28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025
Дома Blog Страница 9612

Металург без муниција против Бешикташ (22:30)

Бешикташ беше пресилен за Металург и победи убедливо на гостувањето во Скопје со 30:22, во меч од второто коло во Лигата на шампионите.

Подмладениот состав на Металург имаше сила за само едно полувреме, првото кое заврши со минимална негатива од 13:14.

Во продолжението Ласица и Озбахар доминираа, беа нерешлива енигма за одбраната на домаќините, па Бешикташ ја забележа првата победа во ЛШ.

Металург има два порази во низа и двата со по 8 голови разлика, што го става во редот на аутсајдерите во Ц групата.

Даниловски со пет голови беше најефикасен кај домашниот состав. Во следното коло на 30. септември металурзите повторно ќе бидат домаќини, против Татран Прешов.

Адеми се врати Динамо го доби трилерот со Интер

Аријан Адеми се врати на терен по повредата, одигра како резерва од 64. минута за Динамо Загреб, во еден од највозбудливите мечеви досега сезонава во ХНЛ.

Динамо победи со 5:3 против Интер Запрешиќ во меч со многу пресврти. Домаќините водеа со 1:0, потоа предноста на двапати беше на страна на Интер, со 1:2 и 2:3, но сепак фаворитот славеше.

Адеми отсуствуваше неколку седмици поради повреда на бутниот мускул, но се врати на теренот и ако се биде в ред ќе може да игра и за нашата репрезентација во продолжението од натпреварите во Лигата на Нации.

Играчот за врска ги пропушти првите два меча на Македонија, против Гибралтар и Ерменија, а можно е да игра против Лихтенштајн во Скопје на 13. октомври.

Дерби е градско, голови ни за лек

По дуелот меѓу Вест Хем и Челзи во Англија, уште едно градско дерби во Европа, од Топ-5 лигите заврши без голови.

Во Валенсија, Вилјареал и Валенсија одиграа нерешено, без да се тресат мрежите на Асенхо и Нето. Вилјареал имаше подобра позиција да ги освои трите бодови, играше на свој терен и со фудбалер повеќе над половина час, но не успеа.

Дани Парехо, кој не е во добра форма беше исклучен кај Валенсија во 58. минута, но „лилјаците“ го издржаа притисокот на Вилјареал и освоија еден бод со играч помалку во меч без голови.

Парехо е еден од главните играчи на Валенсија, познат е по прекрасните слободни удари, но во последно време не е во препознатлива форма. Против Јувентус во Лигата на шампионите направи пенал, сега беше исклучен, што е лош учинок на еден од главните мотори во играта на Валенсија.

Кикс на Селтик, Рома и Челзи, но има време за „зицер“ добивка

Фаворитите кои се на хартија не секогаш успеваат на теренот да ја завршат работата како што посакуваат. Шкотскиот првак Селтик гостуваше кај Килманрок и водеше со 1:0 на полувремето, но во вториот дел се случи чудо. Во последните 25 минути од мечот, Килманрок даде два гола и не само што не дозволи Селтик да победи, туку со целосен пресврт стигна до трите бода.

Челзи имаше перфектен биланс од пет победи по ред во Премиер лигата и беше голем фаворит на гости кај Вест Хем во градското дерби. Домаќините знаеја дека главна цел треба да им биде да не примат гол, па се орјентираа на одбраната. Челзи имаше речиси три четвртини посед на топка, но тоа беше залудно, бидејќи дуелот заврши без голови.

Рома никако да излезе од криза во Серија А. „Римската волчица“ останува само со една победа од пет средби, откако загуби на гости кај Болоња со 2:0. Ако „паднавте“ на некој од овие три фаворити, ред е да има „вадење“ на оние гиганти кои своите мечеви ги играат вечерва.

ФРОСИНОНЕ – ЈУВЕНТУС (20:30 Ч.)

Италијанскиот првак нема грешка во Серија А и многу веројатно е дека така ќе остане и по вечерашното гостување кај Фросиноне. „Старата дама“ едноставно не греши против вакви противници, па затоа е речиси 100 отсто сигурно дека трите бода се за гостите.

Иако ќе бидат без суспендираниот Даглаш Кошта, како и повредените Сами Хедира и Матиа де Шиљо, а неизвесен е Андреа Барзаљи, Јувентус треба лесно да победи. Кристијано Роналдо може на овој дуел да го истури целиот бес по добиениот црвен картон во Лигата на шампиони против Валенсија. Ронално сега ќе паузаира во елитната европска лига, па затоа сигурно е дека нема да се штеди вечерва.

