17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025
Дома Blog Страница 9595

Клоп и Гвардиола почнаа да „се силат“ пред големото дерби

Ливерпул против Манчестер сити е дербито на викендот во Европа, а се игра утре попладне. Иако има уште до стартот на средбата, тренерите на двата тима почнаа да ја загреваат атмосферата пред мечот. Јирген Клоп и Пеп Гвардиола кои важат за едни од најдобрите во својата работа, веруваат во успех на својот тим.

Клоп со Ливерпул ја имаат улогата на домаќини. Германскиот стратег е полн со оптимизам, посебно поради фактот дека минатата година, „црвените“ успеаа три пати да го победат Манчестер Сити (два пати беше во Лигата на шампиони).

„Убеден сум дека можеме да ги победиме. Лани три пати бевме подобри и верувам дека и сега ќе бидеме. Треба да го дадеме најдоброто од нас. Најважно е да ги држиме подалеку од нашиот гол, но во исто време ќе треба да создадеме шанси во нападот. Го почитувам Манчестер сити и сите во тимот знаат дека ќе биде тешко“, вели Клоп, кој додаде дека сега треба да се види победничкиот карактер на екипата и да се покаже дека поразот од Наполи во ЛШ е заборавен.

Манчестер сити како шампион патува на „Енфилд Роуд“, а се надева дека по овој меч ќе биде осамен на врвот на табелата во Премиер лигата.

„Верувам во моите фудбалери. Знам дека секогаш напорно се трудат, без разлика на резултатите. Знам дека Сити оддамна не се радувал на „Енфилд роуд“, но мислам дека е време тоа да се промени. Без разлика што и да се случи, овој меч нема да има никаква улога во трката за титулата, бидејќи има уште многу да се игра до крајот“, вели Гвардиола, кој загубил на сите три гостувања против Ливерпул како тренер на Сити. „Граѓаните“ цели 16 години чекаат на победа на гости кај Ливерпул и се надеваат дека утре е тој ден кога ќе биде прекината оваа лоша традиција.

 

 

 

Хамилтон со пол позиција во Јапонија

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за големата награда на Јапонија. Британецот утрово дојде до својата 80 пол позиција во кариерата. за комплетирање на добрите квалификации на Мерцедес, Валтери Ботас имаше второ најдобро време.

За разлика од Мерцедес, повторно разочараа возачите на Ферари, посебно Себастијан Фетел, кој се надева да се бори во трка за титулата. Германскиот возач ќе стартува дури од деветата позиција, додека неговиот тимски колега Кими Раиконен ќе биде на четвртото место на стартната линија. Трето најдобро време во квалификациите имаше Макс Верстапен.

 

Бундеслига со Васоски: Головите се заштитен знак на Хофенхајм и Ајнтрахт

Александар Васоски е хит меѓу тренерите во Македонија, во својата дебитантска сезона успева да го одржи Вардар на врвот на табелата, иако клубот е соочен со многу проблеми, но нема проблем кога треба да биде гостин на СПОРТ МАНИЈА.

Поранешниот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт со задоволство го прифаќа секој наш повик и по третпат ни е гостин со својата анализа и предлог типови за Бундеслигата. На распоред е седмото коло, а како и секогаш има интересни дуели во една од Топ-5 лигите во Европа.

Васоски одбра пет натпревари, а еве ги неговите предлози:

 

Борусија Дортмунд – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Милионерите се екипа со широк спектар на квалитетни играчи и играат одлично на двата фронта и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Аугсбург го изненади Баерн од Минхен, но чудата во германското првенство не се случуваат често, особено не кога разликата во квалитет е лесно препознатлива. Мислам дека Борусија ќе слави убедливо и тоа без проблеми.

