21.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025
Дома Blog Страница 9455

Комплетно тонење на „жолтата подморница“, Хетафе го победи Вилјареал (Видео)

Вилјареал само си ги зголеми маките со нов пораз од Хетафе, вечерва со 1:2, иако имаа шанса за реми. Во финишот на мечот Екамби промаши удар од белата точка, па поразот беше неминовен.

Интересно е што сите три гола ги постигнаа гостите. Двата во мрежата на популарната „жолта подморница“ на Молина и особено на Анхел беа прекрасни, а ефектен автогол си постигна Кабрера.

https://www.youtube.com/watch?v=AweepG09lPM

Хетафе ја прекина мини-серијата од два меча без победа и се проби на шестата позиција на табелата, а Вилјареал потона на претпоследното место со 17 бодови.

 

 

Франција во вистинско издание е пресилна за Србија

Франција го преброди лошиот ден против Бразил на премиерата за нив на Светското првенство, заигра како што знае и со 32:21 ја декласира Србија во последниот меч вечерва.

Србите држеа чекор во првото полувреме, имаа негатива од 3 гола, 12:15, но не издржаа докрај. За нив проблем беше и повредата на Зеленовиќ, за кого шампионатот е завршен, а згора на тоа и загубија убедливо од актуелниот светски првак.

Продолжението од мечот беше комплетно во знакот на Французите, го добија второто полувреме со 17:9 и освоија нови бодови во А групата.

Ремили и Фабрегас беа најефикасни кај победникот со по пет голови, а прв стрелец на мечот со шест погодоци беше српскиот репрезентативец Радивојевиќ. Србија има еден бод од ремито, 30:30 против Русија во првото коло.

Данска го збриша и Тунис на Мундијалот

Данска игра супер ракомет на почетокот на Мундијалот, чиј домаќин е заедно со Германија, а по победата од 23 голови разлика против Чиле, вечерва го декласира и Тунис со 36:22.

Данците се меѓу главните фаворити, а како загревање за важните битки ги гази аутсајдерите. Предводени од Хансен и од Лауге избраниците на Николај Јакобсен одиграа моќно. Овие двајца ракометари постигнаа по 7 голови во разиграната машинерија на Данците, а мечот беше решен по само 30 минути игра.

Фаворитот веќе водеше со 9 голови разлика по првиот дел, а и потоа разликата само растеше со конечните плус 14.

За Тунис ова беше втор пораз, но за нив веројатно клучна ќе биде битката со Австрија и со Чиле за пласман во следната фаза.

Ѓурѓевиќ постигна убав гол, коментаторот полуде од среќа (Видео)

Урош Ѓурѓевиќ постигна прекрасен гол за Спортинг Хихон против Албасете, мечот заврши нерешено, а шоуто му припадна на коментаторот.

Во бразилски стил, со многу комплименти, иако не знаеше дека веќе Југославија не постои, радио-коментаторот на преносот со многу жар го проследи голот на српскиот интернационалец во Спортинг.

Погледнете.

Кутроне го протна Милан во четвртфиналето на купот

Патрик Кутроне го прекина едномесечниот пост без гол и со два погодоци во продолженијата му донесе победа и пласман во четвртфиналето на купот на Милан.

Во Џенова, Сампдорија и Милан одиграа без голови во регуларниот дел, а веднаш на стартот од првото продолжение Кутроне влезе во игра и го протна фаворитот меѓу октетот што ќе се бори за пехарот во италијанскиот куп.

21-годишниот напаѓач погоди во 102. и во 108. минута за победа на гостите од 2:0.  Во четвртфиналето Милан ќе игра против победникот од дуелот Наполи – Сасуоло.

Вечерва прв меч за Милан одигра врсникот на Кутроне, Лукас Пакета, кој пристигна зимово во Милано од Фламенго за 35 милиони евра.

На Челзи му оди добро со лажна деветка

Челзи остана во трка за титулата во Премиерлигата со победа против Њукасл од 2:1, а моментно четвртопласираниот тим повторно покажа дека знае да игра и без класичен шпиц.