Тренерот на Јуветус, Масимилијано Алегри е можно да направи промена во формацијата и да го стави Дибала во стартниот состав. Роналдо би бил најистурен во нападот, а Манџукиќ, Дибала и Бернардески ќе бидат поумерени. Ако оваа „четворка“ се појави на теренот, јасно е дека Јувентус ќе изгледа многу офанзивен, па головите ќе бидат неминовни.

Предлог тип: 2&3+ (1.70)

 

БЕНФИКА – АВЕС (19:30 Ч.)

Бенфика на свој терен брка победа за повторно да се врати на лидерската позиција на табелата во Португалија. Фактот дека играчите на гигантот од Лисабон се уморени поради настапот во Лигата на шампиони, значи дека може да има потешкотии.

Сепак, доброто е тоа што денешен противник е Авес. Тоа е тим кој ќе се бори за опстанок, а во досегашните четири меча има само едно реми и три порази. Тоа значи дека „единицата“ не треба да е никаков проблем, а фактот дека во Португалија често влијае и гол разликата, треба да очекуваме и погодоци во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&3+ (1.47)

 

БАРСЕЛОНА – ХИРОНА (20:45 Ч.)

Сите оние кои ќе го следат овој меч, сигурно е дека ќе очекуваат погодоци. Тоа е и нормално за Барселона, која досега во Примера на 4 меча има дадено 14 погодоци, односно 3,5 по меч. Хирона не е ривал на исто ниво како гигантот од „Камп Ноу“, но гостите барев во добра форма доаѓаат на овој дуел. Имаат две победи по ред, а желба им е да направат изненадување на најголемиот стадион во Шпанија.

Се очекува отворена игра и голови во двете полувремиња, па затоа најдобро е да се типува по новата игра 1-3 голови во прво полувреме и 1-3 голови во второ полувреме.

Предлог тип: 1-3 ПП, 1-3 ВП (1.80)

 

ОЛИМПИК ЛИОН – ОЛИМПИК МАРСЕЈ (21 Ч.)

Дербито во Франција е како „шлаг“ за викендов. Марсеј против Лион се нема израдувано на последните осум првенствени средби. Лион и вечерва ќе има една голема предност, а тоа е домашниот терен. Лион тоа не треба да го уплаши и гостите да продолжат со својата офанзивна играч. По ПСЖ, Марсеј е вториот најефикасен тим, со 14 гола на 5 средби, односно речиси три по меч.

Ако се запази традицијата дека Лион не губи, но и фактот дека Марсеј игра многу напаѓачки, може да се игра комбинација на тип.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.67)

Шкендија го фати последниот воз за победа во Кратово

Бесарт Ибраими со гол во втората минута од судиското продолжение го победи Силекс со 2:1 и ја продолжи неверојатната традиција против прволигашот од Кратово.

Од последните 24 дуели меѓу Силекс и Шкендија, тетовци добија дури 22, вклучувајќи го и денешното дерби од шестото коло во македонската Прва Лига.

Најдобриот стрелец во првенството, Ибраими беше на вистинското место и во фото-финиш погоди за три бода. Претходно Бесмир Бојку и донесе предност на Шкендија, а Христијан Гроздановски израмни за Силекс.

Во Битола лидерот Академија Пандев повторно одигра прекрасен меч и со 4:2 ја победи Победа. Миловановиќ со два гола за струмичани беше лидер на теренот, а гол-првенец постигна Ванче Шиков. Еднаш погоди и капитенот Љупче Дориев. За Победа стрелци беа Ефремов и Мустафов.

Серафимовски и Ивановски со голови во финишот и донесоа сефте победа на Беласица, на дуелот со Ренова во Тетово, а прв триумф сезонава забележа и Шкупи. Со головите на Мухарем и на Илијоски од пенал чаирчани го добија градското дерби против Македонија Ѓ.П. Голот за гостите од Ѓорче Петров во поразот од 1:2 го постигна Кировски.

Табела: Академија Пандев 15, Шкендија и Вардар по 14, Работнички 9, Победа 8, Шкупи, Силекс и Беласица по 5 бода, Ренова 4, Македонија Ѓ.П. 3 бода.

Болоња тргна со победи, падна Рома

Болоња ја прокнижи првата победа во Калчото и само ја продлабочи кризата во редовите на Рома. Со головите на Матиело и на Сантандер, по еден во двете полувремиња, болоњезите конечн о го пробија мразот и освоија три бода.

Рома е во спротивен тренд и не знае за триумф во последните четири кола во Серија А, а вклучувајќи го и поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите серијата е пет меча.

Горан Пандев остана на клупата на Џенова на дуелот со неговиот поранешен тим Лацио, кој славеше убедливо со 4:1.

Лацијалите немаа проблеми со гостите од Џенова, набрзина за 23 минути поведоа со 2:0 и лесно ги освоија бодовите. Сосема спротивно беше на третиот меч од попладневната прогама, каде Удинезе со два гола во поседните 15 минути го победи Киево на гости. Стрелци беа Да Паул и Ласања.

