Дома Blog Страница 3

Германец ја претвори улицата во навивачка зона како знак дека почнува СП 2026 (Видео)

Светското фудбалско првенство секогаш носи најразлични инспирации и новитети, па така, во германскиот град Есен еден 70-годишен навивач ѝ го привлече вниманието на јавноста откако украси улица со стотици знамиња. Овој потег на навивачот е во чест на почетокот на планетарниот собир кој в четврток ќе стартува, а кодомаќини се САД, Канада и Мексико.

Ахим Климек е навивачот кој веќе две децении ја претвора улицата каде што живее во фан зона, а секоја година избира нова тема за декорацијата. Овојпат се одлучи за слоганот „Враќање кон корените“.

„Идејата е да се вратиме на старите вредности. Сите видовме дека веќе бевме елиминирани во групната фаза на последните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар 2022. Се надевам дека ова враќање кон корените ќе го разбуди борбениот дух на тимот и ќе му помогне да постигне подобар резултат отколку во претходните години“, изјави Климек за Ројтерс.

Неговата улица е преплавена со германски знамиња, но меѓу декорациите можете да ги видите и симболите на другите тимови што учествуваат на турнирот. Сепак, доминираат црната, црвената и златната боја на германското знаме, како и фотографии од познати генерации на германскиот фудбал.

Климек истакнува дека за реализација на проектот биле потребни многу труд и време.

„Имам неколку стотици знамиња, помеѓу 400 и 500 куки и 3.000 до 4.000 штипки за прицврстување. Времето не ни одговараше, па сè беше малку доцна, но реакциите на луѓето навистина се одлични. Порано автомобилите минуваа тука со брзина од 30 до 40 километри на час, а сега возат од пет до десет километри на час затоа што сите сакаат да фотографираат од декорациите“, рече тој.

Навивачот додава дека проектот се развивал и растел низ годините.

„Лудо е кога ќе се осврнам наназад. Го правам ова 20 години. Започнувате со нешто мало, а потоа за секое Европско или Светско првенство додавате уште неколку детали. Секогаш мислите дека можете да направите малку подобро, малку повеќе. Сега конечно можете да ги видите резултатите од сето тоа“, рече Климек.

Германија на првиот меч од СП 2026 ќе игра против Курасао на 14 јуни, по што ќе следат натпревари против Брегот на Слоновата Коска и Еквадор. Двете најдобри репрезентации од групата ќе освојат директно пласман во следната фаза од натпреварувањето, додека третопласираната екипа би можела да има шанса да продолжи понатаму.

Аргентина – Исланд ќе решава кој ќе влезе како број 1 на СП 2026

Состојбата на ранг-листата на ФИФА е таква што дури вечерва по полноќ, на еден ден пред почетокот на Светското првенство, ќе се знае која селекција ќе влезе како број 1 на Мундијалот.

ФИФА утре ќе ја објави листата, а интересно ќе биде да се види како Аргентинците ќе се однесуваат вечерва против Исланд, во меч на којшто се очекува одредена минутажа да добие и Лионел Меси.

Досега во историјата, никогаш не се случило светски првак да биде тим кој на СП влегол како лидер на ФИФА-листата. Ако се суеверни Аргентинците, тогаш вреди да се уплати дека Исланд нема да загуби. Математиките велат дека ако Аргентина го победи Исланд, на СП оди како прва на ФИФА-листата. Но, ако Аргентина не победи, ќе падне на второ место, „малерозното“ прво ќе им го препушти на Шпанците, кои се топ-фаворити за титулата.

Ваква „фешта“ никогаш немало на СП: Ќе има три спектакуларни отворања во трите земји домаќини

Уште само два дена остануваат до стартот на Светското првенство во фудбал, а отворањето на овој Мундијал ќе биде уникатно. Како никогаш досега, планетарниот собир ќе се одржи во три земји (САД, Канада и Мексико) и во сите три ќе има одделни церемонии кои ќе го означат почетокот на најголемиот фудбалски собир во историјата.

Како што е вообичаено, на стартот на турнирот започнува земјата која е домаќин, а пред мечот најчесто има музичко шоу. Овој Мундијал, кој е прв со 48 репрезентации, ќе започне во Мексико сити, на легендарниот стадион „Ацтека“, а првиот меч ќе биде меѓу домашната селекција и Јужна Африка.

Церемониите ги дизајнираше италијанскиот продуцент Марко Балич, кој работеше и на церемониите на отворањето на овогодишните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина. Секоја програма ќе трае приближно 90 минути пред почетокот на натпреварот.

На церемонија на отворање во Мексико, во главна улога ќе бидат Шакира и Бурна Бој. Тие ќе ја изведат песната „Даи Даи“, официјалната химна на шампионатот. Во мексиканската постава за отворањето ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џ. Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тила.

ФИФА планираше посебна церемонија за секоја земја домаќин, па затоа церемонијата на отворање ќе се одржи и во САД и Канада. На 12 јуни во Торонто пред натпреварот Канада-Босна и Херцеговина ќе има ново шоу, а главни изведувачи ќе бидат Мајкл Бубле, Алесија Кара и Аланис Морисет. Меѓу настапувачите се и палестинската пејачка Елијана и францускиот уметник Вегедрим, познат по песната Ramenez la coupe a la maison, со која се прослави победата на Франција на Светското првенство во 2018 година, како и изведувачите Џеси Рејез, Нора Фатехи, Санџој и Вилијам Принс.

Во Лос Анџелес, на 13 јуни, пред натпреварот САД-Парагвај, ќе присуствува Кети Пери, а ќе настапи и раперот Фјучр на отворањето планирано во САД. Ќе настапат и Тила, која се појави на други церемонии, како и Лиса од К-поп групата Блекпинк, нигериската уметница Рема и бразилската пејачка Анита.

Шакира е меѓу ѕвездите кои се најавени дека ќе настапат на полувремето од финалето на Светското првенство, заедно со Мадона и БТС. Песната „Даи Даи“ има цел да собере 100 милиони долари за поддршка на Фондот за глобално граѓанско образование на ФИФА.

Иван Николов повторно ќе игра во Данска

Македонскиот интернационалец Иван Николов (24) е пред враќање во Данска, пренесува познатиот Руди Галети. Николов имаше одлична полусезона во дресот на Радник Бијелина (БиХ), има искуство со настап во данското првенство, каде што беше дел од тимовите на Сондерјиске и Вендисел.

Според Галети, за Македонецот интерес пројавиле и клубови од Србија, Унгарија, Романија, Полска.

 Николов кариерата ја започна во Брегалница Штип, а играше и за Брера и Вардар пред да направи трансфер во Данска во 2023 година.

ПСЖ има намера да го потпише најдобриот играч во Лигата на Европа за 115 милиони евра

Францускиот клуб ПСЖ сака да го купи играчот од средниот ред на Астон вила, Морган Роџерс, кој беше прогасен за најдобар ирач во Лигата на Европа за сезоната 2025/26.

Парискиот клуб долго време го следи напредокот на 23-годишниот англиски репрезентативец, кој ѝ помогна на Астон вила да го освои второто најсилно клупско натпреварување во Европа. Тренерот Луис Енрике го поддржува трансферот на Роџерс, кој може да игра како офанзивен играч од средниот ред и да ги покрива крилните позиции. Трансферот на Англичанецот ќе чини 115 милиони евра.

Лондонскиот Арсенал исто така е заинтересиран за услугите на Роџерс, со намера да го предизвика ПСЖ. Самиот играч сè уште не одлучил во кој клуб има намера да ја продолжи кариерата.

Морган одигра 55 натпревари во сите натпреварувања сезонава, постигнувајќи 14 гола и 12 асистенции. 

Групата Д е најизедначена, „тврдиот“ Парагвај ќе проба да ги загрози САД и Турција

За групата Д на СП 2026 се вели дека е најизбалансираната на првенството. Тука се домаќинот САД, Турција, Парагвај и Австралија. Вака на прв поглед, веројатно секој може да победи секого.

Американците и Турците се благи фаворити за првите две позиции, а квотите во Sport Life за победник на групата се блиски како во ниедна друга.

Пулишиќ е главната ѕвезда и лидер во тимот на САД, но резултатите нема да зависат само од него. Селекторот Покетино на располагање има и други играчи со искуство од играње во топ 5 лигите во Европа, а и домашниот терен е голем плус за нив и катастрофа би било ако не влезат во нокаут-фазата. Такво нешто носи квота 6.00.

Турците по 24 години се враќаат на Мундијал, а имаат сериозен тим со квалитетни млади играчи како Ѓулер, Јилдиз и Узун Џан, поткрепени од искусните Чалханоглу, Актуркоглу, Челик и останатите. Многу е веројатно на 25 јуни, кога ќе се игра последното коло од групата, дербито САД – Турција да решава кој оди понатаму или кој ќе биде прв. Но, ако Парагвај или Австралија изненадат некого во првото коло, тогаш секакви опции се во игра.

Австралија игра петто СП по ред, дојдоа до осминафинале на претходното првенство, а повторување на тој резултат би бил надминување на очекувањата од нив бидејќи сега треба да се помине група, па да се игра и 16-финале. Популарните Сокероси немаат некои големи ѕвезди, но тие знаат да бидат тврд орев за фаворитите.

Парагвај нема играно на СП уште од 2010, а нивната сила е одбраната. Парагвај во квалификациите за СП, на 18 меча прими само 10 гола. Но, и даде скромни 14 гола, со што беа најнеефикасен тим во јужноамериканските квалификации. Имаат неколку играчи од Премиер лигата и ако ја победат Австралија, би можеле да се пробијат до нокаут-фазата.

Денот Д, за кого Флорентино Перес денеска ќе понуди 150 милиони евра?

Дојде денот кога претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, најави дека ќе испрати понуда од 150 милиони евра за неговиот нов „Галактико“.

За време на изборната кампања, претседателот даде ветување:

„Во вторник ќе дадам понуда од 150 милиони евра за играч кој не е од Премиер лигата и не е Олисе, ниту Кејн. Тоа ќе биде најголемата понуда во историјата на Реал Мадрид“.

Тој не сакаше да дава никакви навестувања и ниту едно име не е исклучено. Се спомнуваат Олисе, Хулијан Алварес, Кварацхелија, Енцо Фернандес, дека е некој Португалец, но клубот молчеше, а денес е Денот Д и секој голем клуб во Европа чека кој ќе ја добие таа мултимилионска понуда.

Новини во Реал се враќањето на тренерот Мурињо, во текот на неделата се очекува да бидат објавени потписите на Конате и Думфрис, враќањето на Нико Паз и обновувањето на договорот на Ридигер.

Но, она што сите го чекаат е за кого Реал е спремен да плати рекордна сума, Европа трепери поради најновата опсесија на Флорентино.

Со новиот тренер Вардар ги започна подготовките за европскиот предизвик во Лигата на шампионите

Заврши славењето за освоената титула, а помина и одморот по успешно завршената сезона. Вардар од денеска повторно е во погон. Актуелниот фудбалски првак на Македонија го одработи првиот тренинг под водство на новиот тренер Кристијан Фабијани.

Со неколку нови фудбалери, но и добро познати лица во ростерот на Црвено-црните, најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија започнува токму рано затоа што мора да биде подготвен за европските предизвици што ќе следуваат летово.

Вардар од позиција на аутсајдер го чека противникот во квалификациите за Лигата на шампионите. Првиот дел од подготовките Вардар ќе го одработи во својата база во Хиподром, а потоа следува патувањето во Италија, каде што ќе бидат 20-дневните подготовки пред почетокот на новите предизвици.

Кога игра Сан Марино, се знае, победува противникот

6778 Унгарија – Казахстан (19.00)

Несомнено е дека Унгарија е многу поквалитетна репрезентација од Казахстан, па затоа секој друг исход освен победа на домашните би бил големo изненадување. Досега овие две селекции двапати играле меѓу себе, исто така пријателски мечеви, едниот во 2014, другиот во 2018 година и двата дуели биле со 3+ голови. Пред четири дена Унгарија имаше контрола со Финска, која ја доби со 2-1, а Казахстан пред три дена ремизира со Ерменија.

Предлог тип: Т1 2-3 (1.91)

 

6779 Русија – Тринидад и Тобаго (19.00)

И на овој пријателски меч се чини дека победникот се знае однапред, Русија е многу подобар тим од Тринидад и Тобаго. Русите се желни за мечеви, засега смеат да играат само неофицијални, а и посакуваат по мини-серијата од два меча по ред без победа, откако на Египет и Мали не успеаја да им дадат гол, сега да врзат две победи по ред откако пред некој ден беа подобри од Буркина Фасо со 3-0. Тринидад и Тобаго од октомври 2025 нема победа, а ако се суди според последниот меч кој го одиграа н 31 мај со Јужна Кореја, кој го загубија со 0-5, и вечерва не им бега пораз.

Предлог тип: 3-4 гола (2.22)

 

6721 Сан Марино – Азербејџан (20.00)

Пресметката на овие две репрезентации ќе се игра на неутрален терен во Унгарија. Азербејџан, кој е 124-ти на ФИФА-листата, е голем фаворит против Сан Марино, кој е 211-ти и важи за најслаб национален тим во Европа. Последен пат меѓу себе играле во квалификациите за СП 2018 и Азербејџанците извојувале две победи. Двата тима играа пред четири дена, Азерите загубија 0-2 од Малта, Сан Марино загуби 1-2 од Бангладеш.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.81)

 

8141 Барселона – Тенерифе (20.00)

Тенерифе направи големо изненадување во четвртфиналето на плејофот во шпанската кошаркарска лига, го елиминира првопласираниот Реал Мадрид со две победи во главниот град на Шпанија, сега ќе проба да ја изненади и Барса, која со 2-1 во победи во четвртфиналето ја елиминира Мурсија. Каталонците имаат добра шанса да стигнат до финалето и сигурно нема да се релаксираат учејќи ја лекцијата која ја доби Реал. И Барса, како и Тенерифе, во четвртфиналето победуваше на гости, а загуби како домаќин. Интересно е дека и во лигашкиот дел, Тенерифе победи во Каталонија, а Барса на Канарските Острови.

Предлог тип: >173.5 (1.95)

 

1311 Алмерија – Кастељон (21.00)

Ова е реванш-меч од полуфиналето на плејофот за влез во шпанската Ла Лига. Првиот меч заврши 1-1 и сега Алмерија дома има убава шанса да победи и да се најде во финалето против Малага или Лас Палмас. Кај Алмерија повреден е Португалецот Хорта, а кај Кастељон ќе фалат двајца фудбалери кои се со своите репрезентации. Кастељон има само еден пораз на последните 13 меча, но Алмерија дома доби девет од последните десет средби. На трите нивни меѓусебни дуели сезонава имаше еден или два гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.50)

Србија не игра на СП, но седум Срби ќе играат за други репрезентации

На Светското првенство во фудбал ќе ја нема репрезентацијата на Србија, но ќе има седуммина играчи со српско потекло кои настапуваат за други репрезентации.

Тоа се Александар Павловиќ (Германија), Марко Стамениќ (Нов Зеланд), Милош Дегенек (Австралија), Марко Арнаутовиќ, Саша Калајџиќ (Австрија), Јово Лукиќ, Самед Баждар (Босна и Херцеговина).

Околу Павловиќ се водеше „војна“, и српската репрезентација го сакаше, се обидоа да го придобијат, но не успеаја. Фудбалерот роден во Минхен одлучи да игра за Германија. Неговиот татко, Дејан, е Србин, а неговата мајка е Германка и на крајот реши да игра за Панцерите.

Играчот на Црвена ѕвезда, Арнаутовиќ, е ветеран кој веќе 18 години игра за австриската репрезентација. Неговиот татко Томислав е Србин од БиХ, додека мајка му е Австријка. 

Калајџиќ дебитираше za Австрија во 2020 година, кога челниците на Sрпскиот фудбалски сојуз не го имаа забележано навреме. Тој има и српско државјанство бидејќи неговите родители се Срби од Босна и Херцеговина.

Дегенек десет години игра за австралиската репрезентација, роден е во Книн (Хрватска), а одиграл и осум натпревари за јуниорската селекција на Србија (до 19 години), но никогаш не добил повик во сениорскиот тим на Орлите.

Стамениќ е роден во Велингтон, Нов Зеланд и затоа игра за таа земја. Неговиот татко, Никола, е Србин од Нови Сад, додека неговата мајка е од Самоа.

Баждар ја одбра Босна и Херцеговина, иако помина низ сите јуниорски категории на српската репрезентација, па дури и дебитираше за А тимот на Србија во 2024 година, на пријателски натпревар против Кипар, но реши да ја промени репрезентацијата.

Лукиќ е роден во Шабац, Србија, и никогаш не играл за помладите категории на српската репрезентација. Тој помина низ јуниорските категории на Босна и Херцеговина, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2021 година.