15.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025
Дома Blog Страница 10049

Темелков ќе ја дели правдата на реваншот Македонија ЃП – Вардар

Зоранчо Темелков од Кавадарци ќе биде главен судија на реванш-дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар, во осминафиналето од Купот. Мечот меѓу скопските ривали ќе биде и најатрактивниот реванш, бидејќи првата средба на која Вардар беше домаќин заврши без победник 1-1.

Вардар е лидер во првенството со шест победи и две нерешени, а Македонија, иако е на осмата позиција во Прва лига, може да се пофали со солидна форма, бидејќи на последните 10 средби има само два порази. Куп-дуелите секогаш биле неизвесни, па така се очекува да биде и на дуелот во среда, кој ќе започне во 15 часот.

Во останатите реванши од осминафналето на Купот главни судии ќе бидат: Академија Пандев – Брегалница (6-2 по првиот меч) судија: Фуркан Идризи од Тетово, Беласица – Пелистер (2-0) судија: Крумислав Ѓорѓиев од Штип, Кит-Го – Шкендија (0-2) судија: Марјан Гоцевски од Струмица, Победа – Гостивар (2-1) судија: Стојанче Трпчевски од Кавадарци, Работнички – Тиквеш (1-0) судија: Кирил Смоковски од Прилеп и Силекс – Скопје (2-0) судија: Ндерим Тефику од Куманово.

Кризен прес на Мурињо: Не сум загрижен за мојата работа

Жозе Мурињо денес мораше да наоѓа нови изговори околу нестабилноста и лошата форма во тимот, како и за неговата индина на клупата на Манчестер јунајтед. Деновиве кружат шпекулации дека управата на Јунајтед контактирала со Зинедин Зидан како замена за Португалецот, потоа се појави информација дека Зидан самиот му се јавил на Мурињо да му каже дека тоа не е точно, па новинарите сакаа да дознаат дали навистина овој разговор се случил, а Жозе одби да одговори на прашањето. Одби да одговори дали разговарал со Ед Вудвард по поразот од Вест хем од 3-1 изминатиов викенд.

„Не ме прашувајте мене, прашајте го вашиот колега позади (покажувајќи кон новинарот на таблоидот „The Sun“). Моја работа е дали сум разговарал со Вудвард или не. Јас не ве прашувам вас за вашите приватни разговори. Можам само да ви кажам дека не се грижам за мојата работа, не постои притисок, ниту пак страв дека ќе бидам избркан, но сметам дека некои играчи повеќе веруваат во мене од останатите“, одговори Мурињо.

Португалскиот стратег потоа истакна дека нема да смета на неколку првотимци за утрешниот дуел со Валенсија, како Јанг, Лингард и Ерера, додека Маркос Рохо веќе долго време е надвор од првиот тим поради повреда.

„Јанг и Лингард нема да играат, недостасува и Ерера, а знаете дека Рохо не е во тимот веќе подолго време“, додаде Мурињо.

Сергеј и Имобиле верни на Лацио до 2023 година

Лацио ги обнови договорите со Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, и двајцата ставија потпис на договори кои ќе траат до 2023 година. Италијанскиот голгетер доби покачување на платата од 3,2 милиони евра по сезона, додека српскиот играч за врска ќе заработува три милиони евра годишно, плус бонуси, а во неговиот договор нема откупна клаузула.

Ова се одлични вести за Симоне Инзаги, ќе може да смета на двајцата клучни играчи уште долги години, особено што бројни медиуми најавуваа дека Милинковиќ-Савиќ во блиска иднина ќе заигра за друг клуб, односно за еден од европските гиганти, како Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, ПСЖ и двата клубови од Манчестер.

Барселона три недели без Умтити

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, ќе паузира само три седмици откако го повреди левото колено по поразот од Леганес минатата недела. Од таборот на каталонскиот гигант стравуваа дека се работи за посериозна повреда, но според информациите од медицинскиот тим, процесот на рехабилитација засега се одвива во најдобар ред, па Французинот ќе може набрзо да му биде на располагање на Ернесто Валверде.