Без Мората и Жиру, Челзи успеа со лажна деветка, што ја играа Педро и Азар назименично, да му даде два гола на гостинот и да ги освои бодовите.

Токму Педро со гол во деветтата минута му донесе предност на Челзи, а Азар со асистенција до Вилијан помогна домаќинот да победи, откако претходно Кларк израмни на 1:1.

Челзи со 47 бодови остана на четвртото место и има 10 минус во однос на лидерот Ливерпул по 22 одиграни натптревари.

Њукасл падна на 18. позиција и сега е во опасната зона за испаѓање со само 18 бодови.

Нема шега со Германците, го декласираа Бразил со 13 разлика

Германија ги потврди шампионските амбиции на ракометниот Мундијал и го декласира Бразил со 34:21, за втора победа на шампионатот, што го оргзанизираат заедно со Данска.

Во „Мерцедес Бенц“ арената во Берлин немаше неизвесност, а домаќините го решија победникот уште по првиот дел. Водеа со 15:8 по 30 минути игра, а и потоа продолжија во фуриозно темпо. Со 10 голови ги предводеше одличното крило Уве Генсхајмер. Солидна партија прикажаа и Фат и Вајнхолд со по 4 погодоци.

Бразил на премиерата ги намачи актуелните светски прваци Французите, но „кариоките“ по се изгледа се истрошија на тој меч и останаа без енергија на дуелот со Германија.

Толедо со пет голови беше најефикасен кај поразениот состав, а Бразил е без бодови по тешките дуели со двата фаворити на шампионатот.

Кобајаши е недостижен за конкуренцијата, леташе најдалеку и во Вал ди Фјеме

Риоју Кобајаши е недостижен за конкуренцијата и денеска повторно леташе најдалеку, овојпат во Вал ди Фјеме. Победникот на Новогодишната турнеа продолжи да доминира и со скокови од 135 и 136 метри убедливо го освои првото место.

Зад Јапонецот на второто и третото место заврши тандемот од Полска, Кубацки и Штох. Разликата во бодови што ја направи Кобајаши е огромна и изнесува 26,5 во однос на Кубацки и 31,6 повеќе од Штох.

Кобајаши сега има шест победи по ред на скокалниците во Светскиот куп и девет на последните 12 натпреварувања.

 

Ристовски играше едно полувреме, Спортинг и Порто одиграа приспивна без голови

Стефан Ристовски доби шанса да игра во второто полувреме на дербито меѓу Спортинг и Порто, а мечот заврши без голови.

Нашиот репрезентативец го загуби местото во почетната постава, откако паузираше поради повреда, па сега Гаспар е прва опција на десен бек. Во 47. минута Марсел Кајзер одлучи да му даде шанса на Ристовски, токму на местото на Гаспар и Македонецот одигра одлично.

Спортинг по ремито остана на четвртата позиција со 35 бодови, 8 помалку од денешниот ривал и лидер Порто.

 

Дончиќ искаран дека не смее тоа да го прави во НБА лигата

На секој нареден меч, Лука Дончиќ се повеќе го покажува својот талент во НБА лигата. Иако уште има само 19 години, Дончиќ е незадржлив за противниците. На последниот меч во кој Далас славеше против Минесота, Словенецот даде 29 поени, а имаше и 12 асистенции и осум скока. Тој ја даде и клучната тројка за победа, на 23 секунди до крај.

Од играта на Дончиќ посебно се воодушеви некогашниот НБА играч Дерек Харпер.

„Лука, имаш 19 години. Неколку години си играл во Европа. Знаеш ли дека не треба да ги правиш овие работи кои ги правиш со 19 години во првата сезона во НБА лигата?“, рече Харпер, кој сега работи како телевизиски коментатор на НБА мечевите.

Тинејџерот стана миленик на најголемиот дел од навивачите. Тој досега има преку два милиони гласови во изборот за Ол-стар мечот. На Западот, повеќе гласови од него засега има добиено само Леброн Џејмс.