата без порази на Гвардиола и неговите фудбалери. „Граѓаните“ последен пат се радувале на три бода во 2003 година, кога Сити победи со 2-1 благодарение на два гола на Николас Анелка, по водечкиот гол на Милан Барош.

„Енфилд“ е проклет и за Серхио Кун Агуеро. Домот на Ливерпул е еден од ретките стадиони во Англија на кој Аргентинецот нема постигнато гол. Исто така голем мотив за „црвените“ е што Јирген Клоп е единствениот менаџер кој има позитивен скор против Гвардила кога станува збор за меѓусебни пресметки, што значи дека го знае рецептот за победа против екипите кои ги предводи шпанскиот стратег.

Меѓутоа, традициите постојат за да се прекинат, а дали Сити ќе успее во тоа, или пак Ливерпул и натаму ќе господари со „граѓаните, ќе се дознае денес во 17:30 часот.

(Видео) Нурмагомедов се извини: Жалам што ја видовте и мојата лоша страна

Им се извинувам на Комисијата во УФЦ, на цела Невада и на Лас Вегас за инцидентите. За жал ја видовте и мојата лоша страна, изјави старо-новиот шампион Хабиб Нурмагомедов.

Борецот од Дагестан беше супериорен во битката на столетието против Конор Мекгрегор, но по мечот направи непромислен потег, ја прескокна оградата и се пресмета надвор од рингот со членови на тимот на противникот.

Во комплетниот хаос што настана тројца членови на неговиот тим се уапсени поради напад на Ирецот, а казна ќе има и за Нурмагомедов.

Се шпекулира дека таа ќе биде „солена“, веројатно и една од највисоките во историјата на спортот, а се спомунва сума од 2 милиони долари.

Во рингот Нурмагомедов му одржа лекција на Мекгрегор и полесно од очекувањата го порази.

„Сите што ме познаваат ќе ви потврдат дека јас сум мирен човек, кој не прави инциденти. Бев провоциран долго време од Мекгрегор и неговиот тим. Ми го навредуваа семејството, религијата и државата на која и припаѓам. Не можев да се воздржам, но сега можам да се извинам. Секогаш сум се трудел овој спорт да го прикажам во вистинското светло. Не сум насилник и силно ќе се борам против навредите и неправдите“, изјави непоразениот шампион во УФЦ.

Нурмагимедов има 27 победи без ниту еден пираз во кариерата.

 

Османи го пали алармот: Три меча без победа се премногу за Шкендија

Ќатип Османи вели дека кај играчите на Шкендија се чувствува замор, но во последно време и играта и резултатите не се на задоволително ниво. Шампионот на Македонија не знае за победа на последните три натпревари во домашното првенство, а најголемиот конкурент за титулата Вардар веќе направи 7 бодови предност.

„Три меча без победа е недозволиво за клуб како Шкендија. Мора да реагираме навреме за да се вратиме во ритам. Се чувствува замор кај играчите, но и играта не е на посакуваното ниво. Се обидов да ги освежам редовите, со замени да реагирам за да се вратиме во ритам, но не ни успеа против Ренова. Имавме и предност од 1:0 и шанси за да ја зголемиме предноста, но не успеавме. Паузата ќе ја искористиме за да ги средиме и збиеме редовите и очекувам во продолжение да ја гледаме Шкендија во вистинското издание“, вели Османи.

Поразот од Победа на домашен терен пред три кола го здрма шампионот, а потоа следеа уште два меча без триумф, против Академија Пандев (0:0) и вчера со Ренова, 2:2.

Следен предизвик за Шкендија, веројатно и најважен ако тетовци сакаат да останат во трка за титулата е мечот со лидерот Вардар на 21. октомври во Скопје.

Маркез го освои и Тајланд, сега е на чекор од одбрана на титулата

Марк Маркез е на чекор од одбрана на светската шампионска титула во МотоГП, откако утринава ја освои и Големата награда на Тајланд. Шпанецот повторно беше во директен дуел со Андреа Довициозо, со кого водеа битка за првата позиција буквално до последните неколку свиоци.

Исто како и на последната трка која се одржа во Шпанија, Маркез и Довициозо константно се претекнуваа, па победникот се одлучуваше во последниот круг, кога Маркез на неколку свиоци пред крајот го претекна Италијанецот за да стигне до нова, многу важна победа. На подиумот како трето пласиран се искачи Маверик Вилјанес.