Покрај тоа што нема да игра во среда против Тотенхем, Умтити ќе ги пропушти дуелите со Севилја, Интер, додека Валверде се надева дека ќе може да смета на него за дуелот против Реал Мадрид, закажан за 28-ми октомври.

Единствен проблем за Умтити ќе биде ако рехабилитацијата не му помогне, тогаш клучниот играч на Барса ќе мора да оди на операција, што ќе го пролонгира неговото враќање на терените.

 

 

Пауло Дибала и Даглас Коста неизвесни за дуелот со Јанг бојс

Јувентус утре ќе го пречека Јанг бојс без двајца клучни офанзивци. Покрај тоа што Кристијано Роналдо е суспендиран, дополнителни проблеми создадоа и отсуствата на Пауло Дибала и Даглас Коста.

Аргентинецот се повреди за време на дербито против Наполи, при еден остар старт на Марио Руи, по кој заработи исклучување од мечот, додека Коста сè уште закрепнува од повредата со која се здоби уште на мечот против Валенсија во првото коло од ЛШ. Добра вест за „старата дама“ е враќањето на Сами Хедира во составот, кој денес тренираше со првиот тим по кратка пауза.

Макс Алегри ќе мора да се потпре на Марио Манџукиќ како единствена напаѓачка опција, со тоа што од крилните позиции ќе помагаат Бернардески и Куадрадо.

Натпреварот Јувентус – Јанг бојс во рамките од второто коло во Лигата на шампиони се игра утре, во терминот од 18.55 часот.

Во редовите на Задар доаѓа поранешен шампион на НБА

Задар го најави ангажманот на Глен Дејвис, искусниот центар ќе игра за хрватскиот состав во претстојната сезона. Задарчани добија квалитетно засилување под обрачите, ветеранот Дејвис доаѓа со реноме на поранешен шампион во НБА-лигата.

Триесет и двегодишниот центар паузираше од секакви кошаркарски активности, последен пат играше во 2015 година, во дресот на ЛА клиперс. Оттогаш Дејвис три години пробуваше да изгради кариера во филмската индустрија, но сега реши да се врати на паркетите. Во неговата кариера има настапувано и за Орландо меџик и Бостон селктикс, а со франшизата од Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула.

Дејвис нема да биде во составот на Задар за денешната пресметка против ФМП (18 часот) во првото коло од АБА-лигата, неговото пристигнување се очекува во текот на оваа недела.

https://twitter.com/kkzadar/status/1046679361196347393

Милосављев, Криштопанс и Мораеш во идеалниот тим на СЕХА за септември

Тројца играчи на Вардар и еден играч на Металург се најдоа во идеалниот тим на СЕХА лигата за месец септември. Голманот Дејан Милосављев, пивотот Рожерио Мораеш и бекот Даинис Криштопанс беа избрани за најдобри играчи на своите позиции, додека Халил Јагањац се истакна како најдобар на левата бековска позиција.

Српскиот голман воедно го доби признанието за МВП на месец септември, откако собра најмногу гласови на социјалните мрежи. Милосављев сосема заслужено го доби ова признание, откако се истакна како еден од најзаслужните играчи на Вардар да победничката серија. Во натпреварите против Металург, Железничар, Татран Прешов и Стеауа, Милосављев на сите четири меча остваруваше двофицрен број на интервенции.

Де Бројне назад на тренинг по два месеци пауза

Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бројне, по два месеци се врати на тренинзите со првиот тим. Белгиецот не беше достапен за Пеп Гвардиола уште од стартот на сезоната, откако ги оштети лигаментите на коленото во август.