Предлог тип: 1&3+ (2.00)

 

Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт (Недела, 15.30 часот)

Оваа генерација на фудбалери на Ајнтрахт игра поинаку од времето кога јас настапував за оваа екипа. Даваат, но и примаат повеќе голови. Хофенхајм на домашен терен е вистинска машинерија за голови, Ајнтрахт може да парира и тука сум речиси сигурен дека ќе има најмалку три голови. За похрабрите типувам и четири и повеќе погодоци на мечот.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.75)

 

Лајпциг – Нирнберг (Недела, 18.00 часот)

Лајпциг е екипа која од старт почнува многу офанзивно и често знае да даде, или да прими гол во раната фаза од мечот. Овојпат верувам дека брзо ќе ја затресат мрежата на Нирнберг, екипа која во Германија важи за домашна, па овде не очекувам изненадување. Особено не по катастрофата на Нирнберг во Дортмунд, кога загубија со 7:0 од Борусија. Лајпциг е во победнички ритам, има три успеси по ред, заедно со триумфот во Европа Лигата против Розенборг и верувам дека повторно ќе слави и утре против Нирнберг.

Предлог тип: 1-1 (2.15)

 

Фортуна Дизелдорф – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)

На Шалке му требаше една победа во Бундеслигата за да фати ритам. Веднаш потоа славеа и во Москва и очекувам хет-трик од тимот од Гелзенкирхен и нов триумф, овојпат во Дизелдорф. Разликата во квалитет е очигледна во полза на гостите. Фортуна во претходните две типувања ја промашив за по еден погодок, со играта од 0-2 гола, но овојпат малку ќе променам и ќе типувам победа на гостите.

Предлог тип: 2 (2.10)

 

Хановер – Штутгарт (Сабота, 15.30)

Двете екипи играат тврд фудбал и по шест одиграни кола се наоѓаат во опасната зона. На последните три меѓусебни дуели немаше повеќе од два гола и верувам дека и овојпат традицијата ќе продолжи. Во вакви натпревари некако поважно е да се сочува мрежата, бидејќи бодовите се мошне значајни. Хановер нема ниту една победа, Штутгарт само еднаш се радуваше и некако ми личи на реми, но јас ќе типувам меч со малку голови.

Предлог тип: 0-2 (1.85)

 

Реал ќе бара 10 од 10 против Алавес

Реал Мадрид има два порази и едно реми во последните три средби. Оваа мини криза на „кралскиот клуб“ треба да биде прекината вечерва. Мадриѓани се големи фаворити на гостувањето кај Алавес. Тоа е противник кој едноставно му одговара на Реал. На последните девет меѓусебни дуели во првенството, Реал секогаш победувал. Сега фаворитот бара 10 од 10.

Тренерот на Реал, Хулен Лопетеги е под притисок дека мора да победи. Некои дури го прашуваат дали ќе сиподнесе оставка, ако неговиот тим вечерва не победи. Стратегот вели дека неговата екипа воопшто не е во криза.

„Знаеме дека секогаш се појавуваат проблеми, но мора да знаеш како да ги решиш. Мора позитивно да се фокусираме. Реал Мадрид има ист број на бодови како и лидерот во Шпанија. Сега размислуваме само на мечот против Алавес. Тоа ќе биде многу тежок меч и ќе мора да го дадеме максимумот за да победиме“, вели тренерот на Реал, Лопетеги.

Алавес е во добра форма посебно на свој терен, каде нема пораз на последните шест средби. Реал е вистинси предизвик за таа низа да продолжи. Реал ќе биде без повредените Карвахал, Иско и Марсело, а можно е во тимот да се врати Герет Бејл.

Лани, Дани Себаљос дебитираше за стартниот тим на Реал против Алавес на гости и даде два гола во победата од 2-1

Неверојатна статистика открива зошто Манчестер е толку слаб со Мурињо

Манчестер јунајтед освои само 10 бода во досешаните седум средби во Премиерлигата. Тоа е доволно за 10 место на табелата, што е најлош старт на една сезона во последните речиси три децении. Најтрофејниот англиски клуб вечерва на „Олд Трафорд“ игра против Њукасл и очекува конечно да се израдува.

