15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025
Дома Blog Страница 9594

Агим Ибраими со гол го прекина двомесечниот пост

Агим Ибраими игра одлично за Домжале, а денеска со погодок против Мура го прекина двомесечниот пост без гол.

Ибраими со прецизен удар во 25. минута го отвори резултатот за домаќините. Агим беше еден од нашите најдобри репрезентативци, но во претходниот и овој циклус натпревари на македонската А селекција не беше повикуван од селекторот Игор Ангеловски.

Од лани е член на Домжале, екипа која играше квалификации за Лига Европа, а и годинава има амбиции за излез во Европа.

Сари откри како ќе го натера Азар да постигне 40 гола

Во пресрет гостувањето на „Сент Мери“ против Саутемптон, менаџерот на Челзи, Маурисио Сари, ја отрки стратегијата која ќе го стимулира Еден Азар да постигне голем број на погодоци за „сините“. Белгиецот е во неверојатна форма од почетокот на сезоната, моментално е најдобар стрелец во шампионатот со шест погодоци, а има и две асистенции, а неговиот тренер сака да продолжи со голгетерската серија, кога тој е расположен , секој негов потег е круцијален за тимот од Лондон.

„Лесно е да бидеш тренер на играч како што е Еден Азар. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, не ми треба посебна стратегија за него. Само му давам слобода да се забавува на теренот, а тој со своите квалитети го прави она што го знае најдобро, да помога на тимот да остварува позотивни резултати. Сѐ додека е тој среќен, ќе игра на високо ниво, може да постигне голем број на погодоци, тоа го кажав и претходно, а би бил уште подобар ако биде поагресивен“, изјави Сари.

Натпреварот Саутемптон – Челзи е закажан за утре, во терминот од 15:15 часот.

Аубамејанг оздраве, ќе игра против Фулам

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Аубамејанг, навреме ја излечи настинката, па ќе се стави на располагање кај Унаи Емери за утрешниот дуел против Фулам во рамките од осмото коло во Премиер лигата.

Габонецот поради грип не патуваше со остатокот од тимот во четвртокот за Баку, каде „топчиите“ играа меч од Лигата на Европа против Карабах, но за малото лондонско дерби ќе биде подготвен, како и сите останати играчи од тимот.

Само Петр Чех недостасува во првиот тим, бидејќи искусниот голман се лечи од повреда на бутниот мускул, поради која ќе биде надвор од терените во следните три до четири седмици.

Натпреварот Фулам – Арсенал е закажан за утре, во терминот од 13 часот.

Симева и Ивановски ќе бијат битка за седмото место во Европа

Калин Ивановски го доби првиот сет против полскиот тенисер Олаф Пјечковски, но потоа немаше сила за да ја комплетира победата на тенискиот Мастерс на Европа за играчи на возраст до 14 години.

По 6:2 за македонскиот талент, следеше одговор од Полјакот, кој ги доби следните два сета со 6:0 и 6:2 и ќе игра за петтото место.

Ивановски загуби и во првото коло, од вториот носител Метју Вилијам Доналд, па утре ќе игра за седмото место во Европа.

Во иста позиција ќе биде и Александра Симева, по вториот пораз, денеска од Сабина Зејналова. Украинката беше подобра и победи со 6:2, 7:5.

Утре Симева ќе игра против Селин Наеф за седмото место на турнирот во Реџо Калабрија, а Ивановски за противник ќе го има поразениот од дуелот меѓу Чиаварела и Пјечонка.

Koвач одговори по бунтот во Баерн: Ова е само фаза

Во редовите на Баерн Минхен се почувствува незадоволство по наредените три натпревари без победа, во кои „баварците“ одиграа две реми ( 1-1 со Аугзбург и 1-1 со Ајакс) и поразот од Херта од 2-0 во последното коло од германскиот шампионат. Играчите во соблекувалната се бунат за начинот на кој Нико Ковач раководи со екипата, односно неколку првотимци не се задоволни што хрватскиот стратег премногу се потпира на ротирање на составот. Ковач денес посочи дека ова е само фаза која се појавува кај сите екипи, не само кај нив, но вели дека играчите ќе мора да го подигнат нивото на игра во следниот период, со цел да ја пребродат оваа лоша форма.

