25.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025
Дома Blog Страница 9601

Евертон ја расипа новата англиска фудбалска мерка

Гулфи Сигурдсон со гол во 88. минута за Евертон спречи историски ден во Премиерлигата и идентичен исход на 7 натпревари. Евертон го победи Фулам со 3:0, а на сите останати мечеви исходот беше ист, 2:0 за победниците.

Стерлинг и Агуеро со по еден погодок му донесоа триумф на шампионот Манчестер сити против Брајтон и прво место во Премиерлигата, до дуелот меѓу Ливерпул и Челзи.

Арсенал за две минути од 81. до 83. ги разреши сите дилеми околу победникот на лондонското дерби против Ватфорд. Каткарт си постигна автогол, а Озил ја запечати победата на „топчиите“.

Со два гола во финишот и Вулверхемптон славеше против Саутемптон, а многу порано со голови во првиот дел Тотенхем го победи Хадерсфилд.

На гостински терен со головите на Варди и на Мегваер Лестер беше подобар од Њукасл. Од 18,30 часот се игра дербито меѓу Челзи и Ливерпул.

Македонија ЃП може да жали за трите бода во Кратово

Во дуелот на двете екипи кои се во долниот дел од табелата, Силекс и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1:1. Гостите сер тие кои може да жалат што не ги освоија трите бода. Како што најавуваа пред средбата, гостите веднаш започнаа офанзивно. По само три минути игра, Кристијан Костовски погоди за предност од 1:0. Македонија ЃП имаше две стоостотни шанси за да го удвои водството, а со тоа да биде и чекор поблиску до победата, но гостите беа непрецизни.

Во вториот дел, се играше израмнето, а Силекс во 81 минута остана со играч помалку, откако црвен картон доби Емануел Мбела. Токму црвениот картон како да беше мотив за кратовци, па само две минути подоцна судијата досуди пенал за домаќините. Дарко Алексовски го реализираше ударот од белата точка и израмни на 1:1, што се покажа и како конечен резултат.

Мечот помина во фер и коректна атмосфера, а на висина на задачата беше и судијата Марјан Маркоски од Охрид со своите помошници.

Во следното коло Македонија ЃП на свој терен ќе ја пречека Победа, а Силекс ќе гостува кај Беласица.

Конечно и Шалке 04 победи

Конечно и „Ауф Шалке“ арена дочека први бодови во новото издание на Бундеслигата, а експлозија од радост донесе Андреас Шуп со гол во 11. минута. Доволно за прва победа на Шалке 04, а црната серија е прекината со триумф против Мајнц.

Шалке 04 имаше пет порази, но денеска со минимална победа стави крај на низата од неуспеси. Домашни победи забележаа и Штутгарт со 2:1 против Вердер и Нирнберг со 3:0 против Фортуна Дизелдорф, а на гости единствено славеше Лајпциг против Хофенхајм со 2:1. Без победник, 2:2 заврши дуелот меѓу Волфсбург и Борусија Менхегладбах.

Волчицата се разбуди на време – Римското дерби за Рома

Одбранбените играчи на Рома беа ефикасни, Коларов и Фацио постигнаа по еден гол во римското дерби што „Волчицата“ го доби со 3:1 против Лацио,

Во возбудливо дерби со многу шанси на двете страни, Рома беше подобра и славеше победа. Лоренцо Пелегрини погоди во 45. минута за Рома, но Чиро Имобиле ја врати рамнотежата со погодок во 67. минута. Клучен момент на мечот беше прекрасниот гол на Александар Коларов во 71. минута, а Федерико Фацио со уште еден гол, во 86. минута стави печат на триумфот на Рома.

Вардар има златна Лира, победена и Победа

Бразилецот Вилијан Соуса Лира беше прецизен во 57. минута за вредна победа на Вардар против Победа во дербито во Штип. Во втората дерби пресметка Академија Пандев и Шкендија одиграа без голови.

Вардар си има победнички рецепт, еден гол за победа, а и денеска во Штип стратегијата на Александар Васоски беше триумфална. Младиот тренер на Вардар гази се пред себе и нема пораз и по 8 кола во домашното првенство. И со право заедно со неговите избраници е на врвот на табелата со 20 бода, четири повеќе од Академија Пандев и пет од Шкендија. Овие две екипи одиграа без голови на „Кукуш“ во Турново, во скрпмна фудбалска пресметка и си ги задржаа позициите зад лидерот Вардар.

Ренова игра изненадувачки добро и без тренер, па повторно победи со 2:0, овојпат во Тетово против Шкупи. Јусуфи и Стојановски со по еден погодок им донесоа триумф на „гипсарите“.

Рабптнички и Беласица и Силекс со Македонија Ѓ.П. одиграа нерешено, 1:1.

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Ренова и Работнички по 10, Беласица 9, Македонија Ѓ.П. 7, Силекс 6, Шкупи 5.