Иако според првичните информации Де Бројне требаше да паузира најмалку три месеци, тој се рехабилитираше побрзо од очекуваното, па во најскоро време се очекува да му биде на располагање на шпанскиот стратег. Белгиецот не патуваше со останатите играчи за утрешното гостување кај Хофенхајм во Лигата на шампионите, засега не е познато дали ќе биде во можност да се подготви за дербито со Ливерпул во недела, а Пеп очекува од него да се врати во составот веќе за дуелот против Тотенхем, мечот кој ќе се игра кон крајот на октомври, по завршувањето на репрезентативната пауза.

Гвардиола имаше други грижи пред мечот со Хофенхајм, Агуеро се здоби со мала повреда изминатиов викенд во победата над Брајтон, но Аргентинецот, исто така, тренираше со тимот пред заминувањето за Германија, па се очекува утре да настапи против екипата која ја води Јулијан Нагелсман.

Вардаровата „машина за победи“ сега се фокусира на Војводина

Вардар перфектно ја започна новата сезона. Четири победи од исто толку меча во регионалната СЕХА-лига и три триумфи во три средби од Лигата на шампионите, доволно да се знае дека Вардар не ја загубил силата и уште е во самиот европски врв.

По победата на гости кај Веспрем во ЛШ, следи нов предизвик во СЕХА-лигата. Утре во „Јане Сандански“ гостува Војводина.

„Војводина е најдобриот тим во Србија во последните неколку години и не смееме да го потцениме ривалот. Имаат млади и добри играчи, кои играат агресивно и сакаат да покажат колку можат. Ние сакаме да докажеме дека имаме квалитет. Сигурно нема да биде тешко како на средбата против Веспрем, но мораме да ја сфатиме нашата задача максимално сериозно“, вели тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Војводина стартуваше со победа во СЕХА-лигата, но потоа нанижа три порази. Доколку нема потценување на противникот, Вардар треба да забележи рутинска победа.

„Оваа средба треба да ја искористиме за добра подготовка за следниот натпревар во Лигата на шампионите против Рајн Некар”, рече највисокиот играч на Вардар, Даjнис Криштопанс.

Доколку купите билет за дуелот против Рајн Некар, кој се игра во сабота, во „Јане Сандански“, во Лигата на шампионите, утрешната средба против Војводина ќе ви биде со гратис влез. Дуелот против српскиот тим започнува во 17.15 часот.

Mарадона со порака до Меси: Не се враќај во репрезентацијата!

Диего Армандо Марадона секогаш бил искрен и без „влакна на јазикот“, посебно кога треба да зборува за репрезентацијата на Аргентина. Марадона беше еден од најголемите навивачи на „гаучосите“ на Светското првенство во Русија, каде што некогашниот двократен планетарен првак беше елиминиран во првата рунда од нокаут-фазата.

Веднаш по Мундијалот, капитенот на Аргентина, Лионел Меси, најави дека ќе се повлече привремено. Сега Марадона вели дека Лео воопшто не треба да се врати во националниот дрес.

„Меси треба да биде лут на сите нас. Тој не е виновен што не сме светски прваци. Сите ние верувавме дека тој може да нѐ однесе до тронот, но тоа ти е како кога одиш на коњички трки и очекуваш твојот коњ да победи, а тој завршува на осмото место. Денеска репрезентацијата воопшто не ме воодушевува. Ја загубивме страста. Не може да се игра со Никарагва и Малта. Целиот престиж што го имавме, го фрливме во тоалет. Да сум на местото на Меси, не би се вратил во репрезентацијата“, вели Марадона.

Диего воопшто не е задоволен што за селектор е поставен Лионел Скалони.

„Скалони е добар човек, но не може да биде селектор. Па тој не може да регулира ни сообраќајница, а не репрезентацијата. Како нему да му го дадеме националниот тим? Дали сме сите луди? Со цела почит кон него, но никогаш не сум видел да даде гол за Аргентина. Како човек е во ред, може да одиме заедно да правиме скара, но не смее да биде селектор“, остро коментираше Марадона.