11.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025
Дома Blog Страница 10050

Борнмут никогаш не победил во понеделник во Премиер лигата

Кристал палас има одлична можност да се врати непоразен од гостувањето кај Борнмут, само ако се продолжи традицијата. Понеделник дефинитивно не е ден во кој Борнмут сака да игра во Премиер лигата. Досега пет пати настапил на првиот ден од неделата и ниеднаш не победил (едно реми и четири порази). Не само што не победил, туку Борнмут само на еден дуел кој го играл во понеделник има дадено гол, а на другите четири бил неефикасен.

Освен оваа лоша традиција, Борнмут против себе ќе го има Кристал палас, тим против кого не му оди баш најдобро. Во шесте средби кои ги имаат одиграно, дури четири завршиле нерешено, а двата тима имаат по една победа. Во овој период, Борнмут се радувал на гости, додека за победа над Кристал палас на свој терен чека веќе три децении. Последен пат дома се израдувале во ноември 1988 година, во меч од втората лига на Англија.

Лошата традиција може да се сруши со добрата форма која во моментов ја има тимот на Борнмут. На последните четири средби пред своите навивачи, имаат три победи и едно реми, а на 10 од последните 13 дуели на стадионот „Витали“, постигнуваат повеќе од еден гол.

За Кристал палас ова ќе биде јубилеен 100-ти натпревар во Премиер лигата. Вилфрид Заха треба да е најопасен играч на гостите. Напаѓачот даде гол на секој од трите гостувања сезонава, а ако успее да погоди и вечерва, ќе го повтори успехот на Марк Брајт, кој во 1991 година дал голови на четири гостувања по ред за Кристал палас.

 

Коку е минато во Фенербахче, Јанал ќе му биде тренер на Елмас

Филип Коку е веќе сменет и е минато во Фенербахче, објави турскиот „НТВ спорт“, а како замена за холандскиот тренер се најавува Ерсун Јанал.

Коку има лоши резултати со Фенербахче во турското првенство, а последниот пораз од Ризеспор само ја забрзува одлуката на челниците на турскиот гигант.

Најсериозен кандидат за да го замени Коку, според „НТВ спорт“ е Јанал, поранешниот тренер на Трабзонспор и поранешен стратег и на Фенербахче.

Елиф Елмас речиси сигурно ќе има нов кормилар во Фенербахче, а најавено е дека денеска Коку ќе биде разрешен од позицијата тренер на повеќекратниот турски шампион.

Со Јанал како тренер, Фенербахче ја освои титулата во сезоната 2013/14, потоа го продолжи договорот, но за кусо време си замина по недоразбирањето со дел од челниците на клубот.

Прв, па пораз за Леброн Џејмс со ЛА Лејкерс (Видео)

Леброн Џејмс конечно заигра во дресот на Лос Анџелес лејкерс, но не пројде баш најдобро. Кралот го одигра првиот претсезонски дуел и за 15 минути поминати на терен даде девет поени. Денвер речиси во текот на целиот меч го контролираше резултатот и на крајот заслужено победи со 124:107 на мечот одигран во Сан Диего.

Освен овој меч, утрово се одиграа уште две средби од претсезонскиот дел во НБА-лигата. Бостон го победи Шарлот со 115:112, а Чикаго со 128:116 славеше против Њу Орлеанс.

 

Во Охрид знаат како најлесно со 20 денари да добиете 1.000 евра

Ливчето на викендот во обложувалниците на SPORT LIFE доаѓа од автобуската станица во Охрид, па дилемата е дали е дело на некој локален играч или пред патување го има уплатено некој што се обложува, а привремено бил во Охрид.

Седум одиграни парови биле добитната комбинација за радост. Само со 20 уплатени денари, добивката е 61.745 денари, или што би се рекло точно 1.000 евра. Фудбалски се комбинациите на среќниот, но очигледно е и добар познавач на обложувањето.

Три парови се играни полувреме-крај со 3+ на голови. Монпелје без проблеми со 3-0 го победи Ним, а домаќините на полувремето имаа водство од 2-0. И Аугсбург даде два гола во првите 45 минути, а на крајот славеше со 4-1 против Фрајбург. Стандард ја потврди фаворитската улога на гостувањето кај Остенде и на полувремето водеше со 1-0, а на крајот славеше со 3-1.

Некогашниот шпански прволигаш Ла Коруња со 31 победи на гости кај Химнастик, што било доволно да излезе Т2 2+. Лех со 2-1 славеше над Легница, па погодени се условите да биде „кец“ со 3+.

Последни на ливчето му биле Сасуоло – Милан и Белененсеш – Брага. „Росонерите“ го израдувале кога го дадоа вториот гол за да излезе Т2 2+, а кога Еудуардо го погоди пеналот во 68-мата минтуа за водство од 3-0 на Брага, јасно беше дека е погоден и 3+ на португалскиот пар.

ДВОЈНА ШАНСА И ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ ВО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

На уплатното место на SPORT LIFE во Чаир, сигурен играч уплатил 1.000 денари и добил 137.348 денари. Пет парови има на ливчето кое сигурно го израдувало играчот. Три двојки се одиграни на играта двојна шанса и повеќе голови во второ полувреме. Со 1Х и 2>1 погодени се Бетис – Леганес (1-0), Ајнтрахт – Хановер (4-1) и Фиорентина – Аталанта (2-0).

Радост му донеле и Гент и Лил кои требаа да постигнат барем по два гола. Лил со 3-0 го доби дербито против Олимпик Марсеј, а Гент одигра 2-2 на гости кај Антверпен.

