35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025
Дома Blog Страница 9753

Марсеј го декласираше Генгамп

Марсеј без проблеми го совлада Генгамп со 4-0 на „Велодром“. Домаќините дури во второто полувреме успеаја да го „скршат мразот“, па голеадата ја отвори Тован во 57-мата минута. Паје во 73-тата минута зголеми на 2-0, пред Тован по втор пат да се запише меѓу стрелците седум минути подоцна. Митроглу во 83-тата минута ги постави конечните 4-0.

Трајковски стрелец и асистент за прва победа на Палермо

Палермо славеше гостинска победа поритв Фоџа од 2-1, благодарение на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Домаќините стигнаа до водство во 37-та минута преку Крагл, додека второто полувреме беше во знакот на Трајковски.

Прво во 54-тата минута му асистираше на Салви за израмнувачкиот погодок, а во 62-та минута го најави пресвртот во корист на својата екипа, како и првиот триумф за Палермо во Серија Б сезонава.

Нашиот втор репрезентативец во редовите на Палермо, Илија Несторовски не настапи од првата минута, а на теренот зачекори дури во 88-та минута.

Анхел ја нокаутираше Севилја

Севилја претрпе изненадувачки пораз од Хетафе со резултат од 2-0. Гостите рано го отворија мечот, по само три минути Анхел ја замолка публиката на „Рамон Санчез Писхуан“, додека во 38-та минута го постигна својот втор гол на мечот, воедно го постави и конечниот исход од оваа средба. Севилја успеа да ја затресе мрежата на Хетафе, преку Бен Једер, но, по проценката на ВАР, голот беше поништен поради офсајд ситуација.

На стартот од сезоната во Ла Лига, Хетафе се наоѓа во горниот дел од табелата забележувајќи го седмиот бод по четири меча, додека Севилја веќе три меча не знае за триумф.

Во првиот меч кој се одигра денес во шпанското првенство, Алавеш го совлада Валјадолид на гости со гол на Ибаи во последната минута од средбата.

Првенец за Игуаин, Милан ремизираше против Калјари

Милан извлече само бод против Калјари по конечните 1-1 во четвртото коло од Серија А. „Росонерите“ се најдоа во незавидна ситуација уште при самиот старт на средбата, откако во четвртата минута Жоао Педро донесе предност да домаќините.

Поранешниот најдобар стрелец во Серија А, Гонзало Игуаин, во 56-тата минута го постигна својот првенец во дресот на Милан, со што го спаси тимот на Гатузо од пораз, односно донесе бод.

„Орлите“ ја прегазија Естонија, петти пораз за БиХ во низа

Србија забележа голем триумф над Естонија со конечен резулатат од 91:65, во квалификациите за Мундобаскетот 2019. Избраниците за Александар Ѓорѓевиќ направија значаен чекор кон местото кое води до пласман на завршницата на светскиот кошаркарски собир.

Република Чешка им нанесе нов пораз на Босна и Херцеговина, петти во низа, откако Босанците загубија пред своја публика со 85:80. Во квалификациската група К, БиХ има девет освоени бода по осум меча, и се наоѓа на последното место, додека Чешка е втора и е сѐ поблиску до настап на СП кое ќе се одржи во Кина следната година.

Пролет стартуваше со триумф над Охрид во Суперлигата

Пролет со победа ја отворија новата сезона во Суперлигата, пред своја публика го совладаа тимот на Охрид со 28-24. Во неизвесниот меч ракометарите на Охрид не успеаја да направат изненадување, иако по првото полувреме имаа еден гол предност (12-13).

Пролет фуризоно го отвори вториот дел со 6-1 серија, со пресвртот го најави и првиот триумф. Охриѓани во неколку наврати се обидуваа да се вратат во мечот, но во решавачките моменти домаќините се изборија за премиерна победа на стартот од македонското ракометно првенство.

Елмас е херојот на Фенербахче

Фенербахче по низата од три порази, конечно забележа триумф во турскиот шампионат, а херојот за избраниците на Филип Коку е Елиф Елмас. Во дуелот против Коњаспор, Елмас беше стрелец на единствениот погодок на мечот, a заби сам по шест минути откако влезе во игра.

Елмас на крајот излезе како победник против Адис Јаховиќ во македонското „дерби“ во Турција.

 

Лазаров со Нант почна со пораз во Лигата на шампионите

Нант стартуваше со пораз од Флензбург во новото издание од ракометната Лига на шампиони, пред својата публика европскиот вицепрвак загуби со 34-31. Нашиот капитен Кирил Лазаров одигра скромен меч, реализираше само два гола, па во редовите на Нант се почувствува неговиот недостаток на голови.

Во останатите мечеви од денешната програма, Целје загуби дома од Скјерн со 26-27,  додека Висла Плок оствари голем триумф над Тун со 34-24.

 

Елмас стрелец за Фенер во „македонското“ дерби во Турција (видео)

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас за прв пат сезонава се запиша во листата на стрелци за својот Фенербахче. Нашиот „дијамант“ го пронајде патот до мрежата само шест минути по неговото влегување на терен, и донесе водство за екипата која ја предводи Филип Коку, против Коњаспор каде настапува македонскиот интернационалец Едис Јаховиќ.

По 78 минути игра резултат е во корист на Фенербахче, 0-1.

Хрватска е противникот на Франција во финалето на Дејвис Купот

Борна Чориќ е новиот хрватски тениски херој, откако успеа да го победи Францис Тифо со 3:2 во сетови и тоа во решавачкиот петти меч од полуфиналето на Дејвис Купот. Во финалето на репрезентативниот Куп, Хрватска во финалето че игра против Франција, која ќе ја има и улогата на домаќин.

За Хрватска ова ќе биде трето финале во Дејвис Купот, откако во 2005 година се искачија на тронот по победата над Словачка, додека пред две години беа поразени од Аргентина со 3:2 во победи.

Навивачите на трибините во Задар можеа да видат неверојатно возбудлив решавачки меч од полуфиналето меѓу Хрватска и САД. Тигфо го доби првиот сет откако во тај-брејкот беше убедлив со 7:0. Потоа Чориќ брзо возврати и го доби вториот сет со 6:1, за да во третиот повторно се игра тај-брејк. Американецот повторно имаше повеќе нерви и донесе водство од 2:1, но Борна не се предаде. Во четвртиот сет повторно со 6:1 израмни на 2:2, додека решавачкиот петти сет заврши со 6:3 во корист на Хрватот, што беше причина за голема радост како на трибините, така и на теренот, во таборот на „коцкестите“.