Вест Хем ја сопре серијата на Челзи

Популарните „чекани“, играчите на Вест Хем со реми без голови ја сопреа серијата на Челзи од пет победи по ред на стартот од сезоната во Премиерлигата.

И двете екипи имаа одлични шанси за гол и за победа, но мрежите на Фабијански и на Аризабалага мируваа.

Сега и традицијата е против шансите на Челзи да биде шампион, а вели дека екипа која ги добила сите шест стартни натпревари во англискито првенство секогаш ја освојувала титулата. Во моментов, по денешното реми во лондонското дерби само Ливерпул има максимален биланс од шест победи.

Зад него се Манчестер сити и Челзи со по пет победи и едно реми.

Малерите на Севилја експлодираа со голови

Севилја игра неверојатно ефикасно, а малерите со повреди експлодираа со голови. На последните два меча екипата од Андалузија постигна фантастични 11 голови, а настрадаа Стандард Лиеж и Леванте.

Денеска Барди и соиграчите настрадаа и примија шест голови и тоа на домашен терен, а претходно во меч од Европа Лигата Стандард прими пет голови на „Санчез Писхуан“.

На единаесетката особено и се радуваат повредениот капитен Ескудеро, кој го повреди лактот на мечот со Вилјареал, потоа и Маркадо, кој скрши коска во десното рамо на градското дерби со Бетис и Гоналон со скршеница на ногата на тренинг и Амаду. Тој го измести лактот токму на стартот на дуелот со Стандард Лиеж. Многу пехови за почеток на сезона, кои за среќа на Севилја во последно време експлодираа во голови.

Алексис Санчез е најлошото засилување во историјата на Јунајед

Манчестер јунајтед вчера повторно испушти два бода на домашен терен, против Вулверхемптон одиграа само 1-1. Избраниците на Жозе Мурињо одново потфрлија, а навивачите посочуваат само еден виновник за слабите резултати на својот тим. Имено, Алексис Санчез го избраа за најлошо засилување на екипата во историјата, Чилеанецот доби непосакувана етикета, која ако продолжи со оваа форма, тешко дека ќе ја отстрани.

Санчез пристигна во јануари како дел од размената со Арсенал и Хенрик Мхитаријан. Од тогаш, настапи на 23 лигашни натпревари и постигна само три погодоци, едноставно премалку за играч кој е најплатен во Премиер лигата. Санчез заработува неделно 450.000 фунти, и никако не ги оправдува средствата. Чилеанскиот фудбалер е непрепознатлив, покажува многу послаби партии од времето кога играше за Барселона и Арсенал, и тотално ја разочара публиката на „Олд трафорд“.

„Сенка од она што некогаш беше“, „уште еден Фалкао, играч кој живее на стара слава“ –  се дел од негативните коментари кои фановите на Јунајтед ги истакнаа по ремито против „волците“.

Вина има и кај Мурињо, упорно го форсира во почетните 11 од меч за меч, а од Санчез нема никаков ефект. Ниту да создаде проблеми на противниците, ниту да креира шанса за гол, а португалскиот стратег на клупа ги чува Марсијал и Рашфорд, двајцата офанзивци кои во моментов можат да понудат многу повеќе од Санчез.

Луда трка: Маркез ја освои Големата награда на Шпанија

Марк Макрез ја освои големата награда на Шпанија, откако патеката пред своите фанови беше побрз од Андреа Довициозо. Трката уште на стартот донесе големо изненадуање, возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, кој започна од пол-позиција, уште на првата кривина излета од патеката и за него трката заврши.

Неговиот колега од тимот, Довициозо потоа ја презеде иницијативата, но Маркез цела трка му „дишеше во врат“. Борбата за првото место се вжешти во последните 10 кругови, кога Маркез константно го напаѓаше Довициозо и на секои две до три кривини го делеа првото место. На пет круга до крајот од втор план се приклучи и возачот на Сузуки, Андреа Јаноне, кој за момент застана пред фаворитите, но набрзо отпадна од борбата за првите две места.

Довициозо беше во водство до последниот круг, а уште на првите кривини во финалниот круг Маркез нападна и се избори за првата позиција и максимални бодови од оваа трка. Довициозо заостана само шест стотинки зад Шпанецот. Валентино Роси стартуваше од 17-тата позиција, а заврши како осми најдобар возач на оваа трка

За Маркез ова е шеста победа сезонава, сега има 221 бодови на табелата, а Роси го загуби второто место, откако Довициозо со освоеното второ место од оваа трка има вкупно 154 бода, три повеќе од искусниот Италијанец.