11.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025
Дома Blog Страница 10055

Вардар има златна Лира, победена и Победа

Бразилецот Вилијан Соуса Лира беше прецизен во 57. минута за вредна победа на Вардар против Победа во дербито во Штип. Во втората дерби пресметка Академија Пандев и Шкендија одиграа без голови.

Вардар си има победнички рецепт, еден гол за победа, а и денеска во Штип стратегијата на Александар Васоски беше триумфална. Младиот тренер на Вардар гази се пред себе и нема пораз и по 8 кола во домашното првенство. И со право заедно со неговите избраници е на врвот на табелата со 20 бода, четири повеќе од Академија Пандев и пет од Шкендија. Овие две екипи одиграа без голови на „Кукуш“ во Турново, во скрпмна фудбалска пресметка и си ги задржаа позициите зад лидерот Вардар.

Ренова игра изненадувачки добро и без тренер, па повторно победи со 2:0, овојпат во Тетово против Шкупи. Јусуфи и Стојановски со по еден погодок им донесоа триумф на „гипсарите“.

Рабптнички и Беласица и Силекс со Македонија Ѓ.П. одиграа нерешено, 1:1.

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Ренова и Работнички по 10, Беласица 9, Македонија Ѓ.П. 7, Силекс 6, Шкупи 5.

Мурињо: Моите играчи си беа релаксирани како да победиле

Вест Хем го декласира бледиот Манчестер јунајтед со 3:1, со што само ја продлабочи кризата кај „црвените ѓаволи“. Сериозно се тресе столчето на Жозе Мурињо, но тој повторно во свој стил го коментираше поразот на Јунајтед.

„Не можам да го објаснам променливото расположение на целиот тим. Еднаш играме одлично, потоа многу слабо. Јас не менувам така лесно однесување и не можам да го објаснам тој тренд кај моите играчи. Губеа и се однесуваа многу релаксирано. Како да победуваме“, изјави Мурињо.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед навистина изгледаа како незаинтересиран и на теренот, па противниците од Вест Хем лесно ги надиграа и победија. Патем и кавгата меѓу Мурињо и Погба очигледно влијае на вцелиот тим, па следи тежок период за Португалецот, ако остане на клупата на Манчестер јунајтед.

Британците ќе се кандидираат за домаќини на СП 2030

Владата во Лондон и се придружи на Лабуристичката партија во поддршка на заедничка кандидатура на Обединетото Кралство и Република Ирска, за домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година.

Фудбалските асоцијации на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска, и Република Ирска, размислуваат да испратат официјална понуда за кандидатура.

Премерката Тереза Меј, говорејќи пред членовите на Конзервативната партија во Бирмингем, спомна дека после инспиративниот настап на Англија на Светското првенство во Русија, се работи на испраќање заедничка кандидатура со Ирска.

„Одлуката ќе биде на фудбалските асоцијации. Ако решат да се кандидираат, ќе ја имаат целосната поддршка на оваа Влада“ – рече Меј.

Англија беше кандидат и за СП 2018, но доби само два гласа од 22-та члена на Извршниот комитет на ФИФА. Во 2022, СП ќе се одржи во Катар, и ќе биде прво кое се играло во зима.

Англичаните во далечната 1966 година беа организатори на Мундијалот и ја освоија титулата. Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, смета дека Британците ја имаат потребната инфраструктура, и смета дека не треба да има повеќе од една европска кандидатура, за да не дојде до разводнување на гласовите.

Фаворити за СП во 2030 се Уругвај, Парагвај и Аргентина. Во таа година ќе се одбележи 100-годишнината од првото СП во Уругвај.

Вест Хем го нокаутираше Манчестер јунајтед

Вест Хем со головите на Фелипе Андерсон, автоголот на Линделоф и Марко Арнаутовиќ, дојде до триумф од 3:1 против фаворитот Манчестер јунајтед, зголемувајќи ја кризата во клубот во кој има отворена поделеност меѓу играчите, а во центарот е тренерот Жозе Мурињо.

„Чеканите“ беа заглавени на дното на табелата, но во последните три кола иако играа со Евертон, Челзи и Јунајтед, собраа 7 бода. Во меѓувреме, му дадоа 8 гола на Маклсфилд во Купот, па веќе нема најави за разделба со тренерот Мануел Пелегрини.

Манчестер има само 10 бода после седум кола, што е најлош учинок во оваа фаза во Премиерлигага од 1990 година наваму, и уште во септември може да се прости од титулата.

Првиот ред во Сочи, резервиран за Мерцедесите

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, ќе тргна од пол-позицијата на утрешната трка за големата награда на Русија, која се вози во олимпискиот град Сочи. Валтери Ботас по втор пат сезонава ја освои пол-позицијата, шести пат во Ф1, а патеката во Сочи му е омилена, бидејќи таму ја оствари првата победа во кариерата.

Втор ќе стартува клупскиот колега на Ботас, водечкиот во генералниот пласман Луис Хамилтон, а во вториот ред ќе бидат двајцата пилоти на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Италијанскиот тим не покажа на денешните квалификации дека има капацитет да го надмине Мерцедес, но им останува надежта дека среќата ќе им биде наклонета на самата трка, бидејќи на неколку трки тие доминираа во квалификациите, а киксираа на трката.

