Дома Blog Страница 2

Неделковски: „Во Вардар се потпишувале двојни договори, се спогодивме со УЕФА за казна од 250.000 евра“

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, на брифинг со новинарите информира дека клубот се соочувал со голем проблем и можно исфрлање од европските натпреварување поради лошото менаџирање на претходните раководства на клубот.

По пријава на двајца фудбалери, Глишиќ и Блажевски, УЕФА покренала истрага за потпишување двојни договори, па целиот процес траел десет месеци.

„Десет месеци имавме процес со УЕФА, се однесува за фалсификувани двојни договори и двојно книговодство. Имаше пријава од двајца играчи, Глишиќ и Мартин Блажевски. Имаа потпишано двојни договори, што е апсолутно забрането. Постигнавме договор да платиме казна од 250.000 евра и засилен мониторинг ако во следните три години го повториме овој прекршок, ќе бидеме суспендирани од натпреварувањата на УЕФА. Ова се дела сторени од времето пред да дојде новата управа, во сезоната 2023/24. Ние покренавме постапка против непознат сторител за извршување на тие нелегални активности“, рече Неделковски.

Вардар по шест години повторно е шампион на Македонија, а извршниот директор информира дека клубот ја завршил 2025 година со добивка од 700.000 евра.

„Во 2025 година Вардар заврши со добивка од 700.000 евра, што само се покажува разликата во работењето тогаш и сега“, додаде Неделковски.

Клубови од Словачка, Кипар и МЛС-лигата по потписот на Омерагиќ, Цветковиќ можеби ќе остане во Вардар

Актуелниот шампион на Македонија, скопски Вардар, веќе втор ден се подготвува за настапот во Лигата на шампионите, но и за она што го очекува следната сезона на домашна сцена.

Во моментов се комплетира ростерот, а остануваат неколку непознаници. Стефан Цветковиќ е со завршен договор, а за него има интерес од неколку екипи. Според извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, Вардар веќе му понудил продолжување на договорот, но Србинот во моментов бара многу пари, а ниту една од екипите кои имаат интерес за него нема да игра во Лигата на шампионите.

Голем интерес има и за најдобриот стрелец на Вардар и новопечен репрезентативец на Македонија, Азер Омерагиќ. Според Неделковски, интерес за напаѓачот има од екипи од Кипар, Словачка, Уругвај, МЛС-лигата … но во моментов сè уште нема официјална понуда.

Нема да биде изненадување доколку Омерагиќ направи трансфер надвор од Македонија, по одличната сезона, кога постигна 14 гола и беше еден од најзаслужните за титулата на Вардар.

Платини поднесе тужба против ФИФА и Инфантино

Поранешниот претседател на Европската фудбалска куќа (УЕФА), Мишел Платини, пред граѓански суд поднесе тужба и кривична постапка во Франција против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот сегашен претседател Џани Инфантино.

Оваа тужба е поради обвинувањата против Платини за корупција во 2015 година, што го спречија поранешниот француски репрезентативец да стане претседател на ФИФА.

Кривичната пријава поднесена во Париз ги обвинува Инфантино, поранешниот правен директор на ФИФА, Марк Вилигер, и поранешниот претседател на ревизорскиот комитет, Доменико Скала, за злонамерно гонење и злоупотреба на влијание. Платини, исто така, поднесе посебна граѓанска тужба против ФИФА, барајќи целосна финансиска компензација за она што тој го нарекува внатрешни маневри со цел да се блокира неговиот избор за претседател на ФИФА пред повеќе од една деценија.

Оваа тужба на Платини е како реакција за настаните од 2015 година, кога се појавија детали за уплата од два милиони швајцарски франци (околу 2,51 милиони долари) извршена од ФИФА на сметката на Платини. Уплатата беше одобрена во 2011 година од тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Последователните етички забрани го отстранија поранешниот капитен на Франција од трката за претседател на ФИФА, отворајќи го патот за Инфантино, тогашен генерален секретар на УЕФА, да ја преземе функцијата во 2016 година.

Тужбата на Платини во Франција следуваше по конечното ослободување на него и на Блатер од страна на Швајцарскиот федерален кривичен апелационен суд на 25 март 2025 година. Пресудата го ослободи Платини од обвиненијата за измама и фалсификување, а ослободителната пресуда стана правосилна во септември минатата година. Седумдесетгодишниот Платини изјави по неговото ослободување дека верува дека целиот случај имал цел да го спречи да стане претседател на ФИФА, додавајќи дека сега е премногу стар за да се врати во фудбалот.