Мурињо: Моите играчи си беа релаксирани како да победиле

Вест Хем го декласира бледиот Манчестер јунајтед со 3:1, со што само ја продлабочи кризата кај „црвените ѓаволи“. Сериозно се тресе столчето на Жозе Мурињо, но тој повторно во свој стил го коментираше поразот на Јунајтед.

„Не можам да го објаснам променливото расположение на целиот тим. Еднаш играме одлично, потоа многу слабо. Јас не менувам така лесно однесување и не можам да го објаснам тој тренд кај моите играчи. Губеа и се однесуваа многу релаксирано. Како да победуваме“, изјави Мурињо.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед навистина изгледаа како незаинтересиран и на теренот, па противниците од Вест Хем лесно ги надиграа и победија. Патем и кавгата меѓу Мурињо и Погба очигледно влијае на вцелиот тим, па следи тежок период за Португалецот, ако остане на клупата на Манчестер јунајтед.

Британците ќе се кандидираат за домаќини на СП 2030

Владата во Лондон и се придружи на Лабуристичката партија во поддршка на заедничка кандидатура на Обединетото Кралство и Република Ирска, за домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година.

Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска, и Република Ирска, размислуваат да испратат официјална понуда за кандидатура.

Премерката Тереза Меј, говорејќи пред членовите на Конзервативната партија во Бирмингем, спомна дека после инспиративниот настап на Англија на Светското првенство во Русија, се работи на испраќање заедничка кандидатура со Ирска.

„Одлуката ќе биде на фудбалските асоцијации. Ако решат да се кандидираат, ќе ја имаат целосната поддршка на оваа Влада“ – рече Меј.

Англија беше кандидат и за СП 2018, но доби само два гласа од 22-та члена на Извршниот комитет на ФИФА. Во 2022, СП ќе се одржи во Катар, и ќе биде прво кое се играло во зима.

Англичаните во далечната 1966 година беа организатори на Мундијалот и ја освоија титулата. Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, смета дека Британците ја имаат потребната инфраструктура, и смета дека не треба да има повеќе од една европска кандидатура, за да не дојде до разводнување на гласовите.

Фаворити за СП во 2030 се Уругвај, Парагвај и Аргентина. Во таа година ќе се одбележи 100-годишнината од првото СП во Уругвај.

Вест Хем го нокаутираше Манчестер јунајтед

Вест Хем со головите на Фелипе Андерсон, автоголот на Линделоф и Марко Арнаутовиќ, дојде до триумф од 3:1 против фаворитот Манчестер јунајтед, зголемувајќи ја кризата во клубот во кој има отворена поделеност меѓу играчите, а во центарот е тренерот Жозе Мурињо.

„Чеканите“ беа заглавени на дното на табелата, но во последните три кола иако играа со Евертон, Челзи и Јунајтед, собраа 7 бода. Во меѓувреме, му дадоа 8 гола на Маклсфилд во Купот, па веќе нема најави за разделба со тренерот Мануел Пелегрини.

Манчестер има само 10 бода после седум кола, што е најлош учинок во оваа фаза во Премиерлигага од 1990 година наваму, и уште во септември може да се прости од титулата.

Првиот ред во Сочи, резервиран за Мерцедесите

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, ќе тргна од пол-позицијата на утрешната трка за големата награда на Русија, која се вози во олимпискиот град Сочи. Валтери Ботас по втор пат сезонава ја освои пол-позицијата, шести пат во Ф1, а патеката во Сочи му е омилена, бидејќи таму ја оствари првата победа во кариерата.

Втор ќе стартува клупскиот колега на Ботас, водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон, а во вториот ред ќе бидат двајцата пилоти на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Италијанскиот тим не покажа на денешните квалификации дека има капацитет да го надмине Мерцедес, но им останува надежта дека среќата ќе им биде наклонета на самата трка, бидејќи на неколку трки тие доминираа во квалификациите, а киксираа на трката.

Третиот ред ќе го сочинуваат Кевин Магнусен од Хаас и Естебан Окон од Форс Индија.

Прв лет на „лилјаците“

После четири ремија по ред, Валенсија конечно дојде до првата победа сезонава во шпанската Примера. Во Сан Себастијан, совладан е Реал Сосиедад со 1:0.

Клучните моменти на средбата се случија во 36. и 67. минута. Во 36-тата минута, Кевин Гамеиро добро реагираше по уфрлањето на Денис Черишев, и постигна гол, за кој се покажа дека е доволен за освојување на трите бода. За Гамеиро, ова е прв лигашки погодок во дресот на „лилјаците“ од Валенсија.

Во средината на второто полувреме, беше досуден пенал за домашните. Тоа беше нивната најчиста шанса за изедначување на резултатот, но шутот на Бразилецот Вилијам Жозе, беше одбранет од неговиот сонародник Нето, кој го брани голот на Валенсија.

Кај Реал Сосиедад се повредија Микел Мерино и Салдуа, и тоа ги зголеми грижите.