19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025
Дома Blog Страница 9596

Ибрахимовиќ: Не само Милан, цел свет ме бара!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој во моментов го носи дресот на Лос Анџелес галакси, изјави дека за неговите услуги се интересира целиот свет. Пред неколку дена, се појави информација дека Милан е во сериозни преговори со агентот на Ибрахимовиќ, и оти можно е Златан да се врати во тимот чиј директор е неговиот пријател Леонардо.

Иако има 37 години, Ибрахимовиќ е во добра физичка форма и уште е во редот на најдобри светски напаѓачи. Во американската МЛС лига, има 20 гола на 24 настапи. Тој беше член на Милан од 2010 до 2012 година и даде 56 гола на 85 меча.

„Секогаш има шпекулации. Цел свет ме сака. Во ред е тоа“ – прокоментира Ибрахимовиќ.

Од Милан изјави дека Ибрахимовиќ има блиски односи со нивниот клуб, и не сакаат да негираат дека би го вратиле во своите редови, но во моментов тоа е тешко остварливо. Договорот на Ибрахимовиќ со Галакси важи до 2019 година, но примамлива понуда може да го врати во некој европски клуб.

Симева и Ивановски ќе разигруваат за 5-8 место во Европа

Најдобрите македонски тенисери до 14 години, Александра Симева и Калин Ивановски, загубија од вторите носители на Мастерсот во Реџо Калабрија.

Симева е поразена од Катерина Димитрова со 6-0, 1-6, 1-6, а Ивановски од Метју Доналд со 4-6, 1-6. Утре двајцата разигруваат за пласман од 5-то до 8-мо место на Мастерсот. Противник на Ивановски ќе биде Олаф Пјечковски, а Симева ќе игра со Евијалина Ласкевич или Сабина Зејналова.

И самото учество на турнирот е успех, бидејќи на Мастерсот до 14 години играат најдобрите 8 во Европа за 2018 година.

На овој Мастерс во Реџо Калабрија во 2000 година има учествувано и победено светскиот рекет број 1, Рафаел Надал.

 

Во Монца нема да играат тетовирани и брадосани фудбалери

Тимот на фудбалскиот клуб Монца ќе биде составен од млади, исклучиво италијански фудбалери, и момчиња со средена коса, без брада и ниту една тетоважа на телото или обетка на увото. Ова го изјави Силвио Берлускони, легендарниот газда на Милан, кој неодамна заедно со Адријано Галијани застанаа на чело на нисколигашот Монца.

На конвенцијата на политичката партија Форца Италија, десничарот Берлускони говореше за идниот тим на Монца.

„Монца ќе има само млади италијански фудбалери, без тетоважи или долги бради. Играчите ќе мора да бидат џентлмени, коректни на терен, да се извинат ако направат фаул, судијата ќе го почитуваат како Бог, ќе се поздрават со противниците после мечот. Кога ќе даваат автограми, тоа мора да биде со име и презиме, а не некаков цртеж или чкртаници. Мора да бидат облечени културно, поинаку од тоа што го гледаме во денешниот фудбал“ – изјави Берлускони.

Суспендираниот Ненад Димитријевиќ, игра за Хувентуд

Ненад Димитријевиќ кој доби суспензија од Македонската кошаркарска федерација во траење од шест месеци, не е спречен да игра за својот клуб. Хувентуд вечерва против Морабанк Андора го игра својот прв меч сезонава од шпанската прва лига.

МКФ најави дека ќе го пријави Димитријевиќ во ФИБА, но засега суспензијата не е влезена во сила и Нено слободно си игра за својот клуб. Димитријевиќ е резерва во домашниот тим, а кај гостите од Андора, меѓу резервистите е натурализираниот Македонец Шејн Витингтон.

ММА борец посакува да нема победник помеѓу Хабиб и Конор

ММА борецот Нејт Дијаз, нема да го поддржи ниту Хабиб Нурмагомедов ниту Конор Мек Грегор, во утрешната битка во Лас Вегас, како дел од УФЦ 229. Дијаз даде интересна изјава, и рече дека не сака да има победник, иако тоа не е можно.

„Се надевам дека никој нема да победи. Најдобар резултат кој го посакувам е двајцата да бидат нокаутирани. Малку повеќе ми се допаѓа стилот на Конор, Хабиб се бори како мала плашлива кукавица“ – изјави Дијаз, кој нема убави зборови за конкурентите.

Дијаз двапати се има борено против Мек Грегор во 2016 година, и билансот му е 1-1. Нурмагомедов во кариерата не знае за пораз, и затоа важи за мал фаворит во битката на деценијата против легендарниот Ирец.

Битката помеѓу Русинот Нурмагомедов и Ирецот Мек Грегор е закажана за ноќта сабота кон недела по македонско време.

Дали Јувентус ќе зажали што го купи Роналдо?

Кога летоска беше потврдено дека Кристијано Роналдо за сума од 117 милиони евра ќе го засили Јувентус, тоа беше вест на годината на трансфер пазарот. Иако се чинеше дека дадените пари се премногу за играч кој има 34 години, „старата дама“ ги врати парите и тоа само од продажба на дресови.

Освен што го исплати трансферот, со доаѓањето на Роналдо неверојатно скокна вредноста на Јувентус на светската берза порасна за 26 отсто (од 620 на 825 милиони евра). Во првите осум меча во дресот на Јуве, Португалецот има три погодоци и пет асистенции.