Сенегал најавува играње најмалку во четвртфиналето, квотата за тоа е одлична

Сенегал е репрезентацијата која на терен ја освои титулата на Африканскиот куп на нациите откако во контроверзното финале со 1:0 славеше над домаќинот Мароко. На тој турнир Сенегал само потврди дека има моќен состав од којшто може да се очекува добар настап и на Светското првенство.

Дефанзивецот на Сенегал, Калиду Кулибали, има големи очекувања од настапот на Мундијалот. Тој најавува дека целта е да се повтори успехот од пред четири години, кога Сенегал првпат играше во четвртфиналето на планетарниот собир. Интересно е дека Кулибали дури најави и атак на победа во дуелот против Франција во првото коло од групната фаза.

„Ќе направиме сè што можеме за да победуваме. Треба да го заборавиме тоа што се случи во 2022 година, кога бевме во четвртфиналето затоа што сега е 2026 година. Знаеме дека првиот меч ни е против Франција и ќе се обидеме силно да започнеме на турнирот, а тоа значи победа. Франција е една од најсилните селекции и многу луѓе ќе го гледаат тој дуел“, вели Кулибали.

Фудбалерот кој на клупско ниво настапува за тимот на Ал-Хилал во Саудиска Арабија знае дека со многу труд, професионализам и залагање може да се остварат зацртаните цели.

„Првата цел ни е да стигнеме до четвртфиналето. Секој од нас тоа го сонува. Знаеме дека ова е Светско првенство и ќе биде многу тешко, но ние имаме наша цел. Во составот имаме играчи со талент, класа, скромност, дисциплина, професионализам и тоа е важно за да се стигне далеку. Сакаме да му донесеме радост на народот во Сенегал. Зошто да не стигнеме и до самата завршница?“, оптимист е Кулибали.

Докажани фудбалери како Садио Мане и Николас Џексон треба да бидат главниот адут на Сенегал во нападот. Ако овие двајца проработат и почнат да постигнуваат голови, целта на Сенегал да игра во четвртфиналето сигурно не е неостварлива.

 

 

Шакира учествувала на повеќе Светски првенства од Италија во последните 20 години

Колумбиската пејачка Шакира повторно ќе пее на Светско првенство во фудбал, а на церемонијата на отворањето во Мексико Сити таа ќе ја изведе официјалната химна на турнирот „Даи Даи“, која ја сними со нигерискиот музичар Бурна Бој.

Шакира исто така ќе има краток настап и на финалето, настапувајќи за време на полувремето како дел од шоуто.

Ова е четврто СП за Шакира во последните 20 години, таа ги пропушти само претходните две првенства во Русија и Катар. Звучи парадоксално, но во овој период четирикратниот светски првак Италија не успеа да се квалификува на толку многу Мундијали.

Шакира дебитираше во 2006 година во Германија. На церемонијата на затворање на Светското првенство во Берлин, пејачката ја изведе „Hips Don’t Lie – Bamboo Remix“, која стана хит на годината. На следното СП во Јужна Африка во 2010 година, „Waka Waka“ стана официјална химна на турнирот, а песната беше признаена како најпозната фудбалска песна во историјата. Тогаш Шакира го запозна Жарарт Пике, кој беше меѓу фудбалерите што учествуваа во видеото за песната. Нивната љубов траеше 11 години, пред да се разделат во 2022 година.

На завршната церемонија на турнирот во Бразил во 2014 година, Шакира се појави во црвен фустан со карневалски тапан и ја изведе „Ла Ла Ла“ со бразилскиот музичар Карлињос Браун. Потоа имаше пауза, но сега нејзиното големо враќање доаѓа со песната „Даи Даи“.

Шакира има 49 години, но сè уште е актуелна и продолжува да собира награди. Музикологот Брент Кеог од Технолошкиот универзитет во Сиднеј има објаснување за фудбалскиот успех на Шакира.

„Таа има дарба за вклучување елементи од странски култури и нивно пакување во глобален поп-производ. Нејзината формула е речиси секогаш иста: ритам на телото, двосложен рефрен што може да се извика без превод и порака не за одредена земја, туку за сите во исто време“, вели тој.

Над 500 деца ја почувствуваа магијата на „Денот на спортот“ во Тетово (Фотогалерија)

Тетово беше домаќин на „Денот на спортот“, единаесеттиот град во рамките на Плазма Спортските игри за млади, настан кој повторно донесе одлична атмосфера, насмевки и незаборавни моменти.