Еден гол фалеше за ново добитно ливче на Ќумбев

Откако претходниот викенд  погоди коефициент од 19,58, овојпат само еден гол недостасуваше за Панче Ќумбев да истипува уште едно добитно ливче. Некогашниот репрезентативец беше сигурен дека Шалке ќе ја забележи првата победа во сезоната, и тоа против Мајнц. На крајот, тимот од Гелзенкирхен се радуваше со 1-0. Чиста единица беше и дуелот Арсенал – Ватфорд. „Топчиите“ победија со 2-0.

Ќумбев немаше дилеми и дека Јувентус ќе го добие дербито во италијанската Серија А. Шампионот победи со 3-1. Не може да помине ливче без пар од омилената лига на Панче, а тоа е Полска. Овојпат прогнозираше победа на Лех Познањ против Легница во меч со три гола. Дуелот заврши 2-1.

Единствениот кикс е типот од дербито во Премиер лигата. На Челзи – Ливерпул играше ГГ3+, а дуелот заврши 1-1, што значи недостасуваше само еден погодок на која било од двете страни за да има добитно ливче.

На овие пет меча вкупниот коефициент беше 22.83.

Барди е повреден, Ангеловски е загрижен

Креаторот на играта на Леванте, Енис Барди, е повреден и затоа не настапи за Леванте против Алавес вчера, во мечот од седмото коло во шпанската Ла Лига. Не се знае за каква повреда станува збор, а македонскиот репрезентативец не беше ниту на поширокиот список во победата на Леванте од 2-1 против ривалот од Баскија.

Повредата на Барди го загрижува и македонскиот селектор Игор Ангеловски и сите во таборот на нашата репрезентација пред клучните октомвриски натпревари во Лигата на нациите.

На 13-ти октомври во Скопје ќе играме со Лихтенштајн, а три дена подоцна на распоред е одлучувачкиот дуел за првото место во нашата група, со Ерменија во Ереван.

Не може без Вардарци – Дибиров е во идеалниот тим на колото во ЛШ

Лидерот на „новиот“ Вардар, Тимур Дибиров, блескаше во победата против Веспрем и заслужено се најде во идеалниот тим на третото коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата седморка не може без Вардарци, кои газат од самиот старт на ЛШ и во секоја рунда се присутни во најдобрата седморка. Овојпат место има за Дибиров, а заедно со него идеалниот тим го сочинуваат и  голманот Родриго Коралес, потоа и Николај Маркусен, Јака Малус, Алекс Душебаев, Марио Шоштариќ и Лука Карабатиќ.

Вардар по три кола е со максимален учинок од три победи.

Менди е на терапија и на седумдневна суспензија

Бенџамин Менди го налути тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, и поради недисциплина е отстранет од тимот на една седмица.

Менди е повреден, оди на терапија, но повторно има проблеми и со недисциплината, нешто што не минува кај Гвардиола. Единствениот класичен лев бек во составот на Сити играше одлично, но се повреди и потоа задоцнил на закажаната терапија цели три часа, по што добил и суспензија од шпанскиот стратег.

Менди е познат по бунтовниот карактер, а сега нема да биде со тимот до следниот викенд.

Милан победи, но Гатузо пак мораше да се правда

По три нерешени натпревари, Милан синоќа се радуваше на триумф, и тоа на тешкото гостување кај Сасуоло. Некогашниот италијански и европски првак беше убедлив и славеше со 4-1 против екипата која имаше победено на претходните три меча на свој терен.

Со овој триумф, тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо, си „купи“ малку мир и останување на клупата на тимот од „Сан Сиро“. Сепак, и покрај победата, Гатузо по мечот со Сасуоло, мораше да одговари зошто од клубот летоска си заминал Андре Силва. Тоа е играчот кој отиде под наем во Севилја, каде што игра одлично. Силва во седум меча во Шпанија има дадено седум погодоци.

„Андре Силва не сакаше да остане со нас. Рече дека сака да си замине и кога го слушнав тоа, не можев ништо да направам. Што можев да направам? Не можев да му гарантирам дека ќе игра 25-30 натпревари во сезона. Никој не се откажа од него, туку тој самиот сакаше да си замине“, објасни Гатузо.

Португалецот во минатата сезона во дресот на Милан одигра 40 средби и даде вкупно 10 погодоци во сите натпреварувања.

 

Барселона ја има најлошата одбрана во последните 13 години

Барселона веќе три меча по ред не знае за победа во шпанското првенство. Во овие три дуели, каталонскиот гигант прими дури пет гола, покажувајќи дека дефанзивата е најслабиот дел од екипата. И пред овие две средби, мрежата на Барселона се тресеше на претходните два натпревари.

Со вкупно 5 дуели по ред на кои прима барем по еден гол, Барселона  ја има најлошата одбрана во последните 13 години. Такво нешто на Барселона ѝ се нема случено уште од сезонагта 2005/06, кога тренер беше Франк Рајкард. Таа сезона, Барселона во првите седум меча имаше примено 10 гола и со 10 бода беше на шестото место на табелата. Сега билансот сепак е подобар, Тимот предводен од Ернесто Валверде прими осум гола и е лидер на табелата со 14 бодови, колку што има и Реал Мадрид.

Незадоволство од играта во одбраната изрази и капитенот Лионел Меси, кој потврди дека мора да се подобри играта во дефанзивниот ред, но, сепак, ги смири навивачите велејќи дека екипата не е во криза.

„Несериозно е секој меч да примаме гол. Сепак, навивачите треба да бидат спокојни, бидејќи не сме во криза и резултатите ќе бидат многу подобри“, рече Меси.