„Не барам изговори, но ние сме единствената екипа која се соочува со вакви проблеми. И останатите клубови ќе имаат лош период, негативни резултати, прашање е само како ќе се справат со тој проблем и колку време ќе трае таа фаза. Во Баерн секогаш посто притисок, сите очекуваат да победуваме на секој натпревар, а ние го сакаме истото. Притисокот може да претставува предизвик, затоа играчите мора да ги завратат ракавите и тоа ќе го направат“, истакна Ковач во пресрет на мечот против Менхенгладбах и додаде:

„Нашата екипа точно знае во кој сегмент е најсилна, а во кој сегмент е најслаба. Во текот на полувремето го анализираме сето она што го правиме добро, но и лошо на теренот. Едно е што кажувам јас, второ е она што јас го гледам, а трето е она што можам да го сменам во текот на мечот. Не секогаш е возможно да се сменат нештата во истиот момент. Да е тоа можно, би победувале на секој натпревар. Но, едноставно во фудбалот тоа така не оди, исто како и во животот“, додаде Ковач.

Баерн Минхен во 18:30 часот на „Алијанц“ арената го печекува тимот на Б. Менхенгладбах, во обид да останат во чекор со Дортмунд кој сега е на чело на табелата во Бундеслигата.

 

„Лисиците“ ќе ги вкусат „карамелите“ од Мерсисајд

Како и секоја сабота, па така и денес се играат стотици фудбалски натпревари во Европа. Секако, најголемо внимание се насочува кон топ 5 лигите од Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, па од овие првенства издвоивме пет предлози од денешната програма.

Лестер – Евертон (16 часот)

Голови не недостасуваат кога играат „лисиците“ и „карамелите“

Шампионот од пред три сезони на свое тло го пречекува амбициозниот Евертон, дуелот е еден од најинтересните мечеви кои се играат денес, особено во Англија.Петте последни меѓусебни пресметки велат дека мора да има победник на овој меч, а Евертон последен пат славеше на „Кинг Пауер“ токму во сезоната кога Лестер ја освои титулата.

Предлог тип: ГГ3+(2.15)

 

Лил – Сент Етјен (17 часот)

Лил сака да го продолжи европскиот сон

Откако минатата сезона одвај се спаси од елиминација од првата лига, Лил направи комплетна револуција во тимот и сега е при врвот на табелата, веднаш зад лидерот ПСЖ. Ова е дуел на второ пласираниот и четврто пласираниот тим во Франција, што значи дека бодовите се исклучително важни за двете екипи. Лил не памети  лигашки пораз од Сент Етјен пред своја публика, а погодоци ветува речиси секоја нивна пресметка.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.60)

 

Калјари – Болоња (15 часот)

Калјари шет години чека победа против Болоња

Серија А во сабота отвора со дуелот меѓу Калјари и Болоња. Домаќините веќе шест години трагаат по три бода над Болоња и решени се токму денес да стават крај на таа „црна“ серија. Бодовите се исклучително важни и за двете екипи, бидејќи по седум кола се наоѓаат во долниот дел на табелата. Последната пресметка на „Сардења“ заврши без голови, се надеваме дека денес резултатот нема да биде идентичен.