До крајот на шампионатот остануваат уште летири трки, следната е за две недели во Јапонија, трка на која Маркез ќе има можност да ја одбрани светската титула. Во генералниот пласман, Mаркез има 271 бода, 77 повеќе од Довициозо, кој има 194 бода.

И Тајсон се јави по битката во Невада: Имало и полуди од мене

Контроверзниот боксер Мајк Тајсон не остана имун на случувањата во Невада и по битката меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се јави со коментар на социјалните мрежи.

„Не можев ниту да замислам дека вака ќе заврши дуелот меѓу Ноториус и Хабиб. Имало и полуди од мене. Ова беше најлудата борба што сум ја гледал“, напиша Тајсон на Твитер профилот.

Мечот на деценијата меѓу двајцата големи непријатели Нурмагомедов и Мекгрегор му припадна на борецот од Дагестан, кој остана непоразен и по 27. меч. Ја одбрани и титулата, иако немаше официјално прогласување на победникот.

Жешката атмосфера во „Т-Мобајл арена“ во Лас Вегас кулминираше по завршувањето на мечот, во кој Хабиб беше супериорен. Шампионот ја прескокна оградата од рингот за да се пресмета во првите редови со Дилон Денис, член на тимот на Мекгрегор. Имаше размена на удари, а истовремено во рингот беше нападнат Конор, од претставници на тимот на старо-новиот шампион.

Мечот во живо од трибините го следеа околу 18 илајди гледачи во наелектризирана атмосфера, а коментарот на Тајсон, кој беше познат по инцидентите и надвор од рингот доволно говори што се се случуваше во Лас Вегас ноќеска.

Tипувај за ваучер!

Натпреварот заврши 0:0, а точниот резултат го погодија:
Dendi_dota, Atanasjov, dragijevtic, Zmenkinoski, franc.lampard
Честитки за добитниците кои ќе бидат контактирани со email, доколку не добијат порака, нека си го проверат spam фолдерот на нивниот email.

Нa останатите им посакуваме повеќе среќа на идните типувања.

 

Кек си замина од Риека, Велковски и Жута чекаат нов тренер

Дарко Велковски и Леонард Жута ќе имаат нов тренер во Риека, по заминувањето на Матјаж Кек. Риека загуби со 1:2 на гостувањето против Горица, а веднаш по мечот Словенецот си поднесе неотповиклива оставка.

Кек беше кормилар на Риека над пет години, а со оваа екипа испиша историја со освојувањето на првата титула во клупската историја, а во истата сезона, преклани клубот стаса и до двојната круна. Тогаш стандарден бво тимот беше Стефан Ристовски, заедно со Леонард Жута, а сега на Жута му се приклучи Велковски, откако Ристовски замина во Спортинг Лисабон.

 

Погледнете ја жешката битка во Лас Вегас меѓу Хабиб и Мекгрегор (Видео)

Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор во контроверзна битка што заврши со тепачка надвор од рингот и без официјално прогласување на победникот во Лас Вегас.

По завршување на една од најконтроверзните борби во историјата, Мекгрегор беше нападнат од тимот на Нурмагомедов и удрен од зад грб во рингот, а старо-новиот шампион во исто време се тепаше со дел од екипата на Ирецот надвор од рингот.

Погледнете ја целата борба што ноќеска се одржа во Лас Вегас.

https://www.youtube.com/watch?v=1UM6XkLwppQ&app=desktop

Хамилтон ја освои и Сузука

Луис Хамилтон е се поблиску до новата титула во Формула 1, по победата за Големата награда на Јапонија.

Британецот најбрзо ги мина 53. кругови на патеката Сузука и ја мина целта пред клупскиот колега Валери Ботас и пред Марк Ферстапен од тимот на Ред Бул.

„Горд сум што сум дел од овој тим. Со нивна поддршка сигурно чекорам кон целта. Се чувствувам како ова да ми е прва победа. Ја сакам оваа патека, оваа трка“, изјави Хамилтон.

Тој сега има огромни 67 бодови предност пред Себастијан Фетел и е на чекор до нова титула, а може да слави веќе на следната трка во САД. За петта круна на Британецот му требаат само 8 бодови до крајот на сезоната во Формула 1.

Зад водечкото трио се пласираа Рикардо, Раиконен, Фетел, Перез, Грожан, Окон и Саинц.