На градскиот плоштад повеќе од 500 дечиња имаа можност да ја почувствуваат вистинската магија на една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа. Плазма Спортските игри за млади оваа година одбележуваат значаен јубилеј, 30 години постоење, со јасна мисија: бесплатен и достапен спорт за секое дете.

„Симовци“ се натпреваруваа во повеќе дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, одбојка, баскет 3х3, народна 2015 и 2017, како и атлетика, покажувајќи спортски дух, ферплеј и голема енергија.

Посебна тежина на настанот му даде присуството на бројни спортски легенди, кои оставиле силен белег во спортот. Агим Ибраими, заедно со Ќатип Османи, Хабиј Ајети, Ивица Хаџиилјоски – Чајка, Стојмир Урошевиќ, Борче Јовановски, Плумб Вела, Берат Имери и Ибрахим Османи, во придружба на младите спортисти и маскотата Виктор, го означија свечениот почеток на Игрите со носење на Пламенот на пријателството.

Престедателката на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска, и претседателот на Општинскиот сојуз на училишtен спорт на Тетово, Бујар Ибраими, им посакаа успех на младите спортисти потенцирајќи ја важноста на спортот и неговата моќ: толеранција, ферплеј и создавање пријателства.

„Се радувам што Плазма Спортските игри за млади пристигнаа во Тетово. Сакам да упатам искрена благодарност до градот Тетово, до претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт, до мојот колега Бујар Ибраими, како и до сите спортските работници и нашите драги колеги и колешки.

Драги деца, дружете се, негувајте ферплеј, еднаквост и толеранција, тоа се вистинските вредности на спортот.

Сето ова е овозможено благодарение на нашите спонзори – Пивара, Плазма, Шпаркасе банка и под покровителство на Министерството за спорт, Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски.

Уживајте, дружете се и се гледаме на крајот на јуни на завршницата од Државното првенство, а најдобрите, вкупно 204 ученици, ќе имаат можност да настапат на големото меѓународно финале во Сплит“, порача Елена Мицкоска.

Бујар Ибраими, претседателот на Општинскиот сојуз на училишетн спорт, им посака успешни игри на дечињата поздравувајќи го овој голем настан, кој за првпат оваа година се одржува во Македонија.

Плазма Спортските игри за млади кон крајот на овој месец ќе ги добие сите патници за Сплит, каде што од 17 до 22 август ќе се одржи големото финале.  

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

Норвежаните воодушевија со уникатна групна фотографија пред стартот на СП 2026

Норвешката фудбалска репрезентација на уникатен начин го прослави враќањето на Светското првенство. Цели 28 години чекаше Норвешка за повторно да биде дел од завршницата. Последен пат беа на Мундијалот во 1998 година, што значи настапот на СП 2026 ќе биде прво за нив во 21 век.

Овој единствен момент, фудбалерите кои се повикани да бидат дел од националниот тим го прославија на посебен начин, со групна фотографија и тоа облечени во дресовите на екипите во кои ги започнале првите фудбалски чекори. Иницијативата им оддава почит на локалните норвешки клубови кои ги негувале играчите одговорни за прекинување на 28-годишното чекање за квалификација за Светското првенство.

Покрај нивните дресови од детството, тимот учествуваше и во посебна фотосесија во традиционална опрема на Викинзите, направена од фотографот Дејвид Јароу. Двете фотосесии брзо привлекоа големо внимание на интернет, додека тимот се подготвува за својата кампања на Светското првенство.

Во петокот, Ерлинг Халанд и неговите норвешки соиграчи беа критикувани за „шовинизам“ и „неонацистичка“ иконографија откако се претставија како Викинзи за Светското првенство.

Напаѓачот на Манчестер сити и остатокот од тимот беа фотографирани на плажа во Осло, а впечатливите фотографии предизвикаа поделени реакции во Норвешка, каде што некои во јавноста се спротивставуваат на викиншката естетика поради нејзините негативни конотации.

Силен земјотрес го стресе кампот на Англија во Флорида (Видео)

Англиската фудбалска експедиција имаше непријатност во кампот откако таа област беше погодена од силен земјотрес. Епицентарот на земјотрес беше во северно-западниот брег на Куба и бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

За тоа колку силно се почувствува земјотресот и во САД, се потврдува со фактот дека цели згради во Орландо, каде што Англичаните треба да играат против Костарика, биле евакуирани. Засега, според локалните медиуми, нема повредени.