Предлог тип: 1X & 0-2 (2.05)

 

Борусија Дортмунд – Аугзбург (15:30 часот)

„Милионерите“ европски расположени очекуваат лесен триумф

Дортмунд се враќа во Бундеслигата по големата победа над Монако од 3-0 во ЛШ, а нивните фанови денес очекуваат слична претстава од нивните миленици. „Милионерите“ останаа како единствени непоразени во Германија, па со евентуален триумф ќе го задржат првото место на табелата.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (2.03)

 

Хетафе – Леванте (16:15 часот)

Леванте сака второ по ред изненадување против Хетафе

Хетафе минатата сезона мораше да се помири со минимален пораз од 1-0 од Леванте пред своите навивачи, а токму денешните гости веруваат дека повторно можат да изненадат. Двете екипи имаат само по една победа од последните пет првенствени натпревари, јасно е дека три бода се единствена опција и за двете страни, но, само еден може тим може да замине со цел плен од оваа средба.

Предлог тип: 1X & 0-2 (2.18)

 

Тиери Анри ќе биде менаџер на Астон Вила?

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, Тиери Анри, би можел конечно да заплива во менаџерските води. Французинот покажа интерес да ја добие работата во Астон Вила, откако управата му врачи отказ на Стив Брус. Сепак, челниците на клубот за прва мета го назначија менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез.

Анри во текот на летото имаше шанса да го предводи Бордо, но тој одби откако не се договори со клубот, па сега добил мотивација од неговите некогашни ривали, Френк Лампард и Стивен Џерард, и сака и тој да се проба во оваа професија. Анри моментално работи како помошник на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација, но смета дека е подготвен самостојно да работи како предводник на една екипа.

Покрај Бенитез, како опција за менаџерската работа во Астон Вила се интересира и Џон Тери, кој би можел да го преземе клубот на неодреден период, но Англичанецот сѐ уште нема ставено крај на фудбалската кариера.

Стартува новата сезона во кошаркарската Прва лига

По пауза од пет месеци, кошаркарскиот крем повторно се враќа на македонската сцена. Оваа сезона 11 екипи ќе учествуваат во Првата лига, откако Шкупи ја доби поддршката од останатите клубови да учествува во елитното друштво. Четири денешни дуели ја отвораат новата сезона, а актуелниот шампион Работнички одбраната на титулата ја започнува од Охрид.

Екипата од „Градски парк“ со исти амбиции влегува и во новата сезона, да бидат најдобри и да останат на тронот, тронот кој го освоија лани и ја прекинаа шестгодишната доминација на МЗТ Скопје. Токму „штрковите“ беа противниците на Работнички во последната финална серија, а и оваа сезона ќе бидат најголемиот ривал на „центарци“ во трката за посакуваниот трофеј.

Освојувачот на минатогодишниот Куп на Македонија, тимот на МЗТ Скопје, уште на стартот го очекува дерби пресметка. „Аеродромци“ гостуваат во Гевгелија кај Блокотехна, екипата која минатата сезона им нанесе три порази на МЗТ.

Повратникот во Првата лига,  составот на Вардар на свој терен го пречекува Куманово, додека Фени ќе биде домаќин на Пелистер. Тимот на Гостивар пред своите поддржувачи во салата „Младост“, ќе го пречека Кожув. Шкупи во првото коло е слободен.

ПРВО КОЛО:

6-ти октомври:

Охрид – Работнички, 17 часот

Вардар – Куманово, 17 часот

Фени индустри – Пелистер, 18 часот

Гостивар – Кожув, 18 часот

7-ми октомври:

Блокотехна – МЗТ Скопје, 17:45 часот

Мекгрегор против Нурмагомедов – Само еден може да биде најдобар

Ноќеска, во „градот на коцката“ ќе се одржи една од најдолго очекуваните борби во историјата на „UFC“. Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов ќе се борат за шампионската титула во лесна категорија во мешани боречки вештини. Ирецот по пауза од две години, повторно се враќа во октагонот и посакува едно нешто, да се врати на тронот, додека рускиот борец ќе ја брани честа и пред сѐ, шампионската титулата.