Ако Манчестер започна слабо, тогаш гостите се очајни. Во досегашните седум средби имаат само две реми и дури пет порази, без ниту една победа. Затоа е можеби и најпосакуваниот ривал за Манчестер во овој момент.

Тренерот на англискиот гигант, Жозе Мурињо е под се поголем притисок дека мора да победи. Некои велат дека дури ако сега не ги освои трите бода, може слободно да си замине од клубот. Португалскиот стратег трета сезона е на чело на екипата, но далеку е од повторување на успесите на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Педантните англиски статистичари открија зошто Манчестер под водство на Мурињо игра толку променливо. Играчите на Манчестер се меѓу најмрзливите за трчање. Статистиката покажува дека во досегашните седум средби, фудабалерите на Манчестер покриле 744,6 километри што во просек е 106,37 км на средба. Со таков просек, Манчестер е на претпоследното место во лигата во оваа категорија.

Дека ова со покривање на теренот не е проблем само од оваа сезона, покажуваат мерењата од ланската и од таа сезона претходно. Во сезона 2016/17 кога Мурињо дојде на „Олд Трафорд“, играчите на Манчестер покриле вкупно 4.023,4 километри, односно 105,88 километри по меч, што бепе доволно за последното место во оваа статистичка категорија во Премиер лигата. И покрај оваа очајна статистика, Манчестер пред две сезони заврши на петото место.

И лани ситуацијата беше иста. Со вкупно 4.99,8 километри или 107,88 километри на меч, игралите на Манчестер беа на 19 позиција во оваа категорија. И покрај тоа што малку трчаа, Јунајтед на крајот заврши на второто место во првенството, веднаш зад шампионот Сити.

Едноставно на секој меч, играчите на Манчестер јунајтед се надтрчани од противниците и затоа резултатите не се очекуваните. Останува да се види каква ќе биде желбата и борбата кај фудбалерите на најтрофејниот англиски клуб.

 

Хаос на мерењето: Конор сакаше да го удри Хабиб (Видео)

Уште помалку од 24 часа остануваат до стартот на спектакуларната борба во УФЦ 229, меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов, а атмосферата е вжештена на највисоко ниво. Ирецот не одбира ниту зборови, а ни начин како да го испровоцира противникот. Откако во изминативе неколку денови упати многу навреди кон Хабиб, кулминацијата се случи рано утрово кога беше мерењето на двајцата борци.

Откако Конор му нудеше алкохол на Хабиб кој е муслиман и не пие, а потоа го навредуваше дека е терорист, за малку ќе дојдеше до тепачка, за време официјалното мерење. Прв на вагата застана Мек Грегор, а потоа на сцената се појави и борачот од Дагестан.

Конор веднаш започна да удира по Хабиб, а овој остана смирен и не сакаше да реагира на провокациите на Ирецот. Борбата на деценијата ќе биде помеѓу сабота и недела по македонско време.

 

Левандовски против кошмарниот Менхенгладбах сака да се врати во форма

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го зголеми интензитетот на тренинзите пред денешниот дуел против Борусија Менхенгладбах. Голгетерот на баварците дополнително тренира, а посебен фокус е ставен на шутевите од далечина.

Левандовски веќе две недели нема дадено гол. Последен пат беше прецизен на дуелот против Шалке, во Гелзенкирхен. По тој меч меч, Левандовски го прошушти мечот против Аугсбург, а потоа одигра слаби во поразот од Херта со 0:2. Сега се надева дека ќе влезе повторно во голгетерски ритам, иако токму Борусија Менхенгладбах е неговиот најлош ривал.

Полскиот репрезентативец посебно ќе треба да се помачи, бидејќи Борусија Менхенгладбах е неговиот најлош ривал. Во досегашните 13 меча против овој клуб, Левандовски има дадено само два гола. Сефтето го направи во април оваа година.