Ако до сега, трансферот на Роналдо на Јувентус му носеше само корист, сега почна да има контра ефект. По скандалот со силувањето во кој во главна улога е Роналдо, вредноста на акциите на клубот паднаа за 13 отсто. Португалецот се сомничи дека во 2009 година во Лас Вегас силувал студентка. Американската полиција отвори истрага, а доколку се докаже дека е виновен, Кристијано може да добие повеќегодишна затворска казна.

 

Фановите на Билбао и Сосиедад не се мразат

Двата најголеми клуба од областа Баскија вечерва од 21 часот го играат својот меѓусебен дуел, а навивачите на двата тима се во добро расположение и со нетрпение го очекуваат мечот.

Таму нема омраза, ривалството е само спортско и им даваат пример на другите регионални ривали како треба да се однесуваат.

Клоп е „криптонитот“ на Гвардиола

Недела е денот кога ќе се судрат двете најдобри екипи во Премиер лигата. Ќе биде дерби во секоја смисла, и на теренот, и покрај аут линијата. Несомнено двата најголеми „мозоци“ во англискиот фудбал во последно време, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, по 15-ти пат ќе ги водат своите екипи еден против друг, а „Енфилд роуд“ е подготвен за уште еден спектакл.

„Тие ме плашат, многу се опасни, навистина го мислам тоа“, вели Гвардиола во една епизода од документарецот за шампионската сезона 2017/18 на Манчестер сити, а изјавата се однесува за Ливерпул.

Манчестер сити и Ливерпул се две од трите непоразени екипи покрај Челзи во Премиер лигата оваа сезона, а овој дуел може да го одреди текот на борбата за титулата во следниот период, иако е рано да се предвидува кој би можел да биде шампион по крајот на сезоната. Да ги оставиме тие пресметки за некој нареден пат, фокусот го насочуваме кон германскиот и шпанскиот стратег.

Имено, Клоп е единствениот стратег кој се соочил 10 или повеќе пати со Гвардиола, а да има позитивен скор во меѓусебните дуели, како тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд. Поточно, на 14 меѓусебни пресметки, Германецот победил на осум, еден меч се одигра нерешено, додека пет пати бил подобар Пеп. Значи, Клоп има процент од 57% според победите.

Останатите менаџери кои 10 или повеќе пати биле противници на Гвардиола, сите имаат негативен скор. Мурињо има пет победи, шест реми и 10 порази (24% победи), Венгер има три победи, три реми и осум порази (18% победи), Покетино има две победи, четири реми и седум порази (15% победи).

Значи, Клоп е „криптонитот“ на Гвардиола, како што зелениот камен е за Супермен, во научно-фантастичниот филм.

Ривалството започна во 2013 година, кога Гвардиола застана на клупата на Баерн Минхен, а на првиот натпревар како предводник на „баварците“ загуби од Клоп и неговиот Дортмунд со 4-2 во германскиот Суперкуп.

Дали Клоп повторно ќе го надмудри Гвардиола, ќе се дознае во недела во 17:30 часот.

„Ракетата“ на Иван – Најдобар гол во второто коло од ЛШ (видео)

Во супер-пресметката на „Вембли“ помеѓу Тотенхем и Барселона (2-4) посведочивме на огромен број атракции, магични потези и прекрасни голови, но, погодокот кој го постигна Ива Ракитиќ за предност од 2-0 во корист на Барса, беше избран за најубав гол на колото во најелитното европско натпреварување.

Хрватот одлично ја проследи топката по неуспешниот шут на Кутињо, па од работ на казнениот простор ја зафати топката волеј и го матираше Љорис.

Во конкуренција за најубав гол беше и погодокот на фудбалерот на Бриж, Антоан Греневелд, кој на „Ванда метрополитано“ погоди од огромна далечина за 1-1 против Атлетико. Првиот од трите гола на Дибала беше избран за трет најдобар, додека слободниот удар на Нејмар за 6-1 против Црвена звезда е четврти најубав гол на колото.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1048198929190465536?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1048198929190465536&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fls-rakitina-raketa-izabrana-za-gol-kola-353882.html

Касилјас чекаше повик од „фуријата“, Енрике не му ја исполни желбата

Голманот на Порто, Икер Касилјас, имаше желба да се врати во националниот состав на Шпанија по две години отсуство. Искусниот чувар на мрежата наводно стапил во контакт со селекторот Луис Енрике, и му се ставил на располагање за претстојната репрезентативна пауза, во којa Шпанија игра еден меч против Англија во Лигата на Нации на 15-ти октомври, додека четири дена порано „црвената фурија“ ќе игра пријателски меч против Хрватска. Сепак, Енрике се придржува до својата одлука и не му пружи шанса на големиот Икер повторно да го облече нациналниот дрес.

Како што најавуваа шпанските медиуми, Енрике посочил дека Касилјас има шанса да биде повикан во селекцијата исто како и останатите 73 играчи кои ја чекаат последната одлука на селекторот. Триесет и седумгодишниот чувар на мрежата последен пат националниот дрес го носеше на Европското првенство во Франција, 2016 година, додека го држи рекордот за најмногу настапи за Шпанија со 167 натрпевари.

Составот на Шпанија за дуелите со Хрватска и Англија:

Голмани: Де Хеа, Аризабалага, Лопес.

Дефанзивци: Гаја, Алонсо, Албиол, Начо, Рамос, Бартра, Азпиликуета, Ото.

Играчи за врска: Бускетс, Коке, Саул, Тијаго, Себалјос.

Напаѓачи: Асенсио, Мората, Сусо, Родриго, Аспас, Алкасер.