Атмосферата е повеќе од загреана, се почувствува тоа и на последната прес-конференција која се одржа во Лас Вегас. Мекгрегор не штедеше навредливи зборови, додека Нурмагомедов мирно одговараше на прашањата. Ирецот дури доцнеше неколку минути, неговиот противник не го сочека и ја почна прес-конференцијата.

„Виновен е сообраќајот што доцнам, не знам зошто овој идиот не ме сочека, сигурно затоа што се плаши од мене. И онака нема ништо паметно да каже, исто како на пресот во Њујорк. Се надевам нема да ја надмине границата на тежина, бидејќи во тој случај ќе му ја скршам пилешката вилица“, Ирецот потоа почна да го навредува и менаџерот на Кабиб, Абдул Азиз: „Тој Абдул, неговиот менаџер, е вистински терорист. Човекот беше фатен како влегува во САД со лажен пасош, како може таков човек слободно да шета низ овие простори“, со висок тон говореше Конор.

„На почетокот на борбата морам да бидам внимателен, Мекгрегор е добар боксер и има одличен тајминг во ударите. Сепак, јас со борење и притисок ќе го спречам. Верувам дека борбата нема да трае пет рунди, бидејќи тој ќе се предаде“, изјави Нурмагомедов.

Триесетгодишниот Мекгрегор последен пат во октагонот се бореше во 2016 година, во победата над Еди Алварез ги спои титулите во лесна и супер-лесна категорија. Поради неактивност титулите му беа одземени, а во 2017 година Нурмагомедов стана шампион во лесна категорија. За Конор, овој дуел со Русинот ќе биде негов најголем предизвик во кариерата, бидејќи ќе се бори против непоразен борец, кој има учинок од 26 победи, од кои осум ги завршил со нокаут. Мекгрегор пак, во кариерата се има борено 24 пати, победил на 21 борби, а со нокаут победил 18 пати.

Во оваа борба не станува збор само за шампионската титула, тука е и огромната заработка од девет цифри. Имено, Мекгрегор при евентуална победа ќе инкасира 100.000.000 долари, додека за победа на Нурмагомедов, Русинот не може да смета ниту на половина од 100-те милиони долари.

Борбата означена како „UFC“ 229, започнува во раните утрински часови, во терминот од 5:30 часот.

На Вардар му фали уште само една петка од тешкиот испит со Академците на Пандев

На Вардар му фали само уште една одлична претстава и победа за супер прв круг од сезоната во домашното првенство. Денеска од 15 часот лидерот на табелата ќе биде на вистински испит, кој треба да го положи со петка, против второпласираната екипа во првенството, Академија Пандев.

Вардарци играат и за уште една петка, односно ќе се обидат по петтипат по ред да останат непоразени во дуелите со струмичани, а триумф им носи супер комоција на чело на табелата по првиот од четири предвидени круга во домашниот шампионат. Најтрофејниот македонски клуб има шанса со успех денеска да остане единствената непоразена екипа во ПМФЛ.

На распоред е деветтото коло, последно од првата четвртина од ПМФЛ, а во Скопје во истиот термин ќе се играат уште два интересни дуели.

Во Чаир, Шкупи со новиот тренер, турската фудбалска легенда Умит Каран го чека на мегдан Работнички, додека во Ѓорче Петров разбудената Македонија ќе и биде домаќин на Победа.

Локално дерби ќе се игра и во Тетово, меѓу шампионот Шкендија и Ренова, а во Струмица како домаќин Беласица ќе атакува на трите бода против Силекс.

По ова коло следува пауза со настапи на македонската репрезентација, а вториоо круг од домашниот шампионат ќе почне на 21. октомври со десеттото коло.

Двојки, 9. коло, 15. часот, денеска:

Вардар – Академија Пандев

Шкупи – Работнички

Македонија Ѓ. П. – Победа

Шкендија – Ренова

Беласица – Силекс

 

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Ренова и Работнички по 10, Беласица 9, Македонија Ѓ.П. 7, Силекс 6, Шкупи 5.