На последните 10 меча на овие ривали, билансот е израмнет. Двата клуба се радувале по три пати, а четири натпревари завршиле без победник.

 

Глен Мареј незапирлив, Реал Сосиедад е главен во Баскија

Дојде крај за црната серија на Брајтон во Премиерлигата, и благодарение на Глен Мареј, овој тим славеше со 1:0 против Вест Хем, што е нивна втора победа сезонава. За Мареј, ова е петти гол сезонава, што е повеќе од половината за Брајтон, кој е на бројката од 9 погодоци.

Повеќе голови од него има само Еден Азар од Челзи. Сите голови на Мареј се со шутеви внатре во 16-никот, па веќе за него се говори како за „модерен Гари Линекер“. Од друга страна, Вест Хем покажува големи осцилации. Пред пет дена го надиграа Манчестер јунајтед, а вечерва изгледаа како маалски тим.

АТЛЕТИК БИЛБАО НАПРАВИ ДВА ПЕНАЛИ И ПЛАТИ СО ПОРАЗ

Двата пенали, кои во голови ги претвори Ојарзабал, беа клучни за триумфот на Реал Сосиедад од 3:1 на гостувањето кај баскискиот ривал Атлетик во Билбао. Атлетик остана на само една победа сезонава во седум настапи. Сосиедад во тимот имаше девет локални играчи од неговата школа.

На трибините имаше доста навивачи на двата тима кои седеа едни до други, дури и момче и девојка во различни дресови седеа заедно, и тоа покажува дека нема омраза, туку само спортско ривалство.

 

 

Витингтон најефикасен кај Андора, Димитријевиќ прва резерва на Хувентуд

Морабанк Андора како гостин славеше кај Хувентуд со 75:65, а голема заслуга за тоа има и македонскиот крилен центар Шејн Витингтон, кој летоска од Зенит прејде во Андора. Витингтон не беше во почетната петорка, но со 17 поени за 14 ипол минути игра, покажа дека тренерот мора посериозно да смета на него.

Витингтон беше убедливо прв стрелец во својот тим, а беше и втор скокач со 6 фатени топки, од кои четири под противничкиот кош.

Сосема пристојна улога во поразениот тим имаше Ненад Димитријевиќ. Тој со 7 поени, три скока и две асистенции за 11 ипол минути игра, беше најкорисниот играч од клупата на Хувентуд.

Двајцата интернационалци кои играат во можеби најсилната лига во Европа, не се омилени кај МКФ. Нашата федерација го суспендираше младиот Димитријевиќ и бара од ФИБА да му забрани да игра и за клубот, а има најави и за разгледување на идејата за одземање на пасоши за оние Американци кои имаат македонски пасоши, но не се покажале во дресот на нашата репрезентација, каков што е случајот со Витингтон.

На Фрозиноне не му стигнаа два гола, на Вердер да

Торино го совлада Фрозиноне со 3:2 во дуел од италијанската Серија А, по кој гостите треба да жалат што не освоија барем еден бод. Фрозиноне во првите седум кола даде само еден гол, вечерва даде „дури“ два, но и тоа не беше доволно, бидејќи примија три.

„Биковите“ од Торино славеа со головите на Ринкон, Базели и Беренгер, а стрелци за Фрозиноне беа Голданига и Чано. Со новите три бода, Торо се искачи на осмото место, а Фрозиноне остана претпоследен со само 1 бод.

ВЕРДЕР ПОБЕДИ ВО ЧЕСТ НА ПОДВИГОТ НА ПИЗАРО

Во Германија, Вердер беше подобар од Волфсбург со 2:0, со головите на Класен и Егештајн. На овој меч, 15 минути одигра Клаудио Пизаро. Ветеранот од Перу, завчера наполни 40 години, и стана четвртиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој настапил со полни четири децении живот зад себе.  Пизаро беше асистент при вториот погодок.

Со новите три бода, Вердер има 14, и се изедначи со лидерот Борусија Дортмунд.