Македонија може да е среќна по одлуката на ИХФ „вајлд-картите“ за СП 2027 да ги додели на Турција и на Саудиска Арабија

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска реши двете покани (вајлд-карти) за настап на Светското првенство во 2027 година да им ги даде на Турција и на Саудиска Арабија.

Со поканите што ги добија Турција и Саудиска Арабија се комплетира составот од 32 селекици кои ќе се појават на планетарниот ракометен совет. Оваа одлука на ИХФ е изненадувачка, ако се знае дека во конкуренција беа и ракометните докажани сили Унгарија, Швајцарија, Австрија, Холандија и Црна Гора.

Сепак, фактот дека во Германија која ќе биде домаќин на СП 2027 живеат 10-тици милиони Турци и фактот дека Саудиска Арабија е финансиски силна и сака да го развие ракометот, беа меѓу клучните фактори токму овие две земји да добијат покани за учесто на Мундијалот.

Оваа одлука на ИХФ носи ќар за Македонија, која ќе биде во вториот барабан на утрешната ждрепка. Реално, Турција и Саудиска Арабија се селекции против кои Македонија може многу полесно да стигне до победа од оние како Унгарија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора кои извисија и ќе останат без СП.

Еве ги четирите барабани по силина за утрешната ждрепка за СП 2027 во ракомет

Барабан 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина
Барабан 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија
Барабан 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелен ’Рт, Чиле, Соединетите Американски Држави
Барабан 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија

Германија на последните две СП беше елиминирана во групата, но сега има „пенал“ кој нема да го пропушти

Четирикратниот светски првак Германија е апсолутен фаворит во Е групата на Светското првенство. Освен Панцирите, во оваа група се и селекциите на Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и дебитантот Куракао. Во ваква комбинација би било лудо да се очекува некој друг освен Германија да биде прва на крајот, но секако дека Еквадор и Брегот на СК имаат легитимно право да се надеваат дека ќе ја поминат групната фаза.

Делува неверојатно, но Германија на последните две Светски првенства беше елиминирана во групната фаза и завршуваше со најлоши пласмани на 22-рото и 17-тото место. Сега едноставно нема како Германија да киксне затоа што првпат и третата селекција во групата има шанси да оди во нокаут-системот, но факт е дека Панцерите во оваа конкуренција треба да се „прошетаат“ и да бидат први.

Со искусниот Мануел Нојер на голот, одбрана во која се Антонио Рудигер, Џонатан Тах, Нико Шлотербек…, Германија треба да има гранитна дефанзива. Средниот ред е најдобриот дел за оваа селекција. Тука се капитенот Џошуа Кимих, потоа Леон Горецка, Лерој Сане и Јамал Мусијала, додека во нападот адути треба да бидат Флоријан Вирц и Кај Хаверц. Едноставно, Германија има тим кој доколку ја задржи препознатливата челична дисциплина, може да се бори и за медал.

За Еквадор ова е петто СП, а од претходните четири, само еднаш ја помина групната фаза. Сепак, не се случило Мундијал на кој Еквадор нема барем една победа, а ако тоа продолжи и сега, многу веројатно е дека ќе одат во нокаут-фазата.

Капитенот Енер Валенсија со 49 погодоци е најдобар стрелец во историјата на националниот тим, а меѓу поискусните во составот кои треба да бидат лидери на теренот се и Мојсес Каиседо, Алан Франко, Анџело Преисијадо…

За Брегот на Слонова Коска ова треба да е историски турнир затоа што има шанси првпат да ја помине групната фаза. Во претходните три планетарни собири, оваа африканска селекција има биланс од три победи, едно реми и пет порази.

Во составот се искусни фудбалери, а најголем дел настапуваат во силни европски лиги. Главна ѕвезда треба да биде младиот 19-годишен Јан Диоманде, кој имаше блескава сезона во Лајпциг. Со над 100 настапи е капитенот Френк Кеси и тој треба да биде креаторот на играта.

За многумина непознатата земја Курасао испиша историја со дебитантскиот настап на завршницата на СП. Се работи за мала земја која во минатото била холандска колонија, па не е случајно што дури 12 од повиканите 26-мина фудбалери играат во холандското првенство.

Иако најголем дел од фудбалерите играат во европските лиги, сепак тоа се играчи од „втора класа“ и нема што да бараат во оваа конкуренција.

Тука се и комбинациите за тоа каков ќе биде конечниот редослед по трите одиграни кола, а најголеми шанси се даваат Германија да е прва, а Еквадор втор во групата. Целосната понуда за СП во Sport Life може да ја видите ТУКА.