Третиот ред ќе го сочинуваат Кевин Магнусен од Хаас и Естебан Окон од Форс Индија.

Прв лет на „лилјаците“

После четири ремија по ред, Валенсија конечно дојде до првата победа сезонава во шпанската Примера. Во Сан Себастијан, совладан е Реал Сосиедад со 1:0.

Клучните моменти на средбата се случија во 36. и 67. минута. Во 36-тата минута, Кевин Гамеиро добро реагираше по уфрлањето на Денис Черишев, и постигна гол, за кој се покажа дека е доволен за освојување на трите бода. За Гамеиро, ова е прв лигашки погодок во дресот на „лилјаците“ од Валенсија.

Во средината на второто полувреме, беше досуден пенал за домашните. Тоа беше нивната најчиста шанса за изедначување на резултатот, но шутот на Бразилецот Вилијам Жозе, беше одбранет од неговиот сонародник Нето, кој го брани голот на Валенсија.

Кај Реал Сосиедад се повредија Микел Мерино и Салдуа, и тоа ги зголеми грижите.

Жена му го проверува Крауч на 10 минути пред натпревар

Напаѓачот на Стоук, Питер Крауч, во интервју за весникот „Гардијан“, откри дека неговата сопруга Аби Кланси, воопшто не ја интересира фудбал, а еднаш дури и му се јавила на 10 минути пред меч, за да го праша сопругот каде се наоѓа.

„Аби не сака фудбал, целосно е исклучена од случувањата. Еднаш ми се јави на телефон на 10 минути пред натпревар, и ме праша каде сум“ – открива Крауч.

Двометрашот кој има 37 години, вели дека не легнува додека не се напие пиво, а поубаво спие во хотел, отколку дома, бидејќи децата го будат. Главни хобија му се пиење странски пива, одење на концерти и играње голф.

Што се однесува до фудбалот, поранешниот англиски репрезентативец не го гледа како работа, туку уживање, дури и сега кога е при крај на кариерата.

Симеоне: Градското дерби со Реал е меч за мажи

Тренерот на Атлетико Мадрид, аргентинскиот стратег Диего „Чоло“ Симеоне, пред вечерашното гостува кај Реал Мадрид, вели дека ќе победи тимот кој подобро ќе ги контролира своите емоции, бидејќи градско дерби е полно со емотивен набој.

„Не го гледам Реал како тим кој загубил на претходниот меч. Го гледам општо целиот нивен потенцијал, а тие се една од најдобрите екипи на светот. Во фудбалот не се живее во минатото, туку се гледа денешницата и наредниот меч. Нема да го анализирам моето минато на дуелите со Реал или европскиот Суперкуп кој беше само еден дуел. Дербито е меч со големи емоции, меч за вистински мажи“ – изјави Симеоне.

Симеоне на лигашките гостувања кај Реал се чувствува пријатно. Првиот пат загуби со 2:0 во 2012/2013, но од тогаш, веќе не знае за пораз. Има три минимални победи и две ремија. Многу полош му е билансот на домашен терен. Во сите натпреварувања, Симеоне против „кралскиот клуб“ има 9 победи, 9 нерешени и 9 порази.

Азар веќе нема да се лизга на колена при прославите

Еден Азар, кој во моментов е можеби и фудбалер со најдобра форма во Европа, потврди дека кога ќе даде гол, веќе нема да прославува како досега, со лизгање по тревата на колена. Азар одличната форма од Светското првенство во Русија ја продолжи и во дресот на Челзи. Вечерва тој е главниот адут на лондонските „сини“ против Ливерпул во дербито на Премиерлигата.

„Мора да престанам да се лизгам на колена после постигнат гол. Видете, моите колена горат. Нема веќе да прославувам на ваков начин“ – рече Белгиецот во интервју за клупската телевизија на Челзи, откако му беше прикажана снимка како дава и прославува гол.

Последната прослава на Азар со лизгање на колена по тревата беше пред неколку дена, после оној супер-гол во дуелот со Ливерпул од Карабао купот. Азар тогаш кратко се лизгаше, брзо стана на нозе, а во иднина веројатно воопшто нема да ги „мачи“ колената.

Кристијано: Мојот гол беше најубав

Кристијано Роналдо вели дека му честита на поранешниот клупски колега Лука Модриќ за наградата најдобар фудбалер на светот за минатата сезона во изборот на Светската фудбалска федерација ФИФА, но не се согласува и со изборот за гол на годината.

Погодокот со „ножички“ на Португалецот во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Јувентус, беше кандидат за гол на годината, но наградата „Пушкаш“ ја доби Мохамед Салах од Ливерпул.

„Ако треба да бидеме искрени, мојот гол беш најубав. Но, животот е таков, некогаш победуваш, некогаш губиш. Не сум налутен. Она што ме интересира е да бидам на истото ниво како во претходните 15 години од мојата кариера. Инаку, му честитам на Модриќ за наградата. Многу добро“ – рече Роналдо, кој додаде дека во Торино се чувствува комотно и му се допаѓа градот, но му се допаѓале и Мадрид и Шпанија, а му се допаѓаат и Грција, САД, и други земји во кои би